Број 3345  четврток, 29 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Македонија не ветила рок за името

Според Милошоски и Мета, мислењето на Хаг за Косово нема да ги промени границите во регионот

Тамара Грнчароска


Решението на спорот за името не го ограничуваат рокови, туку недостаток на политичка волја, прагматизам и инсистирање на одредени ирационални позиции што се тешко разбирливи во 21 век, изјави вчера македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, наведувајќи дека Македонија никому не му ветила до кога ќе го реши спорот со Грција. „Македонија останува посветена, со добра волја и намера да ги продолжи разговорите во македонско-грчкиот дијалог за надминување на билатералниот спор“, изјави вчера Милошоски, по средбата со албанскиот колега Илир Мета во Скопје.

Тој се осврна и на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, кој се одржа еден ден претходно во Брисел. „Македонија доби висока и позитивна оцена за реформскиот процес“, информираше Милошоски. Тој, на прашањето дали тоа ќе значи и приближување до датумот за преговори, одговори дека од Брисел се вратиле со три пораки: реформите се добри и треба да продолжат, политичкиот дијалог не е одговорност само на власта, туку и на опозицијата и ако продолжи ваквото темпо на реформи и оваа година ќе се потврди препораката за старт на преговорите.

Македонскиот шеф на дипломатија по средбата со албанскиот колега изрази задоволство од одличните политички односи што Македонија ги има со Албанија, што треба да биде пример за зголемување на енергетската и на инфраструктурната соработка меѓу двете земји, особено за реализацијата на Коридор 8.

Мета од своја страна побара целосно и ефикасно спроведување на Охридскиот договор, кој, како што рече, имал битно значење за стабилноста на Македонија и за нејзината европска агенда. Притоа, тој истакна дека на средбите со албанските политички партии во земјава ќе побара тие да придонесуваат за стабилноста и за европската интеграција на државата, како и за унапредување на своите права преку учество во институциите на системот.

Двајцата министри позитивно се произнесоа по мислењето на Меѓународниот суд на правдата за статусот на Косово. „Позитивно ја оценуваме одлуката, односно мислењето на Меѓународниот суд на правдата во однос на косовското прашање, што беше поведено од страна на Србија и цениме дека ваквото мислење оди во прилог на отворањето на едно ново поглавје на дијалог за зголемена стабилност и соработка во регионот“, рече Милошоски. Мета, пак, смета дека мислењето на Судот ќе и' помогне на Србија да тргне по својот европски пат. И Милошоски и Мета го споделија ставот дека мислењето на Судот за Косово нема да предизвика редефинирање на границите во регионот, туку оти иднината треба да биде нивното бришење. „Решението не е во ирационални политики, туку во обединување и соработка во регионот во кој границите нема да бидат важни“, рече Милошоски, притоа барајќи поддршка од ЕУ за тоа.

На средбата Милошоски - Мета било разговарано и за положбата на малцинствата во двете земји, при што албанскиот шеф на дипломатијата изјави дека Албанија прави заложби за давање повисоки права на малцинствата, вклучително и на македонското малцинство, во согласност со европските стандарди за права на малцинствата.


#
Статијата е прочитана 1158 пати.

Испрати коментар

Од: Crn pojas
Датум: 29.07.2010 06:22:59
Resenie za imeto nema da ima i da ima politicka volja oti ne zavisi do politicarite koga e vo prasajne imeto na drzavata,toa zavisi samo od narodo i narodot nema da prifati drugo ime treba da vi e jasno vo tie prazni tikvi sto gi nosite na vas.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.07.2010 08:28:35
Oваа влада ветува розева иднина но да се види потребни бе портокалови на очари и портокалова функција,која донесува милион привилегии..а народот...на улици..без работа,без стандар,без слобода...
Од: b
Датум: 29.07.2010 09:02:52
Кога треба Милошовски да дава изјава, веројатно се пучта некаква си лента. Како папагал, едни те исти три реченици.
Од: Македонија
Датум: 29.07.2010 11:56:05
А,зошто не го давате ИМЕТО?...Нели сите од нашава МАКЕДОНИЈА се појдени во нашата ЕГЕЈ-МАКЕДОНИЈА...Да не љубоморате оти и ние што понемаме пари ке си одиме слободно кај нашите БРАКА во Грција кои нај многу си ги сакаме.Сите политичари,сите БИЗНИСМЕНИ-демек СКОПЈАНИ имаат таму свои имоти,вили,па ве кажуваат оние вистинските елини,не нашите егејци..Тие не сакаат да не гледаат таму затоа не дозволуваат ИМЕТО ДА ГО МЕНУВАМЕ....Абе кој уште верува во глупи лаги балкански.Поздрав до сите емигранти-летни во Грција.....

Најди! во Утрински
Втора страница
Ќе пресуши ли и грчкиот туризам?
Да не e само Ливерпул
Вербатим