Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Околу Кокино - нови светилишта

Според Ѓоре Ценев откриеното досега е доказ за постоење автохтона култура

Катерина Богоева



Од вчера под Кокино, освен познатата мегалитската опсерваторија и селото што се наоѓа најблиску до неа, треба да се подразбира и културата на жителите во поширокиот регион во североисточниот дел на земјава, создавана во периодот од 18 век до 20 век пр.н.е. Сознанијата за постоењето на Кокино културата беа презентирани во Младинскиот културен центар во Скопје од страна на Ѓоре Ценев, истражувач на опсерваторијата и раководител на најновите истражувања на теренот, врз основа на откриените девет регионални и две локални светилишта што гравитираат во поширокиот регион околу Кокино. Тој потсети на веќе утврдените сознанија дека Кокино освен опсерваторија е и светилиште каде некогашните жители ги вршеле своите обреди посветени на богот на Сонцето, а преку фотографиите на Љупчо Илиевски ги презентираше карактеристиките на останатите светилишта во североисточниот дел на Македонија, што ги исполнуваат потребните критериуми за така научно и да бидат третирани.

Враница, Вујевска карпа, Зебрњак и Ругинце како и Кокино, се наоѓаат во општината Старо Нагоричане, Јеленец е на територијата на Куманово, Џаница и Бигљан во општина Кратово, светилиштето наречено Спас, се наоѓа во општина Ранковце, додека Клепало во Крива Паланка. За локални светилишта се сметаат Брешко и Стрезовце во Старо Нагоричане, додека и Трескавец се води на составената листата како кандидат за регионално светилиште.

Ценев тврди дека откриените светилишта се поврзани со Кокино, а добиените сознанија ќе ги презентира наскоро и на стручен собир во Венеција. За него, нивното постоење каде некогашните жители од околината ги изведувале своите ритуали, како и евидентираните десеттина археолошки наоѓалишта од бронзеното време во околината, се потврда за високото цивилизациско ниво и за континуитетот во културниот развој на овие простори но и пошироко. По старост и значење, ја спореди Кокино културата со минојската култура на Крит, потенцирајќи дека карактеристиките на светилиштата укажуваат на источномедитеранските влијанија и на влијанијата од Мала Азија.

„Во оваа фаза на истражување за потврда на нашите сознанија не се потребни археолошки наоди. Ние сме на почетокот, а потоа ќе можат да се прават и археолошки, етнолошки, историски истражувања. Работа на археоастрономијата е да ја одреди просторната ориентација на светилиштата, но јас сум убеден дека потоа ќе следат и други археолошки докази, како што е тоа случајот со Кокино. Убеден сум дека во иднина биде откриено и некогашно писмо“.

Светилиштата се наоѓаат на просторот околу реките Крива Река и Пчиња, сместени се на различни височини, почнувајќи од највисокото Кокино на 1013 метри, па се до Вујевска карпа на 496 метри. Внимание привлекуваат карпите во различни форми (желка и орел), издлабените кружни форми карактеристични за светилиштата во светот, а беше потенцирана и нивна мошне важна карактеристика, да се пристапни барем од една страна. Според Ѓоре Ценев, ова е прв познат случај на евидентирани регионални светилишта на Балканот. Се смета дека Кокино, но и Ругинце го заземале централното место. На првото се одржувале обреди во чест на Сонцето, а на второто и во чест на богот на молњите за што говори и присуството на камениот симбол на орел.


#
Статијата е прочитана 1063 пати.

Испрати коментар

Од: Mitko
Датум: 02.10.2009 08:55:57
Bre gluposti drobat! Abe nema li nekoj arheolog normalen da kaze nesto protiv ovie gluposti? Ovoj Cenev ne e ni arheolog, izgleda sega saka da dobie nekoi pari so vklucuvanje vo Bukefalizacijata. Abe kakvo pismo VI SE MOLAM!!!! Ej daj priberete gi ovie hostapleri koi ne brukaat pred svetot!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.10.2009 10:39:30
Би било интересно кога новинарите (а најмногу Лекторите), пред да напишат (поправат) текст, би се заинтересирале за Вистинскиот назив на географските поими! Така, би осознале дека Топонимите, се најчесто производ на Локалниот Говор, што е и правило од правописот, и дека нивните имиња не се менуваат со дневна политика, па не би го напишале селото Ругинце, туку Руѓинце!

Најди! во Утрински
Култура
Жешка шлаканица за МАНУ
Филмот „Танцувај со мене“ предизвика големо внимание
Изложба на Клаудија-Марија Луениг во Чифте-амам
Денеска на „Браќа Манаки“ седум кратки македонски филма
Јане Чаловски изложува во Келн