Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
11.04.2012, 13:00

Роберт Саздов на кормилото на „Макфест“



Композиторот и продуцент Роберт Саздов е новиот уметнички директор на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Тој ќе биде задолжен за најновото фестивалско издание „Макфест 2012“

„Неговата долгогодишна кариера како продуцент, композитор, аранжер и текстописец, како и искуството стекнато на македонската музичка сцена изминативе години, го донесоа на оваа висока позиција. Саздов ќе биде човекот кој заедно со стручниот тим на Макфест ќе ги избере новите композиции кои ќе бидат изведени на 27 издание на фестивалот на 11-ти, 12-ти и 13-ти октомври оваа година“, објаснуваат организаторите на фестивалот од „Нова Икс идеја“.

Сите заинтересирани музичари кои сакаат да испратат своја композиција за „Макфест“, тоа можат да го сторат до 31-ви мај на официјалниот мејл info@makfest.com. На конкурсот можат да се пријават и нови изведувачи кои сакаат да настапат на дебитантската вечер на фестивалот.

Организаторите на „Макфест 2012“ најавуваат богата музичка програма која ќе го крене фестивалот на едно повисоко ниво со талентирани изведувачи и квалитетни композиции. Сите новости и информации поврзани со новото фестивалско издание наскоро ќе може да се прочитаат и на официјалната веб страница на фестивалот www.makfest.com.


Статијата е прочитана 527 пати.

Испрати коментар



Бурни овации за „Генетика на кучињата“
Млади ликовни уметници од Битола наградени во Франција
Премиера на краткиот анимиран филм „Народен фронт 12“
Викторија Абрил гостинка на Скопскиот филмски фестивал
Марк Ентони поднесе барање за развод од Џенифер Лопез
Филхармонија ги носи звуците на Виетнам
Промовирана „Голем Град Преспа I“
Самоубиство на германска манекенка поради интернет-омраза
Караванот на „Среќни вести“ продолжува
Американците „Филаданко“ го затвораат „Танц-фест“
„800 револуции во минута“, изложба на „Кооперација“
Промоција на „Голем Град Преспа I“ во МАНУ
Портрет од Кејт - роденденски подарок за принцот
Нема бикини за жени со големи гради

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 9°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |