Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Градинката „8 Март“ и преку веб-страница ќе комуницира со родителите

На веб-страницата има дел преку кој родителите ќе можат да разменуваат различни искуства

Градинката „8 Март“ во Општината Кисела Вода доби веб-страница заради подобра комуникација со родителите. Адресата на страницата е www.jdg-8mart-skopje.org.mk, а на неа паралелно ќе бидат претставени сите активности на четирите клона на градинката: „Расадник“, „Пржино“, „Пеперутка 1“ и „Пеперутка 2“. Преку веб-страницата родителите ќе можат да се информираат за закажаните средби, работилници во кои ќе можат да бидат вклучени, за хепенинзите што ќе ги подготвуваат градинките, претставите, приредбите и хуманитарните случувања во кои ќе можат да се вклучат.

Ова е прва градинка во Македонија која им дава можност на родителите преку Интернет да комуницираат со воспитувачките, испраќајќи им прашања на нивните и - мејл адреси, а тие, исто така по електронски пат секојдневно ќе им одговараат. Дел на веб-страницата ќе биде издвоен за форумот на родители, кои ќе можат и меѓусебно да комуницираат и заеднички да ги делат своите искуства.

Од градинката „8 Март“ велат дека ова е првата фаза од проектот кој за наредната година предвидува уште една новина. Во план е преку веб-страницата да биде инсталиран и видеонадзор. Во зависност од висината на средствата што ќе ги издвои градинката, во занималните ќе бидат поставени камери, а родителите преку одредени шифри ќе можат да видат што прави нивното дете во секој момент.

„Преку форумот, на родителите им овозможивме многу полесно да ни го кажат она што можеби не можат да ни го соопштат лично. Како педагошка служба им стоиме на располагање и примаме секакви критики“, вели Снежана Кливановска, директорка на градинката „8 Март“. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 132 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Неизвесна изградбата на новиот трговски центар во Аеродром
Соработка меѓу Стопанската комора и „Скопје метропола“
Плоштадот во Автокоманда ќе добие скулптура на коњаник