Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Петиција во Турција за извинување за ерменскиот геноцид

Турција признава дека голем број Ерменци биле убиени, но негира дека е извршен геноцид

ЕРЕВАН - Во Турција е поведена Интернет-петиција за извинување за „големата катастрофа во 1915“, кога стотици илјади отомански Ерменци починаа. Ерменските и голем број меѓународни историчари масакрите и смртните случаи за време на принудната депортација од источниот дел на Турција ги опишуваат како „геноцид“. Турција жестоко го негира тоа, наведувајќи дека оние што загинале едноставно се воени жртви.

Петицијата, прва од ваков вид, беше иницирана од истакнати турски академици и колумнисти во весници. Тие посочија дека сакаат да го променат официјалниот став на негирање и да провоцираат дискусија во турското општество за она што се случило. Петицијата е насловена „Се извинувам“ и со кратката изјава во почетокот се отфрла она што се нарекува незнаење и негирање во Турција на тоа што го претрпеа отоманските Ерменци во 1915 година. Потоа се извинуваат за болката што им била нанесена.

Тоа е храбар и оригинален чекор во земјата каде што писателот Хрант Динк минатата година беше убиен поради тоа што отворено кажа дека настаните од 1915 година биле геноцид. Националистичките политичари го осудија потегот како навреда на турската нација и организаторите примија навредливи електронски пораки.

Турција признава дека голем број Ерменци биле убиени, но негира дека е извршен геноцид, наведувајќи дека смртните случаи се случиле за време на борбите во Првата светска војна. Во петицијата не се бара од државата да се извини за она што се случило и намерно се избегнува многу контроверзната дефиниција за геноцид. Меѓутоа, турскиот академик кој ја осмисли идејата наведува дека се надева оти таа ќе поттикне соодветна дискусија за тоа што се случило и ќе предизвика емпатија за она што го преживеаја Ерменците.

Ченгиз Актар го нарече тоа одговорност на сите Турци да размислуваат и отворено да разговараат за тоа како и зошто ерменскиот народ исчезна од земјата што ја населуваше 4.000 години. Во првите неколку часови по поведувањето на петицијата повеќе од 1.000 луѓе го ставија својот потпис на неа. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар

Од: ВМК
Датум: 17.12.2008 00:52:13
Па тоа е причината што не ги примаат во ЕУ...поради геноцидот над ерменците и над курдите...а ние кому треба да се извиниме знаете...се разбира дека знаете,но некете да признаете....Позз.
Од: od val
Датум: 17.12.2008 14:40:02
koga nas ke ni se izvinat nasite sosedi za genocidot sto bese izvrsen na makedosnkiot narod vo egejska i pirinska makedionija. i za VMK komentarot deka poradi toa ne ja primile turcija vo EU ne e tocen i grcija i bugarija se vo EU. bugarite gi proteraa site turci od bugarija i im gi smenija iminjata a makedoncite vo bugarija ne smeat da kazat deka se makedonci. isto to toa vasi za makedocnite vo grcija. sto zanci deka ako si pravel genocid ke si vo EU. vo EU se site zemji koi sto sorabotuvaa so nacisiticka gremanija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Грчките демонстранти ја зазедоа државната телевизија
Импичмент за гувернерот на Илиноис, Род Благоевиќ
Десет милиони долари за чевелот фрлен кон Буш
Асад бара редефинирање на границите на Голанската Висорамнина
Џон Кери на чело на Комитет за односи на Сенатот
Од пет до 20 години затвор за руски скинхедси
Пронајден експлозив сокриен во продавница во Париз