Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Телекомуникациите засега отпорни на кризата

Компаниите се согласни дека ефектите од кризата допрва ќе бидат видливи

Александрија Стевковска

Светската економска криза засега не го погодува телекомуникацискиот сектор, кој е стабилен и не е подложен на циклични влијанија, како што се другите сектори, сметаат луѓето на двата мобилни оператора во земјава „Т-мобиле“ и ВИП. Тие се едногласни во оцената дека ефектите од кризата допрва ќе бидат видливи, но се надеваат дека ударот за нивниот бизнис нема да биде уништувачки. Според луѓето од овој сектор, Македонија е стабилна и на некој начин недопирлива за кризата поради ниското ниво на инвестиции и банки кои се конзервативни и кои претставуваат сигурносна брана што го спречува прелевањето на негативните последици од економската криза врз нашето стопанство, вклучително и телекомуникациите.

„Економската криза ја нема зафатено телекомуникациската индустрија во Македонија и сега за сега не се чувствуваат посебни ефекти од неа во нашето работење. Останува да видиме каков ефект ќе има кризата наредната година“, информираат од „Т-мобиле“ - Македонија.

Со идентичен став е и раководството на ВИП. „Светската финансиска криза се продлабочи повеќе отколку што очекував лично. Луѓето станаа попретпазливи во трошењето пари. Но, телекомуникациите, како основно добро на луѓето, не се подложни на циклични влијанија и ќе останат стабилни“, вели извршниот директор на најмладиот мобилен оператор ВИП, Никола Љушев.

Според него, економската криза ќе се продлабочува, а како држава ќе имаме сериозен проблем во 2009 и 2010 година, иако засега успешно се менаџира целиот процес на справување со кризата.

Дека најмладиот мобилен оператор во Македонија ВИП не чувствува последици од кризата, говорат амбициозните планови за наредната година, за кога тие очекуваат значително зголемување на приходите и пазарниот удел, најавувајќи воведување нови технологии. До 2013 година ВИП очекува да надмине 25 отсто од пазарниот удел. Овој оператор годинава има достигнато 11 отсто од пазарниот удел, а покриеноста на населението со мрежа е 90 отсто.

Според Љушев, по влезот на ВИП на македонскиот пазар, во мобилната телефонија многу работи се сменети, особено во поглед на цените, додавајќи дека според нивните процени, цените на одредени услуги паднале и до 80 отсто. Целна група за наредната година на ВИП ќе бидат постпејд-корисници.

Во врска со евентуалното преземање на вториот мобилен оператор „Космофон“, Љушев изјави дека колку што му е познато, се' уште не е започнато длабинско снимање на состојбите во компанијата од страна на консултантските куќи на неговите сопственици.


Статијата е прочитана 211 пати.

Испрати коментар

Од: sssw
Датум: 17.12.2008 01:00:32
T- mobile najgolemiot lopov kako ke bide vo kriza ,vo leto koga bev vo MK imav nekoja tariva od 300 den taksa a za eden mesec samo vo SK veruvajte sto telefonirav plativ okolu 6000 den ,smetka doaga bez da ti pisuva kade si se javuval i kolku min. samo zona 1 , zona 2 ....nadpisuvaat a nemav vreme da proveruvam ,lopov dlopov , plus tolku skapo ,i D koga se javuvame za MK e najskapo ,ne gledaat nisto da sredat nego samo pari da kradat im e vazno ,uzasni se pa kako ke bidat vo kriza ,iako narodot reagira oko ne im trepnuva ,sramota ,no ke im dojde kraj ,pozdrav

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Следната 2009 ќе биде тешка година
Огромен буџет за „лов“ на странски инвеститори
Реконструкцијата на мостовите продолжува во мај
„Лукоил“ ги намалува инвестициите
Хрватска со 650 млн. евра за патишта
Се предлага одложување на бруто-платите
Нови банкомати на ТТК банка
Составот на МБИ 10 останува ист
Производителите на делови пред банкрот
Обама избра нобеловец по физика
Хрватскиот Собор го усвои буџетот за 2009
Ирската влада ќе им помага на шест банки