Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

ПЕЛАГОНИЈА

Ниту денар отштета за пожарот во Битола

БИТОЛА - И по една и пол година од големиот пожар во Битола, сопствениците чии имоти настрадаа во огнената стихија не добиле ниту денар отштета. Проблемот добива политичка димензија, а локалната власт ја префрла топката на Владата. Станува збор за седумдесетина битолчани, најголемиот број од потпелистерските села Братиндол и Раштани, чии викендички, лозја, овоштарници и пчеларници ги проголта огнот.

Во големиот пожар во Битолско ланското лето во неповрат отидоа повеќе од 3.500 хектари шума и обработливо земјиште.

Според Комисијата за процена на штетите од пожарите, на овие сопственици треба да им бидат поделени повеќе од 50.000 евра. Иако извештаите се изготвени уште во декември 2007 година, само неколку месеци по големиот пожар во Битолско, обесштетувањето никако да почне.

Димче Јошевски, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола и претседател на Комисијата за процена на штетите, вели дека засегнатите граѓани веќе се закануваат со тужби. (А.Б.)


Статијата е прочитана 339 пати.

Испрати коментар

Од: meto
Датум: 17.12.2008 10:31:54
Очигледно дека актуелната власт не планира да победи на локалните избори па затоа и не му дава подршка на градоначалникот иако го номинираше и за наредните иазбори.Ако нема пари за обештетување како има за рекламирање????!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Дали ќе куртули од разрешување директорката на Пулмологија?
Доаѓаат поројни дождови и силни ветришта
Прилепските сарми во битка за Гинис
Протест на акционери од „Микрогранулат“ во Гостивар
Бесплатни прегледи за простата
Се бара отворање на студентското радио