Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ОМО „Илинден“ - ПИРИН го прозва Станишев

Бугарскиот премиер се плаши, вели во својата реакција партијата на Македонците во Бугарија

ОМО „Илинден“-ПИРИН реагира на изјавата на бугарскиот премиер Сергеј Станишев дадена во Скопје дека партија не сака да го испочитува законот и да се регистрира и оти проблемот не е политички.

Партијата на Македонците во Бугарија по повод изјавата на бугарскиот премиер во Скопје, прашува:

Зошто Станишев толку се труди да ја убеди македонската јавност дека од ОМО „Илинден“‘-ПИРИН никој во Бугарија не се плаши, кога никој за тоа не го ни праша?

Ако не сакаме да бидеме регистрирани, како се случи да бидеме регистрирани во 1999 година?

Како тогаш успеавме да ја почитуваме законската процедура, а сега никако да го постигнеме тоа?

Има ли врска регистрацијата на партијата во февруари 1999 година со молбата за добивање датум за почеток на преговори за прием во Европската унија поднесена истиот месец од Бугарија?

Има ли врска забраната на партијата во февруари 2000 година со добивањето на бараниот датум за преговори две недели пред тоа?

Како може да се објасни феноменот дека ниту пред тоа ниту потоа не успеала во Бугарија да се регистрира ниту партија ниту здружение кое си поставува цел заштита на правата на македонското малцинство во Бугарија?

Како е можно сите 350 регистрирани партии во Бугарија да можат да ја почитуваат процедурата, а само порано регистрираната ОМО „Илинден“-ПИРИН да не успева, без разлика на адвокатите што ги ангажира?

Има ли тоа врска со фактот дека за разлика од регистрираните 350, ОМО „Илинден“-ПИРИН единствена признава и се бори за правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија?

Кој сака ОМО „Илинден“-ПИРИН да нема регистрација; дали самата таа која се регистрираше во 1999 година и досега има внесено пет молби за регистрација или државата што и' ја одзеде регистрацијата и ги одбива сите нејзини молби?

Кој беше осуден од Европскиот суд за правата на човекот – ОМО „Илинден“-ПИРИН? Ако Бугарија ја има исполнето пресудата на тој суд, зошто Комитетот на министрите одбива да го затвори случајот?

Ако плаќањето на паричната казна значи исполнување на пресудата, зошто Комитетот на министрите инсистира за реститутио интегриум (враќање на нарушената состојба)?

Имајќи го предвид овој став на Комитетот на министрите, што има направено Бугарија за да ја врати регистрацијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН?

Дали постојаното менување на законот, толерирањето на слово на омраза спрема Македонците во Бугарија, акциите за компромитирање на ПИРИН од службата за безбедност и викањето на сите членови на партијата во полицијата се диктирани од желба да се помогне и да се олесни нејзината регистрација или претставуваат саботажа на исполнувањето на пресудата на Судот во Стразбур?

Имајќи ја предвид позицијата на Комитетот на министрите, како поинаку може да се толкува тврдењето на Станишев дека Бугарија ја има исполнето пресудата со плаќањето на паричната казна, освен како одбивање да се изврши пресудата и спротивставување на регистрацијата?

Ако владата не се меша во работата на Судот и нема против регистрацијата на партијата, зошто ги викаше сите членови во полицијата?

Ако Станишев не сака да се меша во работата на Судот, со кое право дава оцени како ги почитувала ОМО „Илинден“-ПИРИН законските услови?

Дали поради малиот гласачки потенцијал на ОМО „Илинден“-ПИРИН добро информираните бугарски служби за безбедност направија се' за да ја спречат регистрацијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН? Осумнаесет години демократија, а само една година допуштени само на едни избори!

На каков начин ОМО „Илинден“-ПИРИН е центар на внимание кога во Бугарија таа е под капата на медиумско затемнување веќе две години?  Во времето кога беше „центар на внимание“ во Бугарија, таа беше сатанизирана, навредувана и оклеветена во медиумите. Дали постои човек кој свесно би ги нарушувал правилата за да остане надвор од политичкиот живот од желба да биде жртва на таков вид „внимание“?

И по сето тоа, дали она што го кажа Станишев, всушност, не е доказ за постоење силен ирационален, но сосема реален страв од македонското малцинство и од неговите заштитници во Бугарија?

И бидејќи според веќе утврдената државна традиција на нашите прашања никој во Бугарија нема да одговори, им препуштаме на нормалните луѓе сами да си одговорат. (Макфакс)

Нема нота за подбивањето на Станишев

Невообичаено е во дипломатската практика и при официјална посета на висок претставник на една држава домаќинот да реагира со протестна нота – изјави вчера Зоран Петров, заменик-министер за надворешни работи, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе следува реакција по завчерашните неумесни „коментари“ на сметка на Македонците во Бугарија од страна на премиерот Сергеј Станишев.

Бугарскиот премиер во Скопје се подбиваше со лидерите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН кои, според него, не би биле повеќе „интересни“ доколку партијата биде легално регистрирана. Тоа го изјави на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Никола Груевски кој, освен кимнувањето со глава, не реагираше на ова.

Заменик-министерот Петров, по серијата прашања поврзани со настапот на Станишев, рече дека „домаќинот можел да реагира“. Тоа беше прес-конференција на двајца премиери и протестна нота во овој случај би била невообичаена, рече Петров. Според него, веќе имало реакции во весниците, а реагираа и претставниците од ОМО „Илинден“ - ПИРИН. „Тоа е сосема доволно“, рече Петров.

Прашањата беа упатени на прес-конференција свикана по повод тркалезната годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и 13 европски држави, за што денес во АРМ ќе се одржи централна свеченост под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“. (Д.Ч.)


Статијата е прочитана 400 пати.

Испрати коментар

Од: Todor
Датум: 17.12.2008 00:22:23
Nie mozheme da chitame ushte tripati podolgi komentari od OMO Ilinden, no toa nema da ja izmeni situacijata, t.e. deka 99 procenti od makedoncite vo BG se chuvstvuvaat bugari. Najgolemite bugarski nacionalisti vo BG se makedoncite, a tie nekolku iljadi, shto se chuvstvuvaat makedonci se ostatoci od makedoniziranje posle dogovorot megju Tito i Dimitrov. Po direktiva na Moskva trebashe da se formira Sovetska Balkanska Federacija, a Makedonija kako Republika trebashe da gi amortizira neprijatelstvata megju Bugarija, Grcija i Srbija.
Од: makedonec
Датум: 17.12.2008 00:31:12
citajki go tekstov mi padna na um edna ideja..Zosto clenovite na OMO ''ilinden'' ne probaat da registrirat partija koja ke nema Makedonski predznak nitu pak ke ima nesto makedonsko se so cel samo da se registriraat kako partija [neka bide toa partija na pr. od ''gragani na Bugarija''.....Otkako ke se registriraat togas neka dojde do smena na prvite lugje t.e. neka dojdat segasnive lideri na OMO ''Ilinden''i neka rabotat vo interes na Makedoncite vo Bugarija......Ova go kazuvam laicki no ne gledam drug izlez za registriranje na partija koja ke gi stiti interesite na tamosnite Makedonci.......Gledate deka vlasta vo Bugarija ''muva ne gi lazi '' za registriranje na partijata......Treba da se bide mudar i da se nadmudrat i tie kako sto gi nadmudrija OMO ''Ilinden'' so registracija na partijata samo zaradi clenstvo vo EU.....pa posle ja ukinaa....Bidete mudri Makedonci vo Bugarija nie sme so vas.........

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Син го убил татка си со секира
Зимата од Европа ќе дојде и кај нас наредните денови
Зденко
Претходен број
Каде беше премиерот Груевски
Следната 2009 ќе биде тешка година
Зелени рецепти
Десет милиони долари за чевелот фрлен кон Буш
Вербатим
Владата подготвува нови реклами
ЕЛЕМ пак ќе купува струја за не дај боже
Политиката и затворите
Чешка го враќа Западен Балкан на агендата
Карикатура
Прилепските сарми во битка за Гинис