Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Од пет до 20 години затвор за руски скинхедси

Групата расисти извршија 18 брутални убиства во главниот град на Русија

МОСКВА - Група расистички скинхедси кои извршија 18 брутални убиства во главниот град на Русија, Москва, осудени се на казни затвор меѓу 6 и 20 години. Цел на нападите на бандата од седуммина скинхедси биле мигранти со несловенско потекло во Москва, а убиствата биле извршени во периодот меѓу август 2006 и октомври 2007 година. Многу од напаѓачите биле малолетници кога се случиле убиствата. Покрај убиствата на 18 луѓе, тие исто така се обиделе да убијат уште 12, јавува судот. Групата објавувала видеоснимки од некои злосторства на Интернет.

Најголемата казна затвор е изречена на Роман Кузин, кој доби 20 години затвор. Двајцата наводни лидери на групата Артур Рино и Павел Скачевски добија по 10 години затвор. Нивните казни се најголеми што можеа да ги добијат, бидејќи биле малолетници во времето на убиствата. Четворица други членови на групата добија казни затвор меѓу 6 и 12 години.

Обвинителството тврди дека обвинетите формирале организирана група со цел да убиваат мигранти од азиските и кавкаските региони на поранешниот Советски Сојуз. Со други зборови, тие ги напаѓале луѓето кои не изгледале бели или словенски, јавува дописникот на Би-Би-Си од Москва. Дури и во градот кој често е место на расистичко насилство злосторствата на бандата се издвојуваат, јавува дописникот.

Русија беше погодена од серија расистички мотивирани напади, некои од нив фатални, последниве години. Во периодот меѓу јануари и октомври годинава 113 луѓе загинаа во расистички напади во Русија, а 340 беа повредени, јавува Канцеларијата за човекови права од Москва. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 411 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Грчките демонстранти ја зазедоа државната телевизија
Импичмент за гувернерот на Илиноис, Род Благоевиќ
Десет милиони долари за чевелот фрлен кон Буш
Петиција во Турција за извинување за ерменскиот геноцид
Асад бара редефинирање на границите на Голанската Висорамнина
Џон Кери на чело на Комитет за односи на Сенатот
Пронајден експлозив сокриен во продавница во Париз