Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Зелени рецепти

Јасмина Јовановска

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ги тресе рецептоманија. Овие две клучни институции од здравствениот сектор се „истепаа“ кој да измисли попаметно решение за „хроничниот“ рецепт. Прво, Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за „хроничен“ рецепт за лековите од фондовската листа. А не помина ни една недела кога и Министерството за здравство (читај: Бирото за лекови) истрча со нов вид рецепт, меѓу кој го протна и рецептот за хронично болните. Но, „хроничниот“ рецепт на Бирото за лекови, иако е составен како да е за фондовски лекови, ќе важи само за лековите купени на приватно.

Промовирањето два модела за „хроничен рецепт“ за толку кусо време, без разлика што се за различни листи на лекови, фондовска и приватна, место подостапни лекови, на пациентите им донесоа само збрка. Збунети останаа и аптекарите, а најмногу Фондот за здравствено осигурување, со што уште еднаш се потврдија некоординираноста и нетрпеливоста со Министерството за здравство. Или, пак, можеби Бирото за лекови сакаше само да му покаже на Фондот како треба да изгледа еден „хроничен“ рецепт. Но, во трката за докажување, по се' изгледа, Министерството за здравство заборави на правата на пациентите. Па, покрај тоа што не знаат кој рецепт за кој лек ќе биде, со рецептите во боја болните ќе се жигосаат како да се добиток, а не луѓе кои имаат право на приватност. Џабе што Министерството за здравство промовира права на пациентите кога на секој чекор ги прекршува. Прво со камерите во болничките соби, а сега и со колорните рецепти.

Недозреаните постапки како да станаа практика во здравството. Затоа и не чуди што Министерството за здравство со се' што се зафати да реформира досега, во практиката киксна.


Статијата е прочитана 741 пати.

Испрати коментар

Од: Зоран
Датум: 17.12.2008 09:28:07
Па што се чудиме на ‘недозреаните‘ постапки од Министерството за здравство, кога со секои нови избори се вработуваат морони кои немаат врска ниту со себе си а камоли со работите во едно Министерство, Биро или Дирекција сеедно. Моментално концентрацијата на шупелки во ова министерство ( а не само во ова) е поголема од бројката (малцинство) на оние кои знаат или ... нешто од нешто знаат. Затоа да не се чудиме ако во догледно време се воведат и рецепти со ‘цветчиња‘ , ‘ѕвончиња‘, ‘ѕвездички‘ и сл. начини на обележување
Од: хроничен
Датум: 17.12.2008 09:34:01
Ела сега да те видам разбери кој е и која боја фондовскиот хроничен рецепт а кој од бирото за лекови за фондовска листа а кој за приватно???? Драги мои, мене ми треба едноставен прост рецепт без разликана боја,со кој ќе можам да се снабдам со лекови во период од три месеци, без да трчам секој месец до матичниот и да чекам редици за еден рецепт, за хронична болест која нема да се излечи додека сум жив, но која со помош на лековите ќе ми биде поподнослива.Многу проста и едноставна работа, ама ние сме махери(компликатори) да ја искомплицираме работата до крајност.До кога вака ќе се препукуваат фондот и министерството ,а ние ќе трпиме.
Од: zelezara
Датум: 17.12.2008 09:38:43
Zeleni recepti zelena vlada
Од: petar
Датум: 17.12.2008 10:11:06
Mozebi im nalikuvaat na DOLARI pa i aptekarite se luge pobrgu ke dojdat do nesto zeleno.Sramota na sto lici zarem i kaj bolnite naprevte r,sum bolniot e bolen doktorot samo treba da znae kogo i kako ke go lekuva a ne da pustite recept vo boja kako(cuma) da vlegla vo apteka nekoj mozi da se pofali oti ima sida pa preku red da dojdi na salter.Samo vie pecatete narodot e bolen izgleda i vo umot pa ne znae kolku go kosta toj recept vo EVRA A BOJA SI E BOJA.
Од: vesna
Датум: 17.12.2008 15:13:41
A kolku toa godini imase ministerceto???
Од: ramadan
Датум: 17.12.2008 15:45:27
Vie moze da se zalite " do utre sabajle",ama tie sto naumile toa da go sprovedat,oko ne im trepka od vasite kritiki.Jas mislam deka ovoj narod toa i go zasluzuva.Socijalizmot bese prosto drustveno ureduvanje i zatoa dojde nova klasa na strucnjaci i kako koj ce dojde na vlast zaradi da pokaze deka nesto raboti zema i ona sto nekogas bilo dobro da go upropasti.Se secavam deka edno vreme naseto zdrastvo prestavuvase model za nekoi demokratski drzavi.Vprocem zasto se bunite koga sami sme svedoci na rejtingot na ovaa vlast (33%). Pred nekolku godini gledav eden film.Dejstvieto se odvivase vo eden zatvor.Zatvorenisote imaa edinstvena zadaca kamenjata od edniot kraj na dvorot da go premestuvaat na druiot.I taka cel den odnosno 24casa,sedum dena vo nedelata. Dali ova vi asocira na nesto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
ОМО „Илинден“-ПИРИН го прозва Станишев
Verbatim
Џорџ Буш
Чешка го враќа Западен Балкан на агендата