Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Неизвесна изградбата на новиот трговски центар во Аеродром

Општината треба да го измени ДУП и да ја намали површината за градба

Деспина Трајковска

Неизвесно е дали и кога ќе почне да се гради новиот трговско-деловен објект спроти ТЦ „Бисер“ во Аеродром, бидејќи Министерството за транспорт и врски не успеа да го отуѓи земјиштето и по два јавни повика, пред се', поради недорасчистената парцела. Третиот повик за заинтересиран инвеститор допрва ќе се распишува, но откако претходно ќе се измени Деталниот урбанистички план за локалитетот со што ќе ја намали парцелата предвидена за градба. Токму потребата од измена на планот, како што велат од Министерството, е и главната причина поради која бил поништен вториот тендер за отуѓување на земјиштето на кој имаше тројца заинтересирани купувачи.

„Констатиравме проблеми на теренот, односно, дека општината не ја расчистила целосно локацијата на која е треба да се гради објектот. Останаа неурнат дел од платформата и 14 столба. Општинарите ни објаснија дека не можат да го сторат тоа, бидејќи ќе се уништел концептот на постојната градба. Од тие причини чекаме да се смени ДУП со што тој ’спорен‘ дел нема да биде вклопен во површината за градба, односно градежната парцела ќе биде намалена“, објаснуваат од Министерството.

Постојниот план предвидува изградба на објект со комбинирана намена, деловни простории и мини-трговски центар. Во околниот простор купувачот на парцелата ќе гради мини-паркче и паркиралиште.

Инаку, првата објава за продажба на локацијата пропадна, бидејќи единствениот пријавен купувач не ги исполнуваше критериумите за отуѓување на земјиштето. Вториот тендер беше поништен поради теренските проблеми на парцелата за чиешто купување беа заинтересирани „Рамстор“, „Хипо“ и „Мајстон“. Критериумите за учество и на двата тендера беа исти, а главниот услов беше заинтересираниот купувач да е сопственик на најмалку пет деловни или комерцијални објекти и да има капитал од најмалку 500 милиони евра искажани во финансиски извештај. Двата тендера единствено се разликуваа по почетната цена на квадратот земјиште. На првиот повик таа изнесуваше 25.000 денари за квадрат, а на вториот речиси шест пати помалку, односно 6.000 денари за квадратен метар. Од Министерството за транспорт објаснија дека цената ја намалиле откако неколку домашни фирми укажале дека е економски нелогично квадрат земјиште во Аеродром да се продава поскапо од квадрат државно земјиште во Општина Центар.


Статијата е прочитана 301 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Градинката „8 Март“ и преку веб-страница ќе комуницира со родителите
Соработка меѓу Стопанската комора и „Скопје метропола“
Плоштадот во Автокоманда ќе добие скулптура на коњаник