Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

В петок пресуда за Кирил Тодоровски

Пресудата за градоначалникот на скопската Општина Аеродром, Кирил Тодоровски, кој е обвинет за земање поткуп и четвортица негови соработници ќе биде соопштена во петок. Тројцата бранители на градоначалникот, во своите заврши зборови побараа ослободителна пресуда. Вината за целиот случај тие ја лоцираа кај оштетениот Димитар Тодоровски.

Адвокатот Александар Прчевски се осврна на примена на посебните истражни мерки во случајот што се коселе со Уставот и со меѓународните конвенции за заштита на човековите права и слободи и со кои на обвинетите сериозно им била нарушена приватноста. Адвокатот смета дека Јавниот обвинител требало да се откаже во целост од обвинението, а не само за кривичното дело злосторничко здружување.

За адвокатот Стеван Павлевски единствен доказ кој од страна на Обвинителството му е презентиран на судот е токму исказот што го дал оштетениот Димитар Тодоровски и во текот на истрагата и на главен претрес, а кој веројатно долго бил подготвуван во полицијата. Павлевски смета дека оштетениот немал избор, односно доколку не го правел она што му било наложено, ќе требало кривично да биде гонет. За адвокатот Павлевски улогата што ја има обвинетиот Кирил Тодоровски е од второстепено значење, бидејќи сите дејства што ги презел се случиле по барање на оштетениот Димитар Тодоровски. Тој инсистирал на средби со градоначалникот, а потоа одел во полиција. Павлевски смета дека Димитар Тодоровски, сега косопственик на фирмата „Елинг“, во конкретниов случај имал двојна улога: еднаш се јавува како соработник на полицијата, а друг пат како оштетен.

„Единствениот мотив за ваквото однесување на оштетениот е разобличено со неговиот исказ со кој тој самиот кажува дека барал легализација на неговиот објект, во брза постапка, а во исто време да се претстави како жртва“, рече адвокатот Павлевски. „Она што треба да загрижува е однесувањето на Јавното обвинителство, кое го занемарило поттикнувањето на оштетениот“, додаде тој. Павлевски, како и Прчевски, побара ослободителна пресуда за градоначалникот Тодоровски. Третиот бранител на Тодоровски, адвокатот Љупчо Андоновски, во својот завршен збор рече дека Јавното обвинителство било тоа кое не успеало да го докаже евентуалниот мотив на сите петмина обвинети. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 85 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Син го убил татка си со секира
Од „Макстил“ тврдат дека не ја скриле несреќата со работникот
Маневски се заинтересира за „Ореше“
Богданчанец ранет со ловџиска пушка
Малолетник прободен со нож во Чаир
МВР на суд треба да ја повлече тужбата за Шекеринска
Исчезнат прилепчанец пронајден мртов