Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.05.2012, 18:35

Мое ќоше

Ракавиците на Црвенковски

Ерол Ризаов

Како што врват годините, а ние стоиме во место, се' почесто ќе се обвинуваме кој што не направил наместо кој што треба да направи

Бранко Црвенковски, лидерот на опозицијата, и' фрли нова ракавица на власта. Во емисијата на Роберт Поповски на Канал 5. Во негов стил понуди документ означен како „државна тајна“ според кој 2005 година имало поволно решение за името на државата, ама од тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски бил одбиен. Медијаторот Нимиц во 2005 година предложил име Република Македонија со латинска транскрипција, со право по три години да си го врати името Republic of Macedonia. Не знам дали Црвенковски со документот што го извади од џебот сакал малку да потсети на себе кога пред повеќе години во парламентот ја покажа касетата со докази за прислушувањата на полицијата, по што пукна аферата „Големото уво“, но чинам дека овој пат поентата на Црвенковски со „државната тајна“ е погрешна и на негова штета.

Едно одлично интервју во кое беа искажани многу посуштествени критики на власта, со одмерен сугестивен разбирлив јазик, својствен на искусен политичар и лидер, отиде во аут поради популистичка поента со вадење адут од ракав. Сега главна тема е џокерот на Црвенковски, а не лошото шестгодишно владеење на Груевски. Бранко Црвенковски самиот си ја покри темата и ја разводени пренесувајќи ја суштината кон спектакл. Па наместо да се соочиме со прецизно посочените причини и критики зошто Македонија оди во погрешна насока и со неостварените стратегиски приоритети на државата, искажани од лидерот на опозицијата, денес медиумите, интернет-порталите и социјалните мрежи ја фатија јадицата на која Црвенковски самиот се улови.

Зошто така мислам. Една од најштетните и најнепродуктивни расправи во Македонија е како да се врати истуреното млеко во шише. Палењето ниски страсти дека проблемот со името можел да се реши тогаш и тогаш за време на таа и таа власт го почна ВМРО-ДПМНЕ. Пред повеќе години се пласираа наивитети од типот некој намерно задоцнил со молбата до Обединетите нации. Да сме ја дале навреме, проблемот ќе бил решен. И ден-денес оваа будалштина се протега во нова форма демек треба само да поднесеме барање до Генералното собрание на ОН и бидејќи има 130 земји што не' признале под уставно име, работата е завршена. Ова ти е како онаа народната: не го пуштаат да влезе во селото, а тој ја бара на попот ќерката. Потоа дојдоа малку потврдите дневнополитички пресметки од типот да не ја прифатевме референцата БЈРМ, сега работите ќе беа завршени. Овој Бајрам со умот уште трае. Ако во Македонија се одлучуваше за членството во ОН со референцата БЈРМ, како што сега се одлучува за компромис со Грција, поблиску ми е уверувањето дека уште немаше да бидеме членка на ОН, а како ничија земја, или сива зона, поверојатно е дека немаше ни да постои веќе државата. Потоа дојдоа на ред разни поволни и неповолни понуди од медијаторот Нимиц кои, наводно, некој сакал, а некој не сакал да ги прифати по личен ќеф, некои биле многу поволни, а некои многу неповолни. Се' е тоа мижи Асан да ти бајам. Сите поволни понуди за нас Грција ги одбиваше најдоцна три часа по нивното предлагање. И она име пред Букурешт за кое се согласиле Црвенковски и Груевски: Република Македонија – Скопје, околу кое уште се кршат копја, Грција глатко го одби. Црвенковски, и самиот жртва на вакви јалови и шпекулативни обвинувања дека проблемот со името бил на прагот да биде решен, ама ете тој не сакал да го реши, се очекуваше да го насочи ова прашање кон иднината, а не кон минатото. Да бев на местото на Роберт Поповски, ќе го прашав Црвенковски: ако опозицијата го одби поволниот предлог на Нимиц, зошто не го прифативте вие и владата, како свесна саможртва за иднината на Македонија. Според логиката на реалната и прагматична политика, расправите дека некој некогаш можел да го реши проблемот со името, ама ете не го решил е мачната и тажна тема на македонската иднина. Како што врват годините, а ние стоиме во место, оваа дежурна тема која носи само делби и омраза ќе биде се' почесто присутна. Темата на иднината е заеднички настап која треба да ја одработат Црвенковски и Груевски како двајца најодговорни политичари во земјата. Тие треба да ја понудат македонската црвена линија која Грција ќе ја изнесе на чистина. Црвенковски кажа нешто за тоа, ама не се виде добро од неговиот џокер. Штета.

Го чекам деновиве Груевски да ја прифати фрлената ракавица и да стаса кај Роберт Поповски. Се разбира, ако му поминала мачнината.


Статијата е прочитана 4444 пати.

Испрати коментар



Пишман Тадиќ
Што се случуваше во октомври 2005 година
Не може секој да мавта со државна тајна
Што крие анексот на документот
Државни тајни течат од џеб
Нов бран и во ДУИ
Георгиевски подготвен да коалицира со СДСМ
Јосиповиќ го одликува амбасадорот Марковски
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Доктор Чакаларовски на чело на Лекарската комора
Станот на Ставрески e во квартот Чеви Чејс



Kontranapadot i dzokerot se iznudeni, 29.05.2012 23:03:36
Erole, za volja na vistinata, togaj sdsm-ovcite rekoa deka bez soglasnost na dpmne nece mozat da go reshat problemot so imeto, predviduvajki nemiri, pa duri i gradjanska vojna. A shto se odnesuva do dzokerot, krajno vreme beshe Branko da krene vo protivnapad, posebno koga ima dzokeri. Da mi izvini premierot, ama stvarno e vece nepodnosliv so cinicnite napadi kon Branko, a seto toa mu mine kaj narodot. E povece teshko kaj Branko, barem za toa go biva. Shto bi rekol Slobo, ne umemo da radimo ali zato umemo da se biemo. Ovde ne mislam na fizichki obrachun, nego na politichki. A tuka e Branko vistinski drzavnik, po potreba i mangup, vo odnos na Grujo.
Praven Lek: ON GS NACRT REZOLUCIJA za imeto, 30.05.2012 00:38:14
NACRT REZOLUCIJA Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON, Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat, Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, , i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina, Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON, Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
seirdzija, 30.05.2012 01:01:12
Ne gledam nisto loso vo objavuvanjeto na dokumentot.Naprotiv se gleda deka onoj sto se prodava kako patriot na narodot vsusnost i kopa grob na drzavata...
USA, 30.05.2012 01:11:57
Leleeeeeee isti finti od pred poveke godini koga Branko mavtase so snimki.........sto bidna so toa??? Ni traga ni glas od toa sto sodrzea nitu kako gi nabavil. Nisto ne se promenilo. Nego, Branko ima uste dokumenti, ama ne mozel da stigne,........BE BRAT. Ova li e lider na OPOZICIJA? Sto e najtragicno, ova ne e slucajnost tuku kalkuliran potez.........so analizi i planovi kako potoa. I sega???????
Marioec od Azija, 30.05.2012 03:37:36
Erole,Erole zarem negledas kolku i da im pomagas tie samite se davat i propadjaat.Ajde malku da se navratime kon t.n spogodba,koja ne e spogodba nego paravan za ucena na Makedonija.Samiot kazuvas deka sekoj predlog Grcite go odbivale sto bil i malku prifatliv za nas.E sega prasanje do tebe zosto ja prifatija referencata?Mislis nejzinoto prifacajne e uspeh za nas?Zaclenuvanjeto vo UN ce se slucese pokasno no bese neizbezno,isto kako sto ce se zacleni i Kosovo(ako ne saka da se spoi so Albanija)i pokraj protivenjeto od Srbija,za nekolku godini ce bidi clen.Celo vreme trubis edno a sega kazuvas drugo.Demek nie sme krivi t.e Gruevski i dijasporata a sega velis Grcite ne prifacale nisto,tolku konfuzno deluvas da neznaes ni samiot vo koj gol teras,sto bi rekle moite mariovci.
цане, 30.05.2012 06:04:43
УСА, ако некој живее од минатото, тоа сте вие! Никој не ви е равен во тоа! Всушност, сигурно 2,5 иљади и плус едно 10 иљади,вкупно 12,5 иљади историја ВО МИНАТОТО. А кој живее во минатото нема иднина!
ФЕЛИКС, 30.05.2012 07:06:05
Како прво и најпрво г-дин Ризаов од познати причини не го коментира и другиот дел на очигледната блеф-приказна со фрлање документи на маса.Па така видовме во вториот дел и прочитавме кој тоа прифатил ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА и она тотално извитоперено за јазикот македк-macedc, кое никој жив не може да го објасни како јазичен поим,a кој тоа одбил да сето ова го прифати.Значи имаме ситуација да еднаш годишно и тоа пред избори се изблефира а на тој блеф се испопецаја оние негови подржувачи.Дури сега народот има мачнина од разоткривањето кој е кој околу проблемот со името.Меѓу редови се чита ,,ах,ах што му требаше со џиткањето документи на маса,,Вакво величествено рафално упукување во сопствената нога стана препознатлив стил на врхушката на Бихаќевците.
Istocna Makedonija, 30.05.2012 07:37:38
Sepak vremeto ke gi pokaze efektite od ovoj poteg na Crvenkovski!
citatel, 30.05.2012 09:02:56
Bravo do avtorot, samo nema koj da go vidi toa kaj narodot.Site sega go vrakaat mlekoto vo siseto kako sto velite.Nemame leb da jademe, biznisot e kompletno zapren a nie se zanimavame so sto bi bilo koga bi bilo
Кераунос, 30.05.2012 09:05:21
Ерол,браво Ерол,дури и кога така жестоко го нап аѓаш Бранко.За исправноста на неговиот потез ќе се види многу скоро,но верувам дека ќе помо гне да се створи по релно јавно мислење.Доста се манипулира со некаков патриотизам и голема грижа за народот а воведувате тоталитаризам,ф рлате огромни пари за кич од уметност во брон за и градби,по ништо не сте помалку корумпиран и инволвирани во криминогени дејанија,правите очајни реформи па немете,или имате,очајно обр азование ,здравствво,судство,полиција итн.Дост а беше,Ерол,доста од лаги и бескрајни реклами.За жал има ограничен е простор да се наведе се што не е како што се презентира по медиумите.Но и така слеп народ како македонскиот еднаш ќе про гледа.Верувам.
stojan, 30.05.2012 09:10:57
Jas mislam deka uste mnogo,mnogu povalkani raboti trba da se izvadat protiv ovie ajduci sto se na vlast...
Miros, 30.05.2012 09:23:46
Feliks ponekogas deluva trezveno i pokraj toa sto e ocigledno deka edinstveno cuvstvo vo negoviot zivot e omrazata kon BC. No vo ovoj slucaj vo site svoi komentari . se povikuva na zbor koj so ednostavno falsifikuvanje (ne e fotokopiran celiot) se prodava na nepismenite. Inaku eve primer: Jas se vikam Miroslav a sum potpisan so Miros zosto nedostasuvat nekolku bukvi. Sto se odnesuva do Mariovecot, poprvo mu prilega deka e od Tunguzija otkolku od Azija. Situacijata so Kosovo i togasnata so Makedonija ne moze da se sporeduva. Kosovo e pod direkten patronata na USA, a Makedonija bese i e sirace.
Ete go Pravniot lek., 30.05.2012 09:27:25
E tokmu onaj sto nudi PRAVEN LEK ima navistina poznavanje i akal. Treba pod itno da se stavi vo timot za pregovori ! Gledate kako ednostacvnoi mozelo da se lesi prasanjeto za imeto.Toa se veli: plukni zalepi. Ete toj go znael , drugive bile slepci i neznajkovci. Toa narodot go vika: Sto mu e milo toa mu se sonilo. Takva postapka ili onaa irealna strategija na Janev , ako bese tolku lesno ostvarliva zarem nemase da se sprovedese? Gospod da ne cuva od zanesenjaci i iluzionisti, koi seat magli i mu frlaat prasina vo oci na narodot.Na kraj kraeva narodot na referendum treba da kaze dali prifaca nekakov kompromis ili ne.
девер, 30.05.2012 09:29:28
Груевски никогаш немал и ќе НЕМА ИНТЕРЕС да се реши проблемот со името. Тоа е единствената тема со која може да ги манипулира гласачите. Од една страна глуми спремност за преговори а од друга преку преименувањата, спомениците и тужбата во Хаг ја провоцира Грција. Затоа ни треба нова влада која ќе створи услови за договор и ЌЕ САКА да се договори. Потребни се пријателски македонско-грчки односи и смирена атмосфера во која може да се постигне договор. Опозицијата треба конечно да ја разобличи дволичната политика на Груевски. На прашањето: „Што ќе направи опозицијата да го реши проблемот со името?„ таа треба да одговори: „Опозицијата ЌЕ САКА да се постигне договор!„
bitola troa skolovan, 30.05.2012 09:32:59
Iako Robert bi mu stokmil dobri prasanja za koi detulevo dobro ke se spremi mislam deka podolgo vreme macninata ke go odvraka,a za volja na vistinata bi trebalo dvajcata da se nacrtaat kaj robert so po edna asistentka koja ke gi rani so orginalni dokumenti koi ke gi prezentiraat oti vo toj pravec trgna rabotava.
Prijatel, 30.05.2012 09:55:27
Ako e bal neka e maskenbal! Zoshto Grcija go odbi predlogot Republika Makedonija (Skopje)? Pa nashiot odgovor na toj predlog na Nimic stasa posle istekuvanjeto na rokot za davanje odgovor. Grciija na taa tehnicka osnova odbi da go razgleda i zatoa nikoj ne ja kritikuvashe deka e nekoperativna!
dedo dimo, 30.05.2012 10:03:33
Me inyeresiradali vo Makedonija ima INTELEGENTI luge ili site se glupavi predavnici .Da se razberime ,Republika Makedonija dijde vo ovaa polozba so prifakanje da se pazgovara za imeto a koj beshe na vlast vo toa vreme ?Znachi so samoto prifakanje za imeto nashite politichati se prikazaa pred svetot deka samite ne znaat koj se i shto se i od koja zemja se a so toa go ponizija i siot narod na REPULIKA MAKEDONIJA .Vo svetot koga ke se potpishi dokument mora i da se zavrshi a ne kako komunistite vo Makedonija pravea pishi brishi.Go izlagaa i Makedonskiot narod deka spogodbata e PRIVREMENA .Privremena za kolku vreme ili na neogranicheno ?.GOLEMA LAGA a USHTE PO GOLEMA GLUPOST.
mmk, 30.05.2012 10:43:14
Извонредно,да не кажам браво,Ероле. Впрочем и не треба да се очекува пониско ниво на коментар од вака искусен новинар и познавач на работите.Но.зошто некој ги мачи објавувањето на овој документ.Зтоа што на површина испливуваат вистини или затоа што некој ке го цени степенот на патриотизам на најголемиот (квази)патриот.Ако било прашањето за идентитетот проблематично,па нели ние водиме битка за Името ,што не спорам дека може да биде и идентитетско прашање.Во колкав степен тој е нарушен со овј документ ке се ломат копја и после десет години.Бидејки и политичарите и добро познавачите на овие спорови сите се забарикадирани во своите школки.
pero, 30.05.2012 11:13:47
Gruevski 6 godini lazi za navodni pregovori so Grcija i Utrinski saka da ja izednaci odgovornosta.Predlogot 2005 bese odlicen i jasno e deka bez VMRO ne mozese da se prifati.Ne go amnestirajete Gruevski.Vinoven e.
Makedonec, 30.05.2012 11:26:07
Bravo Maestro,na vasite komentari ,nema nisto da se odzede nitu pak dodade.Ne posteduvate nikogo od kritika ,i se vi drzi voda.
александар, 30.05.2012 11:55:12
Г-дине Ризаов ве читам редовно, добро вие се елаборирате, анализирате...ама сето тоа е од ваша гледна точка. Дека ова е погрешен потег на Црвенковски и на негова штета, којзнае ќе видиме.. ми делува дека они поубаво си го знаат народот. Многупати сте пишувале за погрешните ставови, потези на Груевски дека оди во погрешен правец на негова штета, на наша штета...ама ефектот е спротивен он баш фино си го набилда рејтингот. Тие сервираат, народот срка се што ќе му се даде...за жал
Batec, 30.05.2012 12:14:51
A koj toa presudi 3 godini
Оливер, 30.05.2012 12:35:55
Прво треба да се провери дали документот на Црвенковски е оргинал, потоа да видиме што вели Законот за вакви документи кој се од доверлив карактер а се изнесуваат пред јавност; понатаму ако кривично се одговара (а треба, така вика Законот), знаеме дека СДСм ќе повикаат на протести оти Црвенковски ќе постане монтиран случај, политички случај дека тој е за грев како Велија, одма ќе постанат за греота сите од СДСм па да се сожалуваат итн. Едно е јасно, Ваков докумен не и беше потребен на јавноста за да се покаже кој е кој и кој е за кој е против, ова е еден од најлошите чекори на опзицијата, самите се обезглавија, дозволија повторно да бидат обезглавени благодарение на Б.Ц. Епа што вик�� Макрадули тресе Бранко тресе богами тресе ама нема кој да ви ги дигне гаќите затоа е така.
demokrat, 30.05.2012 12:41:43
Za zal retko koj kapira za sto se raboti koga stanuva zbor za problemot so USTAVNOTO ime, pa taka proagaat gluposti od tipot ke go vratime imeto Republik of Macedonia. A od kade ke vo vrakale? Zamislete vrakanjeto ke bilo od ,,Република Македонија,, t.e. ,,Republika Makedonija,, koe vsusnost e vistinskoto USTAVNO ime, pa taka ,,Република Македонија,, posle tri godini avtomatski ke se pretvorelo vo ,,Republic of Macedonia,,! Luge, naseto ustavno ime glasi ,,Република Македонија,, koe proizleguva od samiot ustav, i zatoa ke vika USTAVNO. Za toa ime nie treba da se borime, a dali nekoj ke ja koristi angliskata transkripcija e nekoga rabota.
od ostrijot, 30.05.2012 13:19:23
da da vistinata boli no neznajeh oti i feliks ima osekaj.
VAP Skopje, 30.05.2012 15:32:58
Duel Crvenkovski-Gruevski??? Kje sobere li premierot hrabrost da sedne nasproti Crvenkovski? Kakvo zadovolstvo bi bilo toa?
zvonko karov,kavadarci, 30.05.2012 15:45:40
Bez drzava uste ke setavme po svetot i ke zboruvavme kako K.... ZA POSTENOST
za zamena na tezite, 30.05.2012 15:56:29
Poentata na Crvenkovski beshe da dokazhe deka ne e ona za shto go optuzhuva Gruevski (predavnik), zazi@kj.dsa kako dokaz za toa go izvadi dokumentot. Toa e sushtinata, a ne dali mozhelo togash da se reshi imeto i sl. Problemot e vo toa shto Gruevski postojano go napagja liderot na SDSM deka go predal identitetot na nacijata i t.n. Toa se teshki optuzhbi i sekoj bi sakal da se odbrani, a shto se napravi zamena na tezi i pochna za deseto neshto da se diskutira e toa e problem i na novinarite i na gragjanite koi ne se drzhat do temata tuku ja razvodnuvaat so sporedni temi
do Miros i demokrat, 30.05.2012 16:58:24
Ti ako se pisuvas Miros kako bi se znaelo deka si Miroslav.Ti togas ne bi bil poznat so tvoeto pravo ime Miroslav,bi bil so drugo ime Miros.Miros ne e isto so Miroslav.Skratuvanjeto na bukvi na iminja znaci drugi iminja.Taka i macedc e neprifatlivo.Duri ima i bukva c vo toj naziv sto ne e pravilen red na bukvite.Slednata bukva e o.Ustavnite iminja na drzavite se napisani izvorno vo nivnite ustavi,no vo megjunarodnite odnosi se upotrebuva angliskata transkripcija za iminjata.Pa toa mora da vazi i za nas.I za nas ke bide angliskata transkripcija Macedonia.
До замена на тезите, 30.05.2012 17:55:37
Големината на добар политичар е токму во јавните настапи да предизвика внимание на јавноста со најсилната поента. Авторот мисли дека Црвенковски кажал многу посуштествени работи, но џокретот од џеп предизвикал популистички спектакл и го одвлекл вниманието на јавноиста во тој правец, а не кон 6 години лошто владеење на Груевски. И сега процени што е попаметно, да се расправаме за иднината или за тоа што било 2005, 1991, 1995, 2008, или можеби триста четрстотни години пред Христа за време на Александар и Филип Македонски.
Миле - Охрид, 30.05.2012 20:38:25
После подолго време морам да се сложам со Ерол. Името не е полето каде опозицијата може да ја собори власта. Веднаш треба да престане дискусијата за влез во НАТО и ЕУ. Нека соопшт дека се спремни за поддршка на нашето приклучување, штом ЕУ и НАТО најдат начин да ја надминат блокадата која ни ја прави една нејзина членка. Нека го отстранат стравот на народот дека се спремни за предавство. Истовремено да бараат поддршка и соработка од ЕУ и НАТО на патот на реформите. Цел ни е постигнување на стандардите на функционалните демократии во ЕУ. Затоа опизицијата треба да напаѓа таму. И ќе ја добие поддршката на народот. Во 2000 та година го прашав еден угледен странец кој престојуваше во Македонија. Кога ќе не примите во ЕУ? Тој искрено одговори. Во моментот кога ќе постигните такви стандарди во економијата и демократијата кога нема да ви е важно дали сте членка или не. Затоа, на работа кон достигнување на стандардите. Затоа, доста за името. За доброто на Македонија.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |