Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Десет млн. долари за чевелот фрлен кон Буш

Парите ги понудил бизнисмен од Саудиска Арабија, а над 200 адвокати се понудија да го бранат напаѓачот

Багдад - Чифтот чевли на 29-годишниот ирачки новинар Мунтадар аз Зеиди, кој фрли чевел кон американскиот претседател Џорџ Буш, предизвикаа неверојатна заинтересираност, а почетната цена од сто илјади долари достигна фантастична сума од десет милиони долари за само едниот чевел, кои ги понуди бизнисмен од Саудиска Арабија.

Сто илјади долари за чевлите на Аз Зеиди понуди поранешниот технички директор на ирачката фудбалска репрезентација, Аднан Хамад.

Меѓутоа, се' уште не е познато каде се наоѓаат чевлите, кои беа фрлени кон Буш пред два дена на прес-конференцијата во Багдад. Според некои верзии, чевлите можеби се конфискувани од ирачките служби за безбедност или се однесени како сувенир од соработниците на администрацијата на Буш.

Во меѓувреме, во очите на голем број Ирачани сопственикот на чевлите стана национален херој, а медал за храброст на новинарот му понуди хуманитарната организација, која ја раководи ќерката на либискиот лидер Моамер Гадафи.

Аз Зеиди во моментов се наоѓа во затвор, откако на заедничката прес-конференција на Буш со ирачкиот премиер Нури ал Малики на 14 декември во Багдад фрли чевел кон американскиот претседател извикувајќи „Ова ти е бакнеж за збогум од ирачкиот народ“ и го нарече „пес“.

Братот на новинарот на ирачкиот ТВ-канал „Ал багдадија“, Дирхам, изјави дека соработниците на ирачките служби за безбедност му ги скршиле рацете и ребрата на Аз Зеиди.

Портпаролот на Ал Малики, Јасин Маџид истакна дека новинарот ќе биде изведен пред суд и оти му се заканува затворска казна до седум и пол години.

Повеќе од 200 адвокати изразија подготвеност да го бранат Аз Зеиди, а меѓу нив и Хаили ад Дулеими, кој во 2006 година го бранеше некогашниот ирачки претседател Садам Хусеин.

- Она што го стори Зеиди е најмалку што може еден Ирачанец да му направи на Буш, тиранин и криминалец кој уби два милиони лица во Ирак и во Авганистан, рече адвокатот.

Раководството на ТВ-каналот „Ал багдадија“ му се обрати на Ал Малики со барање итно да го ослободи новинарот во согласност со нормите на демократијата и слободата на изразување, кои американските власти му ги ветија на ирачкиот народ. (МИА)


Статијата е прочитана 488 пати.

Испрати коментар

Од: Далибор
Датум: 17.12.2008 08:58:46
А колку пари ли ќе вредеше чевелот ако го погодеше Буш? :-D
Од: Ameri
Датум: 17.12.2008 09:27:11
" Mirot i demokratijata" sto mu ja donese na Irak amerikanskata agresija predvodena od Bush go pretvori Irak vo vistinski pekol za ziveenje na zemjata. Pa i dobro pomina sto vrz nego frlaa samo cevli a ne nesto posilno i pojako.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Син го убил татка си со секира
Зимата од Европа ќе дојде и кај нас наредните денови
Зденко
Претходен број
Каде беше премиерот Груевски
Следната 2009 ќе биде тешка година
Зелени рецепти
Вербатим
Владата подготвува нови реклами
ЕЛЕМ пак ќе купува струја за не дај боже
Политиката и затворите
ОМО „Илинден“-ПИРИН го прозва Станишев
Чешка го враќа Западен Балкан на агендата
Карикатура
Прилепските сарми во битка за Гинис