Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Бура околу наградите „Јасмин“

Професорот Томе Неновски и новинарите Горан Момироски и Кадрие Зејнулаху се годинашни добитници на престижната награда за публицистика и новинарство за 2008 година „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Професорот Неновски и новинарката од Македонско радио, Зејнулаху, ја делат наградата за публицистика, додека наградата за новинарство оди во рацете на Момироски од А1 телевизија.

Конечната одлука за добитниците, која официјално се очекува да се соопшти в недела, веќе наидува на револт кај дел од кандидатите кои ја спорат исправноста на одлуката на Одборот што одлучуваше за кандидатурите за публицистика.

Според нив, зачудувачки е како една одлука што била донесена од Комисијата се променила на седница на Одборот при конечното гласање. На седница на Комисијата за публицистика најголем број гласови добил професорот Јове Кекеновски пред професорот Томе Неновски.

„Очигледно е дека при изборот имаше притисоци, што подоцна се виде и кога се избраа кандидатите кои победија. Некои од кандидатите беа прв пат соопштени пред Одборот, иако претходно не беа ниту споменати кога работеше Комисијата“, вели еден од незадоволните кандидати.

Инаку, според процедурата, пријавите на кандидатите се разгледуваат прво на седница на комисиите за публицистика и новинарство, а потоа и на седницата на Одборот, кој се состои од двете комисии, а брои тринаесетмина членови.

Претседателот на Одборот, Димитар Мирчев, уверува дека изборот на добитниците бил спроведен согласно со правилниците и дека нема ништо незаконско во поглед на процедурите околу добиените гласови.

„Ако некој се лути, не можеме да му помогнеме“, коментира

тој. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 361 пати.

Испрати коментар

Од: Marks
Датум: 17.12.2008 05:28:11
ha ha ha ha ha ha ha ha ha aaha ha ha.... Pa koja e vredonsta na nagradata ako e namesteno, i koj saka da primi "fake" nagrada! E jado....
Од: Аферим
Датум: 17.12.2008 16:23:11
Еден од добитниците на наградата е суден за криминал. ТАТ , штобеше тоа?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ДИК и Венециската комисија во акција за фер избори
НСДП оспори одредба од Деловникот
ДПА предлага нов Закон за јазиците
Двојна награда од ЕУ за Алсат М
ЕУ да се заложи повеќе за медиумите
Додовски најсериозен кандидат за лидер на ВМРО-Народна
ВМРО-ДПМНЕ во Куманово игра на поделбите на СДСМ
Штипската опозиција ги откри адутите за градоначалници