Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ИНТЕРВЈУ

Следната 2009 ќе биде тешка година

Ѓорѓи Јанчевски, претседател на УО на НЛБ Тутунска банка

Соња Маџовска
Нина Нинеска-Фиданоска


НЛБ Тутунска деновиве по четврти пат ја доби наградата за најдобра банка на годината од меѓународното списание „Банкер“. Што значи ова признание за Вас?

Тоа е признание за успешна работа. Покажува дека банката во континуитет остварува добри резултати, што од почетокот на нашето работење на некој начин е тренд и знак на распознавање на Тутунска банка. За нас наградата од „Банкер“ е посебно драга, затоа што е признание во услови кога финансискиот сектор во светот доживува кризни моменти. Таа на некој начин е потврда на сигурноста и стабилноста на банката, особено што ја добиваме по четврти пат.



Минатата недела Нова љубљанска банка откупи 27 отсто од акциите на ЛХБ банка во Тутунска. Дали тоа значи дека странските банки, поради потреба од готовина, ги продаваат акциите?

Станува збор за прегрупирање на акциите во рамки на групата на Нова љубљанска банка. Ако ви кажам дека Нова љубљанска ја поседува ЛХБ со над 97 отсто, тоа би било и одговор на вашето прашање.



Деновиве повеќе кругови предупредуваат на можноста од девалвација. Би значело ли тоа нов удар врз банкарскиот сектор?

Не би зборувал за девалвација, затоа што веројатно истите тие експерти што даваат вакви толкувања знаат дека девалвацијата е еднократна мерка и не ги решава структурните проблеми. Повеќе би рекол дека има некој благ притисок на курсот, кој се решава на пазарен начин. Девизниот пазар си функционира. Според мене, основно е Народна банка на Македонија да успее да ја задржи стабилноста на курсот на денарот и да нема висока инфлација. Евентуална девалвација не би решила ништо, туку само би иницирала спирала на инфлација, за потоа пак да почнеме со стабилизациони програми за да го достигнеме ова што сега го имаме. Затоа треба со сите сили да се задржи оваа монетарна стабилност, стабилноста на курсот и да се реши проблемот со трговскиот дефицит.



Но, изгледа како Владата да нема намера да го решава проблемот со трговскиот дефицит. Од друга страна, со обемниот буџет уште повеќе ја поттикнува потрошувачката. Како тогаш ќе се намали дефицитот?

Станува збор за група мерки кои не се едноставни. Народна банка си ја брка својата работа, а нејзини основни цели се монетарна стабилност во државата, што значи стабилен курс и ниска инфлација. За решавање на проблемот, бидејќи се работи за комплексен проблем, секој треба да си го одработи својот дел. Државата треба да реши како да се намали трговскиот дефицит, а за буџетскиот дефицит да се одреди кои би биле ефектите. Тоа што предлага државата - инвестиционо трошење на тој дефицит е една од мерките за надминување на рецесија. Така што како мерка на Владата ја поздравувам, затоа што мислам дека ќе помогне колку-толку да се ублажи рецесијата. Не би сакал да бидам песимистичен, но 2009 ќе биде тешка година.



Почнатиот тренд на зголемување на каматите на депозитите повлекува и зголемување на каматите на кредитите. Дали НЛБ Тутунска планира ново зголемување на каматите?

До крајот на годинава не планираме зголемување на каматните стапки. Треба да ни биде јасно дека кога е рецесија, значи дека одделни сектори ќе имаат проблем. Имено, тоа подразбира помал обем на работа и помалку депозити во банките. Кај населението тоа значи губење работа, намалени приходи и помалку штедачи. Однадвор не може многу да очекуваме средства, затоа што и странските банки имаат проблеми и стануваат затворени, а плус цените многу се зголемуваат. Ако цената на депозитите расте, апсолутно е јасно дека ќе порасне и цената на пласманите. Една од причините се и зголемените ризици. Ако сега одредени сектори имаат проблеми, банките ќе треба да ги прекласифицираат, односно ако клиентот бил во А-класификација, да оди во Б, или од Б во В. Тоа значи зголемени резерви и зголемени трошоци на банките. Тоа е она што ќе не' очекува во 2009 година. Сигурно нема да има намалување на каматите, сигурно нема да има зголемување на обемот на работење на банките. Добрите проекти и фирми постојано ќе бидат финансирани, но спрема одредени сектори банките ќе бидат повнимателни.



Бизнисмените и граѓаните стравуваат дека поради кризата ќе секне кредитирањето. Дали е веќе забавено темпото на кредитирање?

Банката ќе продолжи нормално да работи, но поселективно и поконзервативно. Добрите проекти и добрите компании не можете да ги оставите без кредитирање. До крајот на годината ќе одиме со нормално темпо. Според податоците што ги имаме, кај помалите банки како да е запрена активноста за кредитирање на населението и притисокот е префрлен на поголемите банки. Идната 2009 нема да биде убава година, а тоа ќе се одрази и на намалување на кредитите за населението.



Минатата година нашите банки, особено големата тројка, беа убедливо најпрофитабилни компании. Како очекувате да поминете на тој план оваа и идната година?

Годинава ќе ја истераме во рамките на планот. Но, проекциите за идната година ќе се одвиваат многу поинаку. За оваа година планираме профит од 10 милиони евра, слично како минатата година, што значи сметаме дека оваа година ќе заврши нормално. За идната година барем нашите планови се многу поскромни и во поглед на растот и во поглед на развојот. Очекувањата се дека нема да биде лесно.



Многу странски банки најавија серија отпуштања на вработени. Дали тоа може да ги очекува и нашите банки и, ако не тоа, дали може да се очекува намалување на банкарските плати?

Она што се случува таму ќе дојде и овде. Не може банките да бидат изолирани ако реалниот сектор го зафати рецесија или ако граѓаните не можат да ги враќаат кредитите. Не можете работите да ги гледате изолирани, се' е поврзано меѓу себе. Ако паднат моите фирми, ќе паднам и јас, и со приходи и со работење. Така што не сметам дека ќе дојде црно и песимистичко сценарио за да мораме да отпуштаме луѓе, но сигурно дека рецесијата нема да не' одмине.



Колку кризата ги намали заштедите во Вашата банка. Повлекуваа ли граѓаните заштеди во најкритичните моменти?

Водиме дневна евиденција. Од 1 октомври, па досега во нашата банка има пораст на заштедите од околу 20 милиони евра.



Но, дали имаше повлекување во деновите во екот на финансиската криза?

Имаше повлекување само на дневна основа. Може само да се каже дека штедачите како да бегаат од малите банки и се насочуваат кај големите. Кај нас повеќе се одеше на информирање од страна на штедачите, што повеќе беше психолошки поради она што го слушаа од светот. Таму беше пред колапс финансискиот систем. Досега во тој дел се држиме супер. Мислам дека Македонија во однос на она што се случува во регионот, сега има најдобра монетарна стабилност.



Продолжува ли уште трендот на претворање на заштедите од денари во евра?

Продолжува. Тоа почна уште ��ред одморите. Порано имаше период кога дури денарските заштеди беа повисоки од девизните. Сега граѓаните се вратија повеќе на девизните.



Влегувате во групата на големата банкарска тројка, која држи доминантен дел од пазарот. Дали е тоа добро за конкуренцијата во банкарскиот сектор? Дали на нашиот пазар имаат предност големите банки?

Дефинитивно имаат предност со самото тоа што им укажуваат доверба и граѓаните и фирмите. Очекување е во време на кризи да има и прочистување. Некои помали банки не би можеле да издржат во овие тешки моменти и конкуренција. Бидејќи во поголемите банки има и поголеми резерви, поголем пазарен удел и поголема профитабилност. Што значи, особено кај тие банки што немаат посилна мајка, да им даде некоја поддршка, може да се очекува и прочистување во банкарскиот сектор, некои помали банки потешко да можат да ја издржат конкуренцијата, што можеби и не е толку лошо затоа што кај нас можеби имаше и многу банки.



Тутунска банка гради нов голем објект во строгиот центар на градот. До каде се градежните работи и кога ќе се селите во новите простории?

Плановите беа до 20 декември да направиме свечено отворање на новите простории. Но, кога се гради, секогаш има пролонгирање, така што планираме тоа да го направиме во првата половина на јануари.


Статијата е прочитана 1303 пати.

Испрати коментар

Од: se slagam so naslovot
Датум: 17.12.2008 00:09:58
ne da ke e teshka nego nepodnosliva. zatoa to so vmrovchinjava i nivnite selski marifeti za popularnost edna godina mi trae 3 godini
Од: stevo bojler
Датум: 17.12.2008 01:42:17
Bravo Gjorgija, samo napred! Cestito za nagradata. Ali nema zbor, vi rabotat toa vrabotenite...kako krtici se. I sto se plasis, jaki ste vie, nema da ima problem za vasata banka u 2009.
Од: Спектатор
Датум: 17.12.2008 09:55:06
Директорот на НЛБ Тутунска банка има реални и објективни гледања на состојбите и предвидувања за наредната година. Затоа не треба да изненадува големиот број награди за банка на годината, за што искрено му честитам.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Огромен буџет за „лов“ на странски инвеститори
Реконструкцијата на мостовите продолжува во мај
Телекомуникациите засега отпорни на кризата
„Лукоил“ ги намалува инвестициите
Хрватска со 650 млн. евра за патишта
Се предлага одложување на бруто-платите
Нови банкомати на ТТК банка
Составот на МБИ 10 останува ист
Производителите на делови пред банкрот
Обама избра нобеловец по физика
Хрватскиот Собор го усвои буџетот за 2009
Ирската влада ќе им помага на шест банки