Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Се бара отворање на студентското радио

Група студенти вчера протестираа пред Ректоратот на Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, барајќи повторно да се отвори Студентското радио. Затворањето на радиото од страна на Ректоратот тие го оценија како „директна атака врз правото на говор на студентите“. Ректорот Велимир Стојановски вели дека радиото е ставено во мирување поради тоа што само за девет месеци биле потрошени 50 илјади евра за хонорари на студентите што работеле во радиото. „Овде побудите се други. Не станува збор ниту за вежбање ниту за практикување некаква настава, туку за нешто друго. Каде сте виделе практика на студенти и уште да им се плати за тоа?“, прашува ректорот. Во радиото, според него, работеле 22 студенти ангажирани за време на неговиот претходник Мартиновски и сите добивале хонорари, а им биле платени и сметките за мобилни телефони. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 278 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Дали ќе куртули од разрешување директорката на Пулмологија?
Доаѓаат поројни дождови и силни ветришта
Прилепските сарми во битка за Гинис
Протест на акционери од „Микрогранулат“ во Гостивар
Бесплатни прегледи за простата
Ниту денар отштета за пожарот во Битола