Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Хрватска со 650 млн. евра за патишта

Македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и неговиот хрватски колега Божидар Калмета на средба во Загреб вчера разменија искуства во активностите за изградба на патишта и процедурите за нивно издавање под концесија. Министерот Јанакиески истакна дека Македонија се подготвува за спроведување проект за давање под концесија на седум патни правци, а хрватскиот министер за море, транспорт и инфраструктура го презентираше начинот на изградба на патишта во Хрватска, истакнувајќи дека во последните пет години се изградени 460 километри автопат. „За таа намена Хрватска годинава одвоила 650 милиони евра, а Владата на секои четири години носи нов план за изградба на патишта“, информираше Калмета. Според најавите од Јанакиески, македонската Агенција за патишта наредната година за изградба на патишта ќе одвои 130 милиони евра. Јанакиески информираше и за модернизацијата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и на охридскиот „Св. Апостол Павле“ и за изградбата на европските коридори 8 и 10. (С.Н.)


Статијата е прочитана 124 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Следната 2009 ќе биде тешка година
Огромен буџет за „лов“ на странски инвеститори
Реконструкцијата на мостовите продолжува во мај
Телекомуникациите засега отпорни на кризата
„Лукоил“ ги намалува инвестициите
Се предлага одложување на бруто-платите
Нови банкомати на ТТК банка
Составот на МБИ 10 останува ист
Производителите на делови пред банкрот
Обама избра нобеловец по физика
Хрватскиот Собор го усвои буџетот за 2009
Ирската влада ќе им помага на шест банки