Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Собранието по старо – нема кворум

За одложувањето на седницата, опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ вината си ја префрлаа едни на други

Светлана Унковска

Собранието вчера повторно се соочи со старата болка - немање кворум, а претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, беше принуден да ги свика координаторите на пратеничките групи и двапати ја презакажуваше седницата во обид да обезбеди доволен број пратеници. Седницата беше прво закажана за 11 часот, па одложена за 12 часот и кога повторно немаше доволен број пратеници, по што Велјановски ја одложи за денеска.

Пратениците од опозицијата реагираа дека, и покрај обезбеденото двотретинско мнозинство на предвремените парламентарни избори, владејачките партии не можат да обезбедат кворум за работа на Собранието, со што паднале во вода обвинувањата дека токму опозицијата била таа што ја кочела работата. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги отфрлија ваквите обвинувања и вината за немањето кворум повторно ја префрлија на опозицијата.

„Собранието не одржа пленарна седница затоа што парламентарното мнозинство немаше кворум. Прашувам дали е ова истото ВМРО-ДПМНЕ коешто пред предвремените парламентарни избори бараше поддршка од граѓаните за да може да не се кочи преродбата и интересите на Македонија“, реагираше Цветанка Иванова, координатор на пратеничката група на СДСМ. Таа додаде дека, и покрај тоа што не се одржа седницата, пратениците ќе си ги добијат дневниците и трошоците, што за еден ден изнесува околу 15 илјади евра.

И либералдемократите прашуваат зошто премиерот Груевски бараше предвремени избори и обвинуваше дека опозицијата е главниот кочничар на Собранието кога повторно владејачкото мнозинство не доаѓа во салата.

„Главна теза на премиерот Груевски за одржување во��редни избори беше дека опозицијата ја кочи работата на Собранието. Тој на изборите доби двотретинско мнозинство, меѓутоа видовте дека само по неколку месеци, сепак, не можат да соберат кворум, и повторно се трошат огромни суми пари на граѓаните за дневници на пратениците кои не ги сработија“, истакна Андреј Жерновски од ЛДП.

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека, сепак, се работи за сценарио на опозицијата што им е познато уште од пред изборите.

„Во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагирам на повторниот обид на СДСМ за опструирање на работата на парламентот. За жал, ова првпат се случува во новиот парламентарен состав, за кое мислевме дека е нешто што заврши со предвремените избори и кое беше основната причина поради што парламентот беше неефикасен. Во парламентот има 120 пратеници и тие пратеници покрај обврските во Собранието имаат обврски и надвор од државата, така што ја делиме одговорноста за ефикасноста на парламентот“, истакна Николовски, кој додаде дека неговите колеги- пратеници биле во салата, а дека присутни биле само четворица пратеници на СДСМ.

„Повторно ги гледаме оние сценарија кога пратениците од СДСМ намерно не влегуваат во салата за да не може да почне седницата. Тоа е работа што ја гледавме во две мачни години на парламентот од 2006 до 2008, којашто го направи крајно неефикасен парламентот и направи стотици закони да не бидат донесени и која беше причина да одиме на предвремени избори“, со контраобвинување реагираше Николовски.


Статијата е прочитана 400 пати.

Испрати коментар

Од: himos
Датум: 17.12.2008 00:08:30
predlagam da Gvujo dobije 120 pratenici, inace tesko SDSM e kriva, Najnenormalna partija u svet nema
Од: bog da cuva
Датум: 17.12.2008 00:45:30
vcera eterot povtorno bese zatruen od izjavata na srednoshkolecot nikolovski koj za praznata sala ja obvini PAK OPOZICIJATA. demek sdsm ima dovolno pratenici da ja napolni salata na sobranieto, pa se vrati unazad do parlamentarnite - pazi i za niv bile krivi sdsm. a be ova funkcionerchinjava vo vmro po glupocha i kapacitet za pljukanje u dalj gi biraat izglea
Од: zabegan
Датум: 17.12.2008 09:14:35
koj sakate da vi pravi kvorum??? kade vise vasite pratenici i privezoci? si brkat privaten biznis a e taka ne moze . baravte mnozinstvo go imate koj vie sega kriv ?SDSM aj dosta so gluposti .
Од: Rade
Датум: 17.12.2008 09:44:01
Како не им е СРАМ на овие аздисани мрзи од ВМРО. Направија вонредни избори за да имале ‘доволен‘ број пратеници. Се ‘испотепа‘ народ на изборите, се испотрошија НАШИ пари за нивните ‘желби‘, Македонија ја ставија на Европското ѓубриште ...Но, го добија тој број пратеници и КАДЕ СЕ СЕГА? Земаат народни пари за плати и плукаат на ‘работата‘ во Собранието.
Од: mk
Датум: 17.12.2008 09:51:39
Во Март заедно со претседателските да се спроведат уште еднаш парламентарни избори за кои ВМРО-ДПМНЕ да донесе Закон со кој ке му се збрани на СДСМ да учествува.Ако освои 90 места од 120 пратеника,ВМРО пак нема да обезбеди кворум.Па тие работат и надвор од државата,затоа внатре не ги бива.Оваа власт најдобро ја потврдува поговорката„рѓавом к...у и длаке сметају„
Од: zelezara
Датум: 17.12.2008 10:06:51
Abe covek da se krsti so leva raka.Imaat parlamentarno mnozinstvo gi nema u sobranie i pak opozicija kriva.Sto ocekuvaat opozicija da im pravi kvorum?
Од: tetoec
Датум: 17.12.2008 10:07:07
Slikata vredi iljada zborovi
Од: Стојанчо
Датум: 17.12.2008 10:31:13
Срам и безобразлук и потценување на граганите. Па Николовски ,предвремените избори се спроведоа за да се освои двотретинско мнозинство за ДА НЕ СЕ ОПСТРУИРА ПАРЛАМЕНТОТ , 63 пратеници владеачка коалиција и пратениците од ДУИ , ЗНАЧИ МНОЗИНСТВО а вие ја напагате опозицијата зошто немало кворум ,па зарем мислите дека по ваша логика, бранисе така што ке го напагаш противникот не убедивте ? Ваков безобразлук и потценување на гласачите до сега немало. Не ги трошоте нашите пари и не аздисувајте затоа што сметката ке ви ја испорачаме ние граѓаните за кои мислите дека може да ги замајувате со вашата ароганција.
Од: Трпе
Датум: 17.12.2008 10:40:26
Е ова веке не пали.Македонскиот народ треба да се разбуди и да свати дека дпмне-овците не ги бидува за власт.Тиа се добри само за во опозицијаОва момчето со репчето се уплаши од казните за плукање на недозволено место па се сокри во мишја дупка.А оваа Аце нели е мало дете му се дозволува т да прави што сака.За плуканје на јавно место ,на дете ,се казнуват неговите родители.
Од: someone
Датум: 17.12.2008 14:48:08
Jas licno mislam deka i pozicijata i opozicijata se OPSEDNATI sami so sebe. Ste slusnale ili videle nesto da izjavat, napravat, nekoja konkretna strategija kon konkreten problem? Za kavga se potrebni dvajca, a za da ima mir, potreben e samo eden-rekol nekoj. Tie se sekogas samo dvajca opoziciija i pozicija, a narodot e tret i zaspan. Pozdrav.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Владата подготвува нови реклами
ЕЛЕМ пак ќе купува струја за не дај боже