Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Син го убил татка си со секира

Добре Николовски (50) бил убиен од синот додека лежел на кревет во куќата во Иванковци, Велешко

ВЕЛЕС – Ново грозоморно убиство во Велешко. Син го уби татка си со само еден удар од секира додека тој лежел на креветот во дневната соба во својата куќа во велешкото село Иванковци. Потоа го покрил со ќебе и два дена криел и молчел за грозоморниот настан. Дваесетгодишниот Роберт Н. е приведен и во полиција го признал убиството на татка си Добре Николовски (50), кое се случило во неделата изутрина. Според првичните претпоставки, мотивот за убиството биле претходни расправии и нарушени семејни односи меѓу таткото и синот.

Нетрпението кое веројатно подолго време тлеело во семејниот дом на Николовски ескалирало во неделата изутрина. Дваесетгодишниот Роберт за да стави крај на расправиите, во периодот меѓу 8 и 10 часот зел една од секирите кои ги имале во куќата и со тапиот дел му задал смртоносен удар на татка си, погодувајќи го во челото. За да си создаде алиби, низ селото се распрашувал дали некој од соселаните го видел татко му.

Добре работел како градежен работник. Откога не се појавил на работа, за него се заинтересирале и неговите газди, но синот и ним им одговорил дека го нема видено татка си.

Грозоморното убиство завчера телефонски го пријавил жител од селото Иванковци. По повикот, полицијата отишла во куќата на Николовски и го привела Роберт. Откако полицијата утврдила дека неговиот исказ е лажен, тој во детали опишал како го извршил убиството на својот родител.

Добре Николовски живеел во семејната куќа во Иванковци со двата сина. Неговото тело е предадено во судска медицина на обдукција, а полицијата ги пронашла сите докази.

Против Роберт Н. полицијата вчера поднесе кривична пријава за убиство. Тој од претходно и' е познат на велешката полиција. Сторил кривично дело тешка кражба кое го извршил додека бил малолетен поради што од надлежните институции добил мерка засилена контрола од родител. Осомничениот е предаден на истражен судија. (С.Ќ.Н.)


Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Од „Макстил“ тврдат дека не ја скриле несреќата со работникот
Маневски се заинтересира за „Ореше“
В петок пресуда за Кирил Тодоровски
Богданчанец ранет со ловџиска пушка
Малолетник прободен со нож во Чаир
МВР на суд треба да ја повлече тужбата за Шекеринска
Исчезнат прилепчанец пронајден мртов