Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Тито без маска“ продадена во илјада примероци

Издавачката куќа „Младинска книга“ од Скопје во соработка со „Култура“ денеска во 18 часот организира дебата по повод продажбата на илјадитиот примерок на книгата „Тито без маска“ на словенечкиот автор Миро Симчич.

Трибината ќе се одржи во просториите на книжарницата на „Култура“ во Ристиќева палата, а медијатор ќе биде познатиот професор и политиколог д-р Димитар Мирчев. Во текот на дебатата предвидено е да бидат читани делови од книгата.

Авторот на книгата „Тито без маска“, Миро Симчич, напоменува дека „се обидел да напише чесна книга за Јосип Броз Тито и за едно време, без интенција да ги разубавува, глорификува или минимизира делата и улогата на Тито во животите на луѓето од една држава наречена Југославија, но и Тито како значајна политичка фигура на географската карта на светот во 20 век. Ние мислиме, вели Симчич, дека временската дистанца од речиси три децении по смртта на Тито и речиси две децении по распаѓањето на Југославија создава можност за една пообјективна перцепција и портретирање на ликот на Тито“.

Политикологот Димитар Мирчев од свој агол ќе пријде во доживувањето и толкувањето на оваа интересна книга, со надеж дека на учесниците ќе им биде тоа уште една интересна вечер и убаво дружење. (Н.П.)


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар

Од: Janko Tomov,Avstralija
Датум: 17.12.2008 06:49:23
Malku po malku neprestaneto go truete demokratskiot duh na makedonecot, koj shto od komunistot Tito i negovite makedonski poraneshi skoevci i deneshni komunjari (deca na bivshite komunisti i segashnite socijalisti), koi go dovedoa do ovoa deredje makedonecot i Makedonija! Koga ke prestanete da gi promorirate delata na komunistite ke napravite golem cekor za makedonskoto obidinuvanje i opsht prosperitet na makedoncite. Koga ste taka svesni i pametni zoshto ne se otkazete od edniumieto i zoshto ne go iizgraduvate ubrzano demikratskoto kapitalisticko opshtesto, za makedonija da vleze vo NATO i EU so svoite makedonski nacionalni obelezja i so ustavnoto ime? Vashata inteligencija i e potrebna na namaceniot i iseleniot Makedonec, pominete na prakticizmot, a ne na demogogijata, koja caruva so ovavi temi i drugarstvuvanja vo vashite prosocijalistichki medijumi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Денови на македонскиот етнолошки филм
„Карамазови“ на Петар Зеленка вечерва на „Синедејс“
Цревоугодноста е контрапродуктивна за креативниот чин
Македонската филхармонија ќе свири премиерни дела
Платените убијци се неодолив магнет за публиката
Премиера на куклената претстава „Девојчето со кибритчиња“
Во Кинотека филмот „Ангели на отпад“
Промоција во Институтот за македонски јазик