Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Зелени рецепти

Јасмина Јовановска

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ги тресе рецептоманија. Овие две клучни институции од здравствениот сектор се „истепаа“ кој да измисли попаметно решение за „хроничниот“ рецепт. Прво, Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за „хроничен“ рецепт за лековите од фондовската листа. А не помина ни една недела кога и Министерството за здравство (читај: Бирото за лекови) истрча со нов вид рецепт, меѓу кој го протна и рецептот за хронично болните. Но, „хроничниот“ рецепт на Бирото за лекови, иако е составен како да е за фондовски лекови, ќе важи само за лековите купени на приватно.

Промовирањето два модела за „хроничен рецепт“ за толку кусо време, без разлика што се за различни листи на лекови, фондовска и приватна, место подостапни лекови, на пациентите им донесоа само збрка. Збунети останаа и аптекарите, а најмногу Фондот за здравствено осигурување, со што уште еднаш се потврдија некоординираноста и нетрпеливоста со Министерството за здравство. Или, пак, можеби Бирото за лекови сакаше само да му покаже на Фондот како треба да изгледа еден „хроничен“ рецепт. Но, во трката за докажување, по се' изгледа, Министерството за здравство заборави на правата на пациентите. Па, покрај тоа што не знаат кој рецепт за кој лек ќе биде, со рецептите во боја болните ќе се жигосаат како да се добиток, а не луѓе кои имаат право на приватност. Џабе што Министерството за здравство промовира права на пациентите кога на секој чекор ги прекршува. Прво со камерите во болничките соби, а сега и со колорните рецепти.

Недозреаните постапки како да станаа практика во здравството. Затоа и не чуди што Министерството за здравство со се' што се зафати да реформира досега, во практиката киксна.


Статијата е прочитана 283 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Син го убил татка си со секира
Зимата од Европа ќе дојде и кај нас наредните денови
Зденко
Претходен број
Каде беше премиерот Груевски
Следната 2009 ќе биде тешка година
Десет милиони долари за чевелот фрлен кон Буш
Вербатим
Владата подготвува нови реклами
ЕЛЕМ пак ќе купува струја за не дај боже
Политиката и затворите
ОМО „Илинден“-ПИРИН го прозва Станишев
Чешка го враќа Западен Балкан на агендата
Карикатура
Прилепските сарми во битка за Гинис