Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Пол Инс доби нога во Блекбурн

Блекбурн вчера по итна постапка го отпушти тренерот Пол Инс, кој издржа на „Ивуд парк“ само шест месеци. Роверс доживеа шест порази по ред и сега е само на пет бода од зоната за испаѓање. „Со голема жал можам да ви кажам дека од денеска Инс не е повеќе тренер на Блекбурн“, изјави претседателот на клубот Џон Вилијамс и додаде: „Три победи во 17 меча за клуб кој минатата сезона заврши како седми е премалку. Сега сме во опасната зона. Мора да се фокусираме во пронаоѓање на соодветна замена за Инс, која би не одржала во елитата. Инс е голем борец, но ете не се снадје, му посакуваме успех и среќа“.

Инс, кој има 41 година, требаше да остане во Блекбурн до 2011 година (пред тоа ги водеше Маклесфилд и Милтон Кејнс Донс), но не успеа добро да го замени Марк Хјуз, кој замина во Манчестер Сити. Тој е шестиот тренер во Премиерлигата кој сезонава заминува од својот клуб: Ален Курбишли, Кевин Киген и Рој Кин ги напуштија Вест Хем, Њукасл и Сандерленд, а Реднап замина од Портсмут за да го замени отпуштениот Хуанде Рамос во Тотенхем.

Бундеслигата најгледана во Европа



Германската елитна лига уште еднаш покажа дека е на самиот врв, а сезонава остварен е рекорд во посетеност на стадионите. Кога се' ќе се собере 153 меча во 17. кола ги следеле вкупно 6,254 милиони гледачи, што е најдобра посетеност во Германија по 1963 година. Просечната бројка на гледачи по натпревар изнесува 40.000, а најсакана е Борусија Дортмунд, која ја гледаат во просек 72.934 гледачи. Зад неа се наоѓа Баерн со 69.000. Најмала посета има на натпреварите на Котбус - 15.000.

Најблиску до Бундеслигата е Премиерлигата. Во досегашниот дел од сезоната одиграни се 17. кола и 169 меча, кои вкупно ги виделе 5,896 милиони гледачи, а просекот изнесува 35.235 гледачи.

Бекенбауер: Ренсинг како аматер



Голманот на Баерн, Михаел Ренсинг, го изнервира претседателот Франц Бекенбауер, кој не можеше да издржи и го опиша како аматер по шокантното реми во Штутгарт 2:2. Токму киксот на 24 годишниот голман му овозмжи на Кедири да го постигне израмнувачкиот гол во 90 минута.

„Кога голманот ќе излезе од голот мора да ја собере топката. Начинот на кој Ренсинг се обиде да ја исфрли топката беше тотално аматерски“, смета Бекенбауер. „Тој е добар голман на линија, но мора да научи како да реагира при излегувањата и боксирањата. Мора да бидеме стрпливи. Се сеќавам дека така грешеше Касилјас, кога почнуваше на голот на Реал М.“, додаде Бекенбауер.

Шок во Барса: Кројф го критикува Меси, а го фали Реал М



Една од најголемите играчки легенди на Барселона Јохан Кројф ја шокира тамошната јавност со изјавите по големата победа на Каталонците над Реал М. 2:0. Имено, Холанѓанецот го критикуваше најдобриот домашен фудбалер Лео Меси, за кого кажа дека барал ќотек од играчите на Рел М. „Мадриѓаните го тепаа цел меч, но тоа сам го бараше. Секогаш ќе бидете фаулирани ако играте околу средината на теренот. Реал тоа го знае и подготвен е да прави прекршоци за кои нема да биде казнет“, напиша Кројф во својата анализа за каталонскиот дневник „Ел периодико“.

Тој смета дека Меси требало да игра повеќе кон голот на Реал , каде што сите фаули би значеле половина гол. Покрај критиките за Меси, Кројф ја пофали играта на Реал, кој според него знаел да се адаптира на секоја ситуација.


Статијата е прочитана 270 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Хеј со пресечената глава на Кличко во своите раце
Субару се повлече од СП во рели
Повторно му се заканува агонија на Вардар
По ЕП, погледите се вртат кон СП
Нема кој да го сопре Бостон
Работнички Ф. без илузии во реваншот со Галатасарај