Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Дали ќе куртули од разрешување директорката на Пулмологија?

Притисок да не и' се испорача решението на д-р Димитревска бил од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Решението за разрешување на в.д. директорката на Клиниката за пулмологија, д-р Деска Димитриевска, што го донесе министерот за здравство Бујар Османи, откако се констатира незаконско трошење на спонзорски средства од касата на клиниката, вчера имало обиди да се стопира. Притисокот да не и' се врачи решението на д-р Димитревска, како што неофицијално дознаваме од партиски извори, доаѓал од одредени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од одреден претставник во ова партија кој е во роднински врски со лекар кој работи на Клиниката за пулмологија. Се барало решението за разрешување на директорката Димитриевска да се повлече, или во крајна линија да се стопира, велат извори од ВМРО- ДПМНЕ , бидејќи било донесено многу брзо и се инсистирало случајот да се провери уште еднаш.

Во Министерството за здравство, пак, се категорични дека нема повлекување на решението за разрешување на д-р Димитриевска, посебно што се утврдени неправилности во трошење пари од клиничката каса. И покрај ваквото тврдење, д-р Димитриевска вчера попладне ни изјави дека се' уште не го добила решението за разрешување.

Од Министерството тврдат дека не се пишманат за разрешувањето, и дека прашање е време кога решението ќе и' се врачи на д-р Димитриевска.

„Не е точно дека решението за разрешување е повлечено“, вчера ни изјави министерот за здравство, Бујар Османи. Но, тој не сакаше да коментира дали врз него и неговата партија имало притисоци од коалицискиот партнер, сепак, да размисли за разрешувањето на д-р Димитриевска.

Првиот лекар во државата се одлучи да ја смени д-р Димитриевска од в.д. директор на Клиниката за пулмологија откако и��спекцијата утврди неправилности околу спонзорските средства наменети за организирање конгрес. Овие пари Организациониот одбор си ги поделил процентуално според правилник што бил донесен десет дена по завршување на конгресот. Претседателот на одборот, кој наедно е в.д. директор на Клиниката, добил 200 илјади денари, копретседателите по 100 илјади, а членовите на одборот од 20 до 40 илјади денари. Д-р Димитриевска тврдеше дека парите биле заслужени и заработени средства на членовите на Организациониот одбор.

Покрај тоа што ќе се разреши директорката, министерот рече дека ќе се бара да се вратат парите на сметка на буџетот на клиниката. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар

Од: bravo bujar osmani
Датум: 17.12.2008 00:42:38
hahhah, se ceka da i se vraci reenieto...kako po gulab da go ispratile; izbrzano bilo...a ne bese izbrzano koga na ilinden go pritvaravte buchkovski kako da e tapkarosh. ama cim e vmrovka doktorkava, neka, koga moze alarova da e eliot nes t.e. nedopirlljiva zasto pa doktorkava da ne e. si zela pari zenata, a koj ne zima vo vmro neli se vo 10 upravni odbori 24/7
Од: doktor
Датум: 17.12.2008 06:15:03
pa neli vo ovaa vlada i site nejzini imenuvani se cesni nema kriminal no kako sto izminuva vremeto ke se ubedi maedonecot deka sve e laga i falba i koga ke padnat od vlast ( zatoa sto sega sami nema da se otkrivaat nese tolku zabegani )aferite so tenderi.prodazbi uvoz na struja rekalmi i dr ke gi otkrie nekoj drug retko se slucuvs ako si do bureto so med da ne brcnes prst i da ne liznes toa e staro i nepromenlivo pravilo na kraj i Grujo kako LJubco ce izleze i ke kaze ; KRADEVME NO IMASE I ZA VAS ;
Од: Zoran
Датум: 17.12.2008 09:19:38
Зошто во написот кажувате во завиена форма ‘одреден пратеник кој е во роднински врски со некој од пулмологија барал стопирање на решението ...‘. Зошто не кажете дека е тоа пратеникот Влатко Ѓорчев чиј што татко е професор на Пулмологија и лобираше Деска да биде директор.
Од: МАКЕДОНЕЦ
Датум: 17.12.2008 09:25:14
Сега веќе сум уверен дека трвдењата околу можниот линч на дотичниот качак бујар се вистинити. Абе луѓе, разберете дека тие качаци не работат за нашава држава, туку гледаат да земам што може да се земе и што уствари останало да се зема. Поздрав до буци и пази се качак низаеден!!!
Од: mk
Датум: 17.12.2008 10:17:14
Ако е точно тоа што го пишува Зоран,каде ли ке му биде образот (ако воопшто го има)на спомнатото лице.Ке бара ли да се завртат камерите во собраниската сала да се види каде се крие.Грујо под итно да ја апси директорката,аминистерката за внатрешни да обезбеди лисици и ТВ по можност Сител
Од: остваруваме
Датум: 17.12.2008 10:52:05
Пак ќе речам -Гордано! Камо спектакуларно апсење, како што беше во случајот со др.Докиќ.И после борбата против криминалот не била селективна,ма немој жити мајка.
Од: Dr
Датум: 17.12.2008 13:05:18
Eh koga kje namestish kolega kako shto barem se shireshe deka taa go namestila Prof Dokic eden den kje ti se vrati.Zatoa povekje da si se pochituvame megjusebno nezavisno od partiskata pripadnost.Kako fela treba da se shtitme povekje kako vo drugite zemji a ne glavna perokupacija da ni bide da namestime nekoj..kolega ..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Доаѓаат поројни дождови и силни ветришта
Прилепските сарми во битка за Гинис
Протест на акционери од „Микрогранулат“ во Гостивар
Бесплатни прегледи за простата
Се бара отворање на студентското радио
Ниту денар отштета за пожарот во Битола