Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ВМРО-ДПМНЕ во Куманово игра на поделбите на СДСМ

КУМАНОВО - Симпатизерите на СДСМ во Куманово на претстојните локални избори ќе избираат градоначалник меѓу двајца кандидати, актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски и сегашниот лидер на кумановските социјалдемократи, Виктор Цветковски.

За еден од овие двајца треба да пресече централата во Скопје. Неофицијално, при изјаснувањето на седницата на Општинската организација на СДСМ, Виктор Цветковски добил 13, а актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски 7 гласа. Според резултатот од гласањето, расположението на партиската база на СДСМ во Куманово е на страната на Виктор Цветковски.

Во кулоарите нa социјалдемократите изминатите неколку месеци ваков исход од активностите околу профилирањето на кандидатите за градоначалничкото место се очекуваше речиси со сигурност поради излегувањето на градоначалникот Дамјановски од редовите на СДСМ и неговото враќање пред два месеца. Тој во меѓувреме изјави дека, доколку не биде прифатен како кандидат на СДСМ за градоначалник, тогаш ќе излезе како независен кандидат.

На ваквите случувања во СДСМ раце тријат во кумановската ВМРО-ДПМНЕ. Тие знаат дека со поделеноста во редовите на нивниот политички противник на ВМРО-ДПМНЕ му се дава историска шанса прв пат да го освои градоначалничкото место во Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ се' уште не ги соопштува имињата на своите кандидати. На вчерашната прес-конференција вмровците соопштија дека до централата во Скопје се испратени имања на петмина нивни кандидати. Меѓу нив се вртат имињата на двајцата пратеници Петар Поп Арсов и Дарка Петрушевска. (Ст.Б.)


Статијата е прочитана 1025 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 17.12.2008 00:29:52
ako e ova vo tekstot tocno, aram da im e na sdsm. pod hitno zaev za usi da gi fati site sitni profitercinja sto ne gi zanima idninava na drzavata i sto od licni ega i interesi rovarat i predizvikuvaat delbi. i na kloci nadvor.
Од: makedon
Датум: 17.12.2008 04:55:47
pa sto vie krivo vmro koga vie od sds samite sui gi kinite nozete , pa poslem krivi vi se vmro , reklami , arheolozi, sportski sali , sds se dobri samo za kodosenje i sabotazi da pravat da ja kochat makedonija i nejzinata perspektiva , zatoa ke ve snema sds za sekogas.
Од: toni ku
Датум: 17.12.2008 09:32:41
pero pop arsov on za kumanovo e izbrisan od gradani ja sam od vmro i bi glasaja za zoran damjanovski ili treka opcija od na dragana coveka on mi duzi na mene 8 plate
Од: Vase
Датум: 17.12.2008 09:57:17
Mnogu si glupav be Makedon.Te zalime.Ama sto da se pravi.Takva ti bila sudbinata.Od tebe nisto nemoze nitu posebno da se procita nitu da se razbere...Prijaten den.
Од: mene
Датум: 17.12.2008 10:04:35
Petar Pop Arsov neka se kandidira i SDSM nema sto da se plasi. Maliot shizo-Hitler ne go saka nikoj vo Kumanovo. SDSM treba da go nagovorat da se kandidira.
Од: Бастион
Датум: 17.12.2008 10:06:42
Нема колебање.Дамјановски како член на СДСМ,треба да и помогне на матичната партија,а не да и поставува ултиматуми и услови.Партијата пред се,а не личните интереси.Доколку продолжи вака г-нот Зоран Дамјановски,г-нот Зоран Заев,треба подхитно на клоци да го истера Зоран Дамјановски од СДСМ,нека оди нека биди независен,нека го гласа на избори,неговата жена,мајка му и татко му,и 2ца роднини,3ца комшии,и 5на пријатели.Треба да биде свесен Зоран Дамјановски дека со неговото кандидирање како независен градоначалник,му помага само на Вмро-Дпмне.
Од: Napoleon
Датум: 17.12.2008 14:23:17
Treba da se zaprasa kvazipoliticarot anonimus Viktor Cvetkovski t.n "lider" na OO SDSM ,koj okolu sebe ima 13 clena na IO i 50 potrckovci ("partiska baza") dali treba vo vakov tezok period da ja deli partijata i da gi zasituva licnite apetiti, bidejki nego ni komsiite ne go sakaat a ne pak gradjanite na grad Kumanovo.
Од: Кумановец
Датум: 17.12.2008 16:21:02
Член сум на Сдсм и навистина ми е жал да неможе да се најде кандидат кој е чесен и почитуван од граѓаните а токму сега таков ни е потребен. Инаку сум невработен но сепак ќе гласам за сегашниот градоначалник Дамјановски бидејќи досега најмногу направи за градот

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ДИК и Венециската комисија во акција за фер избори
НСДП оспори одредба од Деловникот
ДПА предлага нов Закон за јазиците
Двојна награда од ЕУ за Алсат М
ЕУ да се заложи повеќе за медиумите
Додовски најсериозен кандидат за лидер на ВМРО-Народна
Бура околу наградите „Јасмин“
Штипската опозиција ги откри адутите за градоначалници