Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

ЕЛЕМ пак ќе купува струја за не дај боже

Во изминатите 50 години немало тендер за увоз врз база на претпоставен недостиг и со рамковни спогодби

Маја Томиќ

ЕЛЕМ има намера да увезе уште струја за наредната година. Иако се' уште не завршил последниот тендер и не е избрана најповолната понуда за набавка на струја за првите четири месеци од наредната година, вчера државната компанија објави повторно меѓународен тендер.

Во него ги нема бараните количества, ниту други детали кои обично ги имаше во сите досегашни тендери, освен тоа дека набавката е за период од една година. Крајниот рок за доставување пријави е до 24 декември, а не е посочено какви квалификации треба да имаат компаниите од кои ќе се купува струјата. ЕЛЕМ ќе го врши изборот на кандидатите преку утврдување на нивната способност за извршување набавка на струја и потоа ќе склучува рамковни спогодби со понудувачите. Потоа ќе се одредат количествата на струја за одреден период и ќе се прави прибирање понуди.

Ова е преседан во долгогодишната историја на македонското електростопанство, коментираат познавачи на состојби, кои прашуваат зошто досега немало потреба од вакво нешто? Тие велат дека ЕЛЕМ оди сигурно на варијантата дека наредната година ќе има многу падови во производството и зависно од тоа колку денови ќе траат, за толкави количества струја ќе се потпишуваат договорите, а тоа ќе се случува повеќе пати годишно. Со оглед на тоа што тендерот трае само до 24 декември, повеќе од сигурно е дека ЕЛЕМ веќе има предвид од кои приватни компании ќе купува струја. И во минатите години нормално било еднаш или два пати годишно да има падови во системот, но потребната струја се набавувала од соседите, најчесто од Бугарија, за што постоеле интерни договори меѓу МЕПСО и НЕК. Никогаш немал�� потреба од рамковни спогодби и објавување меѓународни тендери, што е непознатост во досегашната практика, коментираат експерти.

Тоа дека ова е прв конкурс од ваков вид потврдуваат и во ЕЛЕМ, од каде што велат дека се' се прави транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки. Целта е, ако случајно дојде до недостиг од струја, да може веднаш да се интервенира. До нерамнотежа во системот би можело да дојде ако, на пример, паднат многу зимските температури и се зголеми консумот на струја, или ако се намалат хидроакумулациите, па ќе мора за потребната струја да се интервенира со ваков увоз.

Овој потег на ЕЛЕМ е збунувачки и ако се има предвид дека, заедно со нафтата, растечките количества увозена струја драстично влијаат на зголемување на трговскиот дефицит на земјава, кој достигна веќе до 2,4 милијарди долари.

Со последниот тендер за увоз, за периодот јануари - април 2009 година, се побаруваат 350 мегават-часа, колку што се купија за цела 2008 година.

За тоа треба да се платат околу 30 милиони евра, бидејќи просечната цена на еден мегават-час е 90 евра. ЕЛЕМ најави дека задолжително ќе набави 80 ггвч., а остатокот ќе и' биде понуден на „ЕВН Македонија“. Овие количества се значително поголеми од набавките во претходните години.

На пример, за цела 2006 година државата побаруваше 269 мегават-часа струја, со просечна цена од 45 евра за мгвч., за што се платија околу 120 милиони евра. Тоа, пак, беше двојно повеќе од парите дадени за увоз на струја во 2004 година.

За периодот мај 2007-април 2008 година, беа побарани 240 мегавати при просечна цена од 72 евра за еден мгвч. На крајот на минатата година, МЕПСО објави тендер за набавка на 578 мегават-часа струја за цела 2008 година при максимална цена од 109 евра за мгвч. Тоа по кусо време се покажа како недоволно, па затоа во март годинава беше распишан тендер за интервентен увоз на уште 211 мегават-часа, со просечна цена од 86 евра за мегават-час, за што се платија дополнителни 18 милиони евра.

Експертите веќе и' порачаа на Владата да го заузда увозот, да ги зајакне домашните капацитети и да инвестира во нови. Македонските академици неодамна посочија дека Владата мора да преземе итни мерки за да го стопира постојаниот раст на увозот и да прави напори за зголемување на домашното производство.

Според професорот Атанаско Туневски, со тоа што државата од пред една година нема обврска да ги снабдува со струја големите компании, кои трошеа 40 проценти од домашната струја, и што на „ЕВН Македонија“ и' се признаваат само 11 отсто од техничките загуби, капацитетите треба, генерално, да ги задоволат потребите на земјата и да се увезуваат мали количества.

„Ако ЕЛЕМ работи со максимум капацитети од околу 6.000 гигават-часа струја, тогаш нема потреба од увоз. Според постапките на ЕЛЕМ, очигледно е дека домашното производство не е ни приближно толкаво колку што треба да биде, туку многу помало“, вели Туневски.


Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар

Од: VMK
Датум: 17.12.2008 01:18:28
Да не се прекупци,накупци,па е дилаат некаде со договор,или само фиктивно е купуваат....добар е тој Чинго...бре го срами името на Живко...Позз. од Охрид
Од: mr.provizija
Датум: 17.12.2008 10:13:17
Се видело дека била недоволна таа количина па се набавила и друга. Не драги мои се видело колку е добра провизијата па затоа се набавила дополнителна количина.А стручњакот Туневски друго зборуваше со -гласот на светлината и додека беше директор на Елем.Дури сега свати дека бил за еднократна употреба од Дпмне.
Од: Trajko
Датум: 17.12.2008 12:07:00
Chist kriminalen biznis na kako shto ja narekuvat EPP vladata na RM.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Собранието по старо – нема кворум
Владата подготвува нови реклами