Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ОМО „Илинден“ - ПИРИН го прозва Станишев

Бугарскиот премиер се плаши, вели во својата реакција партијата на Македонците во Бугарија

ОМО „Илинден“-ПИРИН реагира на изјавата на бугарскиот премиер Сергеј Станишев дадена во Скопје дека партија не сака да го испочитува законот и да се регистрира и оти проблемот не е политички.

Партијата на Македонците во Бугарија по повод изјавата на бугарскиот премиер во Скопје, прашува:

Зошто Станишев толку се труди да ја убеди македонската јавност дека од ОМО „Илинден“‘-ПИРИН никој во Бугарија не се плаши, кога никој за тоа не го ни праша?

Ако не сакаме да бидеме регистрирани, како се случи да бидеме регистрирани во 1999 година?

Како тогаш успеавме да ја почитуваме законската процедура, а сега никако да го постигнеме тоа?

Има ли врска регистрацијата на партијата во февруари 1999 година со молбата за добивање датум за почеток на преговори за прием во Европската унија поднесена истиот месец од Бугарија?

Има ли врска забраната на партијата во февруари 2000 година со добивањето на бараниот датум за преговори две недели пред тоа?

Како може да се објасни феноменот дека ниту пред тоа ниту потоа не успеала во Бугарија да се регистрира ниту партија ниту здружение кое си поставува цел заштита на правата на македонското малцинство во Бугарија?

Како е можно сите 350 регистрирани партии во Бугарија да можат да ја почитуваат процедурата, а само порано регистрираната ОМО „Илинден“-ПИРИН да не успева, без разлика на адвокатите што ги ангажира?

Има ли тоа врска со фактот дека за разлика од регистрираните 350, ОМО „Илинден“-ПИРИН единствена признава и се бори за правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија?

Кој сака ОМО „Илинден“-ПИРИН да нема регистрација; дали самата таа кој�� се регистрираше во 1999 година и досега има внесено пет молби за регистрација или државата што и' ја одзеде регистрацијата и ги одбива сите нејзини молби?

Кој беше осуден од Европскиот суд за правата на човекот – ОМО „Илинден“-ПИРИН? Ако Бугарија ја има исполнето пресудата на тој суд, зошто Комитетот на министрите одбива да го затвори случајот?

Ако плаќањето на паричната казна значи исполнување на пресудата, зошто Комитетот на министрите инсистира за реститутио интегриум (враќање на нарушената состојба)?

Имајќи го предвид овој став на Комитетот на министрите, што има направено Бугарија за да ја врати регистрацијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН?

Дали постојаното менување на законот, толерирањето на слово на омраза спрема Македонците во Бугарија, акциите за компромитирање на ПИРИН од службата за безбедност и викањето на сите членови на партијата во полицијата се диктирани од желба да се помогне и да се олесни нејзината регистрација или претставуваат саботажа на исполнувањето на пресудата на Судот во Стразбур?

Имајќи ја предвид позицијата на Комитетот на министрите, како поинаку може да се толкува тврдењето на Станишев дека Бугарија ја има исполнето пресудата со плаќањето на паричната казна, освен како одбивање да се изврши пресудата и спротивставување на регистрацијата?

Ако владата не се меша во работата на Судот и нема против регистрацијата на партијата, зошто ги викаше сите членови во полицијата?

Ако Станишев не сака да се меша во работата на Судот, со кое право дава оцени како ги почитувала ОМО „Илинден“-ПИРИН законските услови?

Дали поради малиот гласачки потенцијал на ОМО „Илинден“-ПИРИН добро информираните бугарски служби за безбедност направија се' за да ја спречат регистрацијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН? Осумнаесет години демократија, а само една година допуштени само на едни избори!

На каков начин ОМО „Илинден“-ПИРИН е центар на внимание кога во Бугарија таа е под капата на медиумско затемнување веќе две години?  Во времето кога беше „центар на внимание“ во Бугарија, таа беше сатанизирана, навредувана и оклеветена во медиумите. Дали постои човек кој свесно би ги нарушувал правилата за да остане надвор од политичкиот живот од желба да биде жртва на таков вид „внимание“?

И по сето тоа, дали она што го кажа Станишев, всушност, не е доказ за постоење силен ирационален, но сосема реален страв од македонското малцинство и од неговите заштитници во Бугарија?

И бидејќи според веќе утврдената државна традиција на нашите прашања никој во Бугарија нема да одговори, им препуштаме на нормалните луѓе сами да си одговорат. (Макфакс)

Нема нота за подбивањето на Станишев

Невообичаено е во дипломатската практика и при официјална посета на висок претставник на една држава домаќинот да реагира со протестна нота – изјави вчера Зоран Петров, заменик-министер за надворешни работи, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе следува реакција по завчерашните неумесни „коментари“ на сметка на Македонците во Бугарија од страна на премиерот Сергеј Станишев.

Бугарскиот премиер во Скопје се подбиваше со лидерите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН кои, според него, не би биле повеќе „интересни“ доколку партијата биде легално регистрирана. Тоа го изјави на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Никола Груевски кој, освен кимнувањето со глава, не реагираше на ова.

Заменик-министерот Петров, по серијата прашања поврзани со настапот на Станишев, рече дека „домаќинот можел да реагира“. Тоа беше прес-конференција на двајца премиери и протестна нота во овој случај би била невообичаена, рече Петров. Според него, веќе имало реакции во весниците, а реагираа и претставниците од ОМО „Илинден“ - ПИРИН. „Тоа е сосема доволно“, рече Петров.

Прашањата беа упатени на прес-конференција свикана по повод тркалезната годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и 13 европски држави, за што денес во АРМ ќе се одржи централна свеченост под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“. (Д.Ч.)


Статијата е прочитана 2131 пати.

Испрати коментар

Од: Todor
Датум: 17.12.2008 00:22:23
Nie mozheme da chitame ushte tripati podolgi komentari od OMO Ilinden, no toa nema da ja izmeni situacijata, t.e. deka 99 procenti od makedoncite vo BG se chuvstvuvaat bugari. Najgolemite bugarski nacionalisti vo BG se makedoncite, a tie nekolku iljadi, shto se chuvstvuvaat makedonci se ostatoci od makedoniziranje posle dogovorot megju Tito i Dimitrov. Po direktiva na Moskva trebashe da se formira Sovetska Balkanska Federacija, a Makedonija kako Republika trebashe da gi amortizira neprijatelstvata megju Bugarija, Grcija i Srbija.
Од: makedonec
Датум: 17.12.2008 00:31:12
citajki go tekstov mi padna na um edna ideja..Zosto clenovite na OMO ''ilinden'' ne probaat da registrirat partija koja ke nema Makedonski predznak nitu pak ke ima nesto makedonsko se so cel samo da se registriraat kako partija [neka bide toa partija na pr. od ''gragani na Bugarija''.....Otkako ke se registriraat togas neka dojde do smena na prvite lugje t.e. neka dojdat segasnive lideri na OMO ''Ilinden''i neka rabotat vo interes na Makedoncite vo Bugarija......Ova go kazuvam laicki no ne gledam drug izlez za registriranje na partija koja ke gi stiti interesite na tamosnite Makedonci.......Gledate deka vlasta vo Bugarija ''muva ne gi lazi '' za registriranje na partijata......Treba da se bide mudar i da se nadmudrat i tie kako sto gi nadmudrija OMO ''Ilinden'' so registracija na partijata samo zaradi clenstvo vo EU.....pa posle ja ukinaa....Bidete mudri Makedonci vo Bugarija nie sme so vas.........
Од: Djambazov
Датум: 17.12.2008 01:08:25
Kako e mojno, Makedonecot Stanishev da gi negira makedoncite vo Bugaria? Nekoj da mi go razasni toa!
Од: ВМК
Датум: 17.12.2008 01:12:36
Македонец,ти не лаички глупо да регистрирале партија “Граѓани на Бугарија“,и после да се сменел лидерот,па и ако се смени и за него треба достава на потпис,пререгистрација,а ако се смени името,пак пререгистрација..а да кажеш дека овие од ОМО лажат навистина...за да регистрираш партија има лимитирано членство,а тие тоа го немаат и крив им е бабо од Прилеп....тресете зелени..Инаку Станишев симпатичен премиер досега од било кој друг....со осмев навистина ке ти наметне своја волја...Позз. до најсимпатичниот премиер....
Од: koj4e
Датум: 17.12.2008 01:37:08
Nikako. Mora da se registrirame samo kako makedonska partija vo bugarija. Mora toa pravo da go ostvarime a za toa e potrebno mnogu. Ako uspeeme toa da go napravime nie kone4no ke go otvorime makedonskoto prasanje vo bugarija i grcija
Од: St.Patrik
Датум: 17.12.2008 01:46:04
Za Todor: pogolema glupost nemam procitano. Ti gi poznavas site Makedonci vo Bugarija, pa ke kazes deka najgolemiot del od niv se cuvstvuvaat Bugari? Tekstot ne e kolku makedonci ima vo Bugarija, nego zosto premierot na taa korumpirana drzava, se podbiva i zosto sudot ne ja registrira. Od sto se plasat ako se samo nekolku iljadi ?
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 17.12.2008 05:52:22
Игри без граници со прредаванје на штафетната палка: грција бугарија србија ЕУ,НАТО КРСТЕ поп/стефанија
Од: Stojan
Датум: 17.12.2008 08:08:40
На идиотизмот на бугарчиштата како да му нема крај. Вечна да биде благодарноста кон нив затоа што до невидени граници го зајакна македонскиот национелен идентитет и дух и за жал, омразата кон нив и кон малкумината македонски изроди и човечки гнаси кои се продаваат за ситни пари од типот на “Ратковци“ предводени од тепачот и изродот, затвореникот Ј. Стојановски. Македонското име ги боде, но тоа е вечно и му припажа само на Македонецот по националност и род.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 17.12.2008 08:36:43
Можеби сега кога оваа го пишувам полесно ќе ми беше на душата-Станишев да беше Македонец-зошто и неговите корени како и моите се од Кукушко-с.Грамадина/сега Ефкарпија по грчки/.Сигурно ги знае своите корени македонски,но можеби така негирајки ги своите браќа по крв од ОМО Илинден-Пирин-тој опстојува во врвот на Бугарската политика-НО БЕЗ СВОИТЕ КОРЕНИ.
Од: Irena
Датум: 17.12.2008 09:27:40
Najtesko e koga izrodite od rodot svoj se podbivaat na narodot svoj. No, kaznata stignuva. Imam jas vo semejstvoto golemi Grci pogolemi od Grcite, no kaznata ja plakaat. Makedonci ima vo site site sosedni zemji Srbija, Grcija, Bolgarija i Albanija. Tazno e sto najgolemi protivnici nasi se tokmu tie koi imaat makedonsko poteklo. No takvi Makedonci ne ni trebaat. Makedonci imalo i ke ima. Imeto Makedonija opstojuva bezmalku 3 mileniumi, pa spored toa ke ne ima i ke ne bide. Da zivee Makedonija i makedonskiot narod.
Од: реконструиран
Датум: 17.12.2008 10:01:38
Заменик-министерот Петров, по серијата прашања поврзани со настапот на Станишев, рече дека „домаќинот можел да реагира“.Да господине Петров тој ќе "реагира" но тоа за вас ќе значи заминување од функцијата заменик министер и тоа набрзо.Така работи Грујо со сите кои поинаку мислат од него,а камо ли со оние кои ќе се осмелат тоа и да го кажат,макар и избрзано по грешка.
Од: A. T. AUSTRALIA
Датум: 17.12.2008 12:13:32
E moi Makedonci odpamti vek imalo izrodi koi sami sebe se negiraat no i od nivna familija ce se rodi izrod za da svati deka nasila sto se pravat bugari ili grci ce svatat deka sekogas so niv se tugi za niv i im se podbivaat zatova sto sami sebe ne se sakaat i im sluzat za tugi interesi .E MAKEDONCI EDNAS SVESTETESE NA VAS CEL SVET VI SE PODSMEVA.
Од: pameten
Датум: 17.12.2008 13:08:49
Stojan: "омразата кон нив и кон малкумината македонски изроди и човечки гнаси кои се продаваат за ситни пари од типот на “Ратковци“ Mnogu Bugari mislat istoto za OMO Ilinden! Koj e prav i koj kriv ne e bitno. Ovie emocii vo dvete zemji ne nosat nishto dobro!
Од: ljupco,bitola
Датум: 17.12.2008 13:43:38
Najprvo bea OMO Ilinden,pa se podelija na dve zdruzenija,ednata so prefiks Pirin,ednata bez.Ne mi e jasno kako moze petmina zivi lugje da se podelat na dva ednakvi dela? Sigurno eden od pettemina clenuva na dvete mesta.Tipicen makedonski sindrom na samounistùvanje.
Од: sanja
Датум: 17.12.2008 13:44:16
do Irena Zapamti go toa ednas zasekogas, vo pravo e Stanishev da gi negiraa OMO Ilinden Pirin. Toj e svesen deka makedonskata nacija e kominternovska tvorba, a makedoncite se bugari.
Од: Do Jodor
Датум: 17.12.2008 14:27:10
Todore, Todore... Mnogo gluposti si naklepal. Ne mozhesh da si Makedonec i istovremeno da se chuvstvuvash Bugarin. Ili si Makedonеc, ili si Bugarin. Opredeli se sam kakov si (ako, se razbira, ne si hermafrodit). Nikogash ne postoela i ne postoi nacionalnost po chuvstvo, a samo po poteklo! Nie, Makedoncite vo Bugarija, ne sme Makedonci zatoa shto se chuvstvuvame Makedonci, a zatoa shto sme rodeni Makedonci, zatoa shto sme rodeni od majka Makedonka. Nikoj ne mozhe da izmisli cel eden narod: ni Tito, ni Dimitrov, ni kominternata. Nie realno postoime, nie – makedoncite vo Bugarija. I ne sme ti dali polnomoshno, zatoa ne smej da zboruvash od nashe ime.
Од: Ljupco
Датум: 17.12.2008 15:11:46
Koga ednas vo r.Makedonija narodot ke svati deka osven makedonci i albanci ziveele i seuste ziveat i luge so bugarska nacionalnost?Koga ke prestanete so glupostite od tipot "prodadeni dusi"?Pa ne se bugarite najsuperiornata nacija na zemjava, pa sega ete nekoi vo Makedonija so sila se pravat bugari.Koga ke se zaprasate da ne ste vie tie "prodadeni dusi".Koga vo tikvite ke vi vleze ednas za sekogas deka r. Makedonija i i Makedonija ne se edno isto.Koga ke prestanete so kradenje na bugarskata istorija?Ako DelcEV ,AleksandrOV ,GruEV,KarEV se izjasnuvale kako bugari,a vie kazuvate deka se vasi togas mislam deka treba malku poveke da se zaprasate za vasata nacionalnost. Pozdrav
Од: zaklina
Датум: 17.12.2008 16:24:40
Do todor,ljupco,sanja itn.... ne, vie ne ste prodadeni dusi - vie ste jadni dusi.Vo pravo bese eden citatel pogore,narod ne moze da se izmisli kako i sto ne moze da se unisti so uporno povtoruvanje na nebulozata deka ne postoi. Ako ne postoi togas sto negiras ? Duhovi?? Arno ama za zal na tie jadnici eve me, od krv i od meso-Makedonka,disam ziveam i na moja radost im go zagorcuvam zivotot i neka ne se sekiraat eden den ke se sretneme na isto ramniste, vo Evropa ili bilo kade i togas tesko vas,ke teba da progoltate mnogu raboti i gorcini sto nas ni gi serviravte.A za Makedonija ne se sekirajte,Makedonija nauci da zivee so dusmani,sega moze da bide samo polesno ,ne potesko.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Зелени рецепти
Verbatim
Џорџ Буш
Чешка го враќа Западен Балкан на агендата