Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

ПЕЛАГОНИЈА

Прилепските сарми во битка за Гинис

Градските власти аплицираа во Лондон и тврдат дека ги исполнуваат сите услови

Моника Талеска

ПРИЛЕП - На верскиот празник Свети Никола, в петок, Прилеп ќе се бори да го освои Гинисовиот рекорд, со традиционалниот специјалитет посни сарми. Ова јадење ќе биде сервирано на свечената трпеза за градската слава во центарот на градот.

Сто и дваесет домаќинки за два дена употребија 800 зелки и 60 килограми ориз од кои направија 80.000 традиционални посни сарми.

Светиноколската прилепска сарма има посебен вкус и убавина зашто домаќинките ја приготвуваат според строги правила.

„Најпрвин се сечат листовите од зелка со димензија 10 на 10 мм, потоа се подготвува оризот и во секој лист се ставаат едвај по десетина зрнца ориз. Кога ќе се нареди во тенџериња, подготвена за варење, сармата личи повеќе на мозаик, но тоа е убавината. Сармата крчка неколку часа и не смее да врие за да останат цели сармички. Се ставаат и некои зачини кои се тајна. Посните сарми имаат неверојатен вкус, бидејќи се подготуваат за верскиот празник со многу љубов од домаќинките“, објаснуваат жените од три прилепски здруженија кои, за да го освојат овој Гинисов рекорд, работеа неуморно повеќе од 16 часа.

А сармите се вареа на четири локации: во кујните на старскиот и на ученичкиот дом, во градинка и во фабриката за преработка на зеленчук и печурки.

Традиционалниот специјалитет ќе биде изложен пред будното око на судиите од Гинисовите рекорди. Градските власти навреме аплицираа во Лондон. Тврдат дека ги исполнуваат сите услови.

„Се' е во ред, останува уште судијата да дојде в петок и да се увери дека прилепските домаќинки можат да го соборат последниот Гинисов рекорд, кога во Нови Сад биле приготвени 6.800 парчиња посни сарми. Покрај тоа, почитувајќи ги упатствата избравме и двајца судии од Прилеп. Претседателот на Основниот суд, Љубен Биноски, и продеканот за настава на Универзитетот ’Свети Климент Охридски‘ од Битола, Сашо Атанасоски, ќе ја следат целата постапка и заедно со судијата од Гинисовите рекорди ќе одлучуваат“, најави Ане Лашкоска, шеф на кабинетот на градоначалникот Марјан Ристески. Тој, пак, цврсто е убеден дека рекордот ќе биде постигнат. „За кусо време преку медиумите светот ќе чуе и за Прилеп и за Македонија“ .

На неколку места во градот, во огромни казани ќе се варат и над 200 килограми светиниколски густ грав.

На свечената трпеза, чиј домаќин годинава ќе биде министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ќе бидат сервирани и педесетина килограми риба. Прославата ќе се залие со вино кое ќе се точи од многу буриња. Сите кои ќе го сервираат светиниколскиот ручек ќе бидат свечено облечени, готвачите во соодветна убава облека, а девојките во народна носија. Неколку културно-уметнички друштва ќе ја надополнат свечената атмосфера.

Граѓаните веќе се нетрпеливи за да уживаат во ова несекојдневно чествување на празникот, кој на илјадници семејства им е домашна слава.

За гурманите е организиран натпревар во јадење посна сарма. Локалната самоуправа за најдобрите подготви награди.

Инаку, ова е трета година откако Прилеп го чествува верскиот празник Свети Никола. Во центарот на градот е изграден мал параклис во чест на светецот каде што се одржува свечената литургија. Секоја година чествувањето е се' побогато. Прилепската пиварница веќе го резервира кумството за следното чествување в година.

 


Статијата е прочитана 915 пати.

Испрати коментар

Од: selo gori baba se cheshla
Датум: 17.12.2008 00:18:38
ovoj gradonacalnikot na pp mnogu saka da se istakne , da bide sakan i popularen kako zaev. ama dodeka zaev gradi trgoski, fontani, patista, vodovod i dava nedelen otcet pred graganite svoi pravejki go strumica evropski grad, prilepchanecov sarmi vitka. pa za toa te biva. golema e razlikata megu vmro i sdsm, otsekogas bila i ke bide. kaj sdsm nema nieden prostak od tipot na nikolovski bicikliski pljukaci na saat. so sarmi vo evropa aj teraj i tuka nekoja parichka se poarcila
Од: prilepcanka
Датум: 17.12.2008 01:11:37
replika na prethodniot citac prilepskiot gradonacalnik dosega se pokaza kako najaren za gradot gi asfaltira site ulici napravi rek. na vodovodot i go uredi centarot na pp.i dava golem pridones za razvoj na kulturata vo gradot za razlika od prethodniot od sdsm koj koga zaginaa rezervistite na karpalak so prst nemrdna i ne se vrati od grcija kade bese na odmor da im dade poslednaa pocit
Од: Pero propelero
Датум: 17.12.2008 01:13:13
Bas selo gori baba se cesla! Malce mi e strav da ne se vklucat vo bitkata i drugi nacii, koi nikogas ne ni sonuvale sto se toa posni sarmicki. Moze nekoj i kje ni ja zeme tutulata za posni sarmicki, ama titulata za izmisluvanje gluposti vo stilot "trla-baba-lan-da-joj-progje-dan", nikoj ne moze da ni ja zeme. Osven mozebi srbite....
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 17.12.2008 06:00:13
Прилепчани како:„нема оџа работа си ја витка чалмата„! ? крсте поп/стефанија
Од: Violeta
Датум: 17.12.2008 08:17:18
Abe aj se razbiram ama sto sarma ke e toa ako e listot 10mm so 10mm (ustvari santim na santim) aj nekoj neka objasni kako ke se napravi taa sarma. Da ne e slucajno 10cm na 10cm toa veke ima nekoja logika
Од: Мислител
Датум: 17.12.2008 08:46:53
Леле како се дезорјентирани СДСМ во Прилеп. Не знаат што да направат, а Маријан ги тепа на секое поле. Тие се уште не можат да ја сватат силата на маркетингот и неговите можности, како овие во Прилеп така и целото раководство на СДСМ. Тоа е затоа што во нивните редови немаат маркетинг менаџери, и само кукаат по телевизиите дека имало многу реклами од кои губеле, а не преземаат конкретна маркетинг кампања, и не креираат стратегија за ублажување на ударите од силните маркетинг активности на власта. Тоа е зошто во СДСМ на видни позици се машинисти, енергетичари, доктори, правници .... Маркетинг менаџерите ги нема никаде, е затоа ќе губат ....
Од: Бастион
Датум: 17.12.2008 09:35:18
Една од ретките работи која што ке остани запаметена како позитивна во 4 годишното владеење на прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.Ова е голем ден за сите нас,Св. Никола е заштитник на морепловците,на град Прилеп и на илијадници прилепски семејства(семејна слава). Нека ни е за многу години.
Од: zini da ti kazam
Датум: 17.12.2008 10:06:04
abe i toa so se sprema da se proslavi sv.nikola praznikot vi smeta?kako ovoj gradonacalnik nemalo dosega a jas ne sum partiski opredelen.samo taka momce teraj zlobni ke ima sekogas
Од: Od TRAJCE K.
Датум: 17.12.2008 11:01:37
Sekoja cest za delata na Marjan Risteski kako gradonacalnik na Prilep . Site neverni Tomi gratis gi setam niz Prilep licno da se uverat vo delata na nasiot gradonacalnik. I uste nesto, ne sporeduvajte go so kriminalecot Zaev. Samo napred gospodine gradonacalnice, objektiven Prilep e so tebe!
Од: Дарко
Датум: 17.12.2008 11:59:59
Убаво е кога се сака да се влези во Гинис и сите да го знаат Прилеп, ама уште поубаво е да влезем во Гинис со тоа што оваа Влада и овај градоначалник во Прилеп барем за 1% че ја намали невработеноста во Прилеп. Се надевам дека нареднава година моите сограѓани че се најадат од асвалтот и че се напијат вода од фонтаните во Прилеп, пошто друго нема да имаат оти освен во јавна администрација градоначалникот не успеа да запосли човек на ниедно друго место т.е. да се потруди да привлече некој странски инвеститор.
Од: Prilepcanec
Датум: 17.12.2008 14:14:28
Ne znam zosto tolku zlobni zabeleski za ovaa manifestacija!Ljugjeto sakaat nesto da napravat-i pravat.Zosto ova da ne se sfati kako relaksacija.Sekoj ne moze da si dozvoli da odi vo Dubai,no barem moze na trpeza da ima posna sarma i grav,konecno kako sto sekoj den jade grav i oriz i kisela zelka. A ubavo e sto e animiran Ginisoviot institut kojsto gi nadgleduva i ocenuva postignuvanjata,i gi utvrduva rekordite. Prilepakite domakinki go pravat toa sto najdobro go znaat-posna sarma,i eve,za praznikot pravat za site. Mene me zbunuva niknuvanjeto na verskite objekti recisi vo sekoe maalo.Kolkava e razdalecenosta od Starata Crkva do Paraklisot?Malku poveke od nekolku cekori.Toa e zbunuvackoto-vo proklamirano internet opstestvo svrtuvanje kon svetec kako zastitnik na gradot!?
Од: jas
Датум: 17.12.2008 14:20:39
"Sekoja cest na gradonacalnikot, napravi fontani i gi asvaltira ulicite".TESKA GLUPOST. Gi raskopa polovina ulici , za da gi proshiri po polovina metar i gi raskopa site poranesni fontani za da napravi novi.Sto para ispra , toa e druga rabota.Koja nova ili stara ulica e prvpat asvaltirana ( osven nekolku kade se vidni clenovi na VMRO ).Zosto ti se fontani , koga vo Prilep voda nema za site , i taa sto ja ima e gnasa... "JAK" gradonacalnik , nema sto !!! Sekoja cest na prilepcani , ako vlezat vo Ginisovata kniga..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Дали ќе куртули од разрешување директорката на Пулмологија?
Доаѓаат поројни дождови и силни ветришта
Протест на акционери од „Микрогранулат“ во Гостивар
Бесплатни прегледи за простата
Се бара отворање на студентското радио
Ниту денар отштета за пожарот во Битола