Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Емил Крстески

советник во Собранието на РМ

Во градската библиотека ,,Браќа Миладиновци“ вечерва во 19 ч. ја промовирам мојата втора книга со надворешнополитички текстови ,,Ново поврзување на Европа“. Тематски таа е поделена на три дела - Македонија и Европа, големите сили и Балканот и Франција пред и по Митеран. Промотори на книгата, чиј издавач е „Скенпоинт“, се Зоран Иванов - новинар и Филип Петровски - директор на библиотеката.

Весна Станоевска

харфистка

Дури подоцна попладне имам проба за операта „Трубадур“, која ја подготвуваме за в сабота, кога ќе ја изведеме во Македонската опера и балет. Претходно, крајно време е да одам на предновогодишен шопинг и да им испратам честитки на пријателите во странство. Вечер, можеби ќе имам мало дружење со пријателите.

Раде Врчаковски - Врчак

музичар

По освежувачката концертна турнеја низ Австралија и Нов Зеланд, се' уште се привикнувам на нашата клима и темпото на живеење. По утринското кафе и супервизијата на мајсторите, кои го привршуваат моето ново студио, денот продолжува во „Република де ла мода“ со другарите. Потоа имам мали подготовки за концертот на Елена Ристевска, а доцна вечер работам на мојот трет албум, но и на албумот на ДНК.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ