Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Плоштадот во Автокоманда ќе добие скулптура на коњаник

Скулптура на коњаник според идејното решение на авторката Валентина Стевановска треба да биде поставена на новиот плоштадот „Филип Втори Македонски“ во Автокоманда. Вака одлучи Одборот за подигање спомен-обележје на Општина Гази Баба, доделувајќи и' ја на Стевановска првата награда на конкурсот за идејно решение за спомен-обележје. Таа, исто така, е автор и на првонаграденото решение за фонтана со придружни фигуративни елементи за истиот плоштад.

Одборот ќе преговара со авторката за изработка на споменикот во природна големина во гипс, по што Општината ќе распише меѓународен тендер на кој ќе треба да се јават изведувачи кои ќе го излеат споменикот во бронза.

Стевановска за своето решение ќе добие 400.000 денари. Втората награда, во износ од 250.000 денари, му припадна на авторот Зоран Ивановиќ, а третата (150.000 денари) на Жарко Башевски. На конкурсот пристигнале вкупно 21 труд. Втората награда за идејното решение за фонтаната, во висина од 250.000 денари, ја доби авторот Зоран Тошевски. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 182 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Неизвесна изградбата на новиот трговски центар во Аеродром
Градинката „8 Март“ и преку веб-страница ќе комуницира со родителите
Соработка меѓу Стопанската комора и „Скопје метропола“