Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

По ЕП, погледите се вртат кон СП

Селекторот Темелковски денеска ќе го објави списокот на 20 играчи за мундијалот во Хрватска

Роберт Димитриевски

Европското првенство за ракометарки што во неделата заврши во Македонија полека заминува во историјата, а погледите на македонската спортска јавност полека се вртат кон Светскиот шампионат за ракометари што ќе се одржи од 16 јануари до 1 февруари 2009 година во Хрватска. Точно еден месец пред стартот против Тунис на 17 јануари во Вараждин, селекторот Иле Темелковски денеска ќе го објави списокот на 20 ракометари што в сабота во 12 ч. во скопскиот хотел „Континентал“ треба да се јават на првата прозивка. Уште сега се знае дека интернационалците во Германија, Влатко Митков и Владимир Темелков, поради првенствени натпревари, ќе задоцнат најмалку една седмица, а Радослав Стојановиќ и Петре Ангелов се очекуваат на 22 декември.

В понеделник се заминува за Србија на еднонеделни висински подготовки на Златибор, по кои на 29 декември во Скопје во план е одигрување контролен меч со Романија, кој се' уште е во фаза на договарање. За Нова година репрезентативците ќе добијат два слободни дена, по што ќе отпатуваат во Швајцарија, каде што од 2 до 5 јануари во место близу Цирих ќе настапат на турнир, на кој, покрај домашната селекција, противници ќе им бидат и Саудиска Арабија и Турција. Последна проверка пред Светскиот шампионат е двомечот со Црна Гора на 10 и 11 јануари во Скопје, а за Хрватска ќе се тргне на 14 јануари.

На прашањето која им е основната цел на СП, Темелковски на шега вели „што подобро да се претставиме“.

„Ќе пробаме да се пласираме во вториот круг, што ќе биде многу тешко. Од ривалите во групата на хартија подобри сме од Алжир, а сите други се во предност во однос на нас. Во таква силна конкуренција ако освоиме едно од првите три места во групата ќе биде огромен успех“, смета популарниот Ико, кој вчера со директорот на националниот тим Ристо Чокрев ги договараа деталите за завршните подготовки пред СП. Стручниот штаб останува ист, а со играчите ќе продолжат да работат и психологот Ленче Алексовска, како и д-р Ханџиски.

Македонија ќе игра во групата Ц на Светското првенство, каде што од 17 до 19 јануари ќе се сретне со Тунис, со Алжир и со Полска по тој редослед, а по слободниот ден следуваат и дуелите со Германија и со Русија. Ова ќе биде втор мундијал за македонските ракометари по дебито во Египет 1999, кога беше освоено 18. место меѓу 24 учесници. Во групата „падна“ само Саудиска Арабија со 28:21, а Македонија загуби од Германија со 36:25, од Куба со 32:18, од Бразил со 30:27 и од домаќинот Египет со 30:24.


Статијата е прочитана 231 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Хеј со пресечената глава на Кличко во своите раце
Субару се повлече од СП во рели
Повторно му се заканува агонија на Вардар
Нема кој да го сопре Бостон
Фудбалски вести
Работнички Ф. без илузии во реваншот со Галатасарај