Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Владата подготвува нови реклами

Каде ќе се промовира Македонија како туристички, цивилизациски и археолошки рај е најголема државна тајна

Оливера Војновска

Откако неодамна во медиумите излезе оглас за доделување договор за јавна набавка за дизајн и изработка на пет ТВ-спота за промоција на Македонија, во Владата има целосен молк за каква рекламна серија станува збор. Одговорот на прашањата каде ќе се прикажуваат петте ТВ-спота, кога ќе почне нивното емитување и колку пари се предвидени за оваа намена се крие како најголема државна тајна.

Така што останува мистерија каде ќе се промовира Македонија како туристички, цивилизациски и археолошки рај. Во весникот „Дневник“ пред две недели излезе огласот за изработка на спотовите за промоција на Македонија како туристичка дестинација, за промоција на Охрид, на македонското вино, на македонските цркви и манастири и за промоција на Македонија како археолошки рај, кој го распиша Генералниот секретаријат на Владата.

Но, генералниот секретар на Владата, Стојан Тодоров, е презафатен, неговата дневна агенда е пребукирана од состаноци и нема време за одговор на новинарски прашања во врска со овие пет спота. И владиниот портпарол Шефик Дураки, како што ни кажа самиот, тешко доаѓал до генералниот секретар. Дураки повеќе од една недела не успеа да добие од Тодоров одговор на споменатите прашања, испратени по електронска пошта за да имал „генералниот секретар документирано што точно сака да знае ’Утрински’“.

Отсуството на официјални податоци и избегнувањето да се дадат елементарни информации за рекламите имплицира дека во приказната со владините реклами можеби има нешто сомнително. Такви сомнежи јавно искажуваат повеќе невладини организации и опозицијата.

Потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули, многу пати од собраниската говорница и во јавните настапи ја критикувал Владата дека претерува со себефалење. Макрадули напоменува дека Владата зема кредити и се задолжува, а со буџетски пари се рекламира и не кажува колку троши. „Лицемерно е Владата да се залага за некаква транспарентност со граѓаните, а три години не кажува колку пари дава за реклами. Очигледно, овие спотови се наменети да се платат услугите за рекламната кампањи на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските и за локалните избори. Оние агенциски куќи што прават разни кампањи на Владата потоа за багателни цени ги прават кампањите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Макрадули. Тој нагласува дека власта ги окупира најгледаните термини во електронските медиуми. „Власта има монопол на медиумскиот простор со повеќемесечен закуп, особено на термините пред вестите, за да ги оневозможи другите партии да се рекламираат пред изборите“, смета Макрадули.

Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски, констатира дека Владата претерува со кампањите во медиумите и дека досега не е забележано такво нешто. Тој вели дека Советот реагирал, но е немоќен да стави крај на ваквото агресивно рекламирање, бидејќи нема законска пречка Владата да се однесува на ваков начин.

„Ова е случај без преседан, Владата се рекламира 365 дена во годината. Покрај оние кампањи од јавен интерес, одат и други со кои Владата ги промовира своите активности. Оваа практика мора да престане, особено во предизборието, инаку владејачките партии ќе бидат во повластена положба. Советот повеќе пати расправал на оваа тема, меѓутоа не постои закон што би ја спречил Владата да се саморекламира. Прашање на вкус е дали, како и колку Владата ќе го злоупотребува медиумскиот простор. Во секој случај, ваквото рекламно бомбардирање оди на штета на радиодифузерите, кои со банално долги телопи ја уништуваат програмата“, смета Стефаноски.

Претседателката на „Транспарентност - нулта корупција“, Слаѓана Тасева, вели дека Владата, наместо да се саморекламира, треба да го подигнува јавното мислење за прашања што се битни за македонските граѓани и за остварувањето на евроатлантските перспективи на земјата. „Владата троши буџетски пари за сопствена реклама и промоција на интересите на една политичка елита. Немаме информација колку пари досега се потрошени на силните реклами. Владата продолжува да биде нетранспарентна, но не може вечно да бега“, вели Тасева.

Притоа иронизира и додава: „Еднаш ќе мора да даде отчет и да каже колку пари се потрошени, ако нема простор во медиумите, тогаш со билборд на плоштадот ’Македонија‘ во Скопје“.

Тасева вели дека огласот за петте спота за промоција на Македонија „можеби е одглас на реакцијата во јавноста за рекламите, бидејќи првпат видовме тендер за владина реклама“. Но, не е преголем оптимист и порачува да почекаме и да видиме дали Владата случајот со рекламите ќе го отвори докрај.

Невладината „Транспарентност - Македонија“, предводена од Сашо Ордановски, најави дека ќе ја тужи Владата поради трошење државни пари за кампања.

Владата целосно се оглуши од критиките во јавноста дека безмилосно ги троши парите од Буџетот за саморекламирање и снимање долгометражни телевизиски спотови. Премиерот Никола Груевски во континуитет ги игнорира повиците да обелодени колку ја чини државата агресивната промоција на владините политики. Шефот на Владата и министрите во неговиот кабинет во изминативе три години не кажаа ниту збор за финансиите што се одлеаја за разни кампањи. Тимот на Груевски постојано е во медиумите, но сите без исклучок избегнуваат да зборуваат на оваа тема и пред новинарите се извлекуваат со добропознатото оправдување: „Не сме дојдени да одговараме на такви прашања!“


Статијата е прочитана 2077 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 17.12.2008 00:14:41
site gi kritikuvaat za reklamite a oni teraat li teraat so plelodbata. pogotovo koga se tenderi involvirani i zimanje od graganite davachki klikerot samo togas im raboti, t.e. taa edna kletka vo mozokot. im predlagam spotot da pocne so pasko kuzman kako lavot na metro goldwin maer. samo so pari ako treba da se frlaat znaat da rabotat, a da izlezese nekoj od kabinet i da go razbudea milososki da aka po svetot ne biva? ili ne gi prima nikoj? a zasto ne gi prima? deka se bibliski narod, evropa ke se iskopleksira od nasata kultura vekovna. ne znaat od vospitanie da sedat na na obrakanje na pretsedatelot tie ke prodavaat kultura po svetot.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 17.12.2008 00:33:16
Alal da im e na mnozinstvoto izbiraci sto izglasaa vlada koja parite ke im gi trosi a predizborna kampanja. Sigurno sega skokaat od srekja.
Од: Zabegan2
Датум: 17.12.2008 01:05:53
Od ovie na vlast barem nekoi firmi ce zarabotat nesto, barem se nadevam. A sto ce bide ako istite raboti gi pravi nekoj od SéDeSéMoe? Kako ce se vika Kratovo? Singovo. Uste mnogu filmovi ce se snimaat dodeka prvite gosti pristignat. Pred se cistotija i red treba da se vlee vo sekoj mozok. Sekoj eden posetitel saka ubavi spomeni da ponese a ne pljackan da bide i bez osnovna sluga i kultura. A novinarite sigurno pogresno gi formuliraat prashanjata pa bez ocekuvan odgovor spekuliraat kako sakaat. Vo "razvienive" zemji sekade vladeackata partija ili koalicija e vo centarot na vnimanie sto e i normalno. Opozicijata protivargumentira i posakuva pobeda na slednite izbori.
Од: Objektivno gledanje
Датум: 17.12.2008 01:09:32
Zosto brzate so baranjeto odgovori na nezgodni prasanja (za vladata)? Sekoja vlast misli deka vecno ke vladee, a koga gi gubi izborite site valkanici izleguvaat na videlina! Apsurdno e da se bara proizvoditel sto prodava svoi zemjodelski proizvodi da izdava fiskalni smetki, a vlasta da trosi desetici milioni evra za samoreklamiranje ne samo bez fiskalni smetki (od onie sto gi dobivaat parite), tuku toa se tretira kako ,,drzavna tajna,,!?
Од: Goran_BT
Датум: 17.12.2008 01:45:07
Ех, Макрадули ,Макрадули со вашите камења сега Грујо по глава ве чука и вие праевте вака па сега нагла ви дојде. Само разликата беше што вие преку вашите тогашни медиуми ги користевте за етиќетирање и ширење на меѓунационална омраза сега истите тие медиуми Грујо ги превзеде и вас ве матира на многу пософтистициран начин ајде сега вие најдете контра удар паметни сте , па нели пред некое време еден ваш поранешен функционер кажа дека сте имале 200 професори нека измилсат сега тие нешто. Рака насрце факт е дека со рекламирањето се претерва ама то е кај нас во се се претерва народот си дреми убаво муе....
Од: МК
Датум: 17.12.2008 02:00:27
Мора некако да се исплатат медиумите кои што пристрасно репортираат новини эа беэпрекорното владеење на оваа влада.
Од: makedon
Датум: 17.12.2008 04:47:15
ova e najuspesna vlada na makedonija, se bori za narodot ,za kulturata , ekonomskiot porast, za minatoto i idnuinata, zatoa ovaa vlada ke dostigne novi pobedi i uspesi. ovaa vlada go brani makedonskoto ime narod i istorija niz cel svet i nie makedoncite vo gurbet si ja sakame ovaa vlada oti taa se seti i na nas , da ni dadat da glasame , ne ima vo toronto nogu.
Од: Marx
Датум: 17.12.2008 05:24:36
Samo edno me interesira: Ke se svestite li ednas rajo makedonska?
Од: Baba Vanga
Датум: 17.12.2008 06:36:04
Na tenderot produkcijata ke ja dobie FX3X i ,,Repuvlika A marketingot Agencijata Market vizn. Trite najdibri preduzimaci vo RM za 2008godina(od 1000 proizvodni pogoni) Sposobni luge.
Од: Prof.Dusko-Onaka za Min.Econ.Biro za Metrologija
Датум: 17.12.2008 08:14:42
Reklamite se dobra rabota i mora da se potsetat graganite sto napravila vladata,priznale ili,kolku i da ima svoj negativnosti vladata na Prem.Gruevski do sega i vo kakva polozba bese MK ima rezultati vo pozitiva.No ima svoj Ministri,Direktori so svojata nepromislena rabota gi zagrozuvat svojte vraboteni i tova so golemi posledici.Min.za Economia da unapredis tolku luge e smesno i tragicno koj ne mozat da zemat plata(vrabotenite) 2 ipol meseci za edna grupa koja lepela plakati za DUI.Sve strucnjak do strucnjak vo negativa.Biro za Metrologija tolku patuvava sovetnikot,direk.bivs sto mislam deka od znaenje sto naucile po svetot ke nema ramen za rabota,a posebno toj sto bil vo Paris,ako e drzava MK treba da gi natera da gi vratat parite na drzavata za nepromislenite patuvanja
Од: andrej
Датум: 17.12.2008 09:00:58
Prodolzite da pravite zombi gragjani so ovie lugje koi ne licat na sebe i samo bleat negde!denes ve podrzuvaat, ama EDEN DEN ke dojdat po vas i ke nema IZBEGATe OD VASITE CUDOVISTA koi gi sozdadovte!!!! Dole Vlada!
Од: zabegan
Датум: 17.12.2008 09:08:13
more aj koj saka moze da si se reklamira. samo ostaj te gi ne gi cedete. ako nekomu mu treba da mu trgne biznisot nemora vie da mugi zemete parite pa vie da gi reklamirate.neli toa e placka.
Од: Раде
Датум: 17.12.2008 09:47:56
Преродбата (најголемиот грабеж на столетието во Македонија) продолжува. Кога ќе соберат тешки милиони евра за себе и ќе ја дувнат од Македонија, можеби тогаш нашиот ‘просечен‘ македонец ќе сфати што го снашло.
Од: Vase
Датум: 17.12.2008 09:53:21
Do nekoj si Makedon i slicnite na nego.Da ovaa vlada se bori za vas.Vie ziveete sega vo svetot na nejzinite reklami,se za vas e rozovo vo niv i beprekorna realnost.No ima edno golemo NO.Vie ziveete vo Toronto i gledam se sto ve interesira e glasanjeto i gledaneto skapi reklami od kutrava ni vlada.No izvinite.Vie ne ziveete tuka za da odlucuvate za nasata idnina.Vie ne ziveete tuka za da pocuvstvuvate kako ziveat siromasnite lugje a niv gi ima mnogu.Vie ne ziveete tuka za da pocuvstvuvate kako na nas vlijaat site tie glupavi reklami koi mnogu iritiraat (i na krajot nema nikakov otcet za niv) a realnosta e sosema poinakva i mnogu surova.Vie ne ziveete tuka za toa da go razberite...A kako toa go brani makedonskiot narod vidovme denovive!!!!!!!!
Од: Трпе
Датум: 17.12.2008 09:54:12
Супер фотка на ЕПП владата на РМ.Само секогаш не значи дека кога се рекламира неквалитетен производ рекламата многу ке помогне.Ова фото реклама може да се стави само на волнени производи.И така во Македонија има многу овци па нормално и волна.Парите од ЕВН,наместо да ги трошат за нови енергетски капацитети тие ги потрошија за реклами.Виновна е претходната влада што на деца им остави полна каса.Деца не се научени да штедат.Деца со многу пари стануват невоспитани.Земете ја пример Парис Хилтон.Таа се пијанчи,се појавува и таму каде што не треба,живее неморален живот.На здравје македоншиња,каде и да сте.
Од: zelezara
Датум: 17.12.2008 10:00:47
Do Makedon.Abe ti normalen si?Ekonomski porast?Koj ekonomski porast be najsiromasna drzava sme u evropa po site parametri.Kazi mi so 150evra plata se zivee li.Sto si izbegal u Kanada da zivees?Ako e tolku dobro vrati se u Makedonija pa zivej so 150evra da te vidam.Novi pobedi i uspesi,kazi edna pobeda i eden ispeh na ovaa vlada?Ako tolku dobro raboti vladata zemete go premierot kaj vas tamu da se spasime nie od nego ovde
Од: vojdan
Датум: 17.12.2008 10:03:50
А за што се трошат парите?Каже те ми една реклама која не е оправдана.Колку то се секавам а тоа лесно може да се провери, во програмата на Премиерот пред изборите во 2006 и 2008 година точно беше написано дека ќе се спроведуваат сите тие медиумски кампањи.Врз база на тие програми победи Груевски, значи народот тоа го подржува иначе немаше да биде така.За разлика од другите влади кои или правеа работи кои ги немаа во програмите, или не правеа ништо.А ќе го прашам господинот Макрадули за што ги трошеа парите кога они беа на власт, затоа што ништо не направија за што ќе се секаваме, а не па да е убаво нешто.А парите ги потрошија.
Од: Bitola
Датум: 17.12.2008 10:25:38
Pa normalno so reklamiranjeto,ama Grujo da pravi reklama edna i za JP Strzevo koja bese edna od najdobrite firmi vo Bitola,koja so doaganjeto na Nikola KOtevski,koj Strezevo go ostavi pustos a vrabotenite zemaat plata ednas na tri meseci,i opstanokot na firmata e vo prasanje,e za ova neka napravat reklama Grujo.
Од: „КОКС“
Датум: 17.12.2008 12:13:31
Верувам дека господинот Сашо Ордановски ќе ја тужи Владата на Република Македонија, заради несоодветното трошење на парите на граѓаните од буџетот на државата, за саморекламирање на владата. Логично се поставуваат две прашања: Прво Дали во Македонија постои судија што во моментот може да донесе пресуда во полза на тужителот и второ Дали судијата може (смее) да утврди колку пари се несоодветно потрошени. Господа судии еве мегдан да покажете колку сте независни. Утврдете колку пари се несоодветно потрошени, определете казнени мерки и задолжете ги виновниците да ги вратат истите во буџетот. Ви посакувам многу храброст.
Од: Bojana
Датум: 17.12.2008 13:35:20
Konecno naucija nasite deka so dobra reklama "vrati se otvaraat" - Grcite dosega preku svojata propaganda uspejaa da gi zagusat site obidi na Makedonija da napravi nesto!! Samo prasanje e dali navistina tie sredstva ke se koristat za propaganda na Drzavata ili za sopstevna propaganda na Vladata?? Uste eden predlog: Aerodromite da se sredat pod itno, taksite da se namalat i da se ovozmozi poveke letovi od stranski kompanii koi ke dojdat i ke naucat poveke za nasata istorija i ke imaat moznost da gi vidat ubavinite na Makedonija! Strancite sakaat nesto novo - ama toa Ohrigjanite malku da se spustat so cenite, za da imaat poveke rabota!!! Eh Makedonce!
Од: Germanija
Датум: 17.12.2008 13:38:46
Do Vase i sto misli deka Makedon i drugite sto ziveat nadvor od MK nemaat pravo da glasaat i odlucuvaat za svojata drzava.Mil Vase, nie sto sme nadvor ne znaci deka ne znaeme sto se slucuva vo MK, pa do vcera sme ziveele tamu i ne sme otisle nadvor zatoa sto ne ja sakame MK, nego zatoa sto so nasite profesii sme uspeale i vo drugi zemji da se dokazeme i najdeme rabota. Poveli Mili Vase i izlezi malku nadvor od MK i vidi kako se zarabotuva lebot i kako se zivee. Ovde Vase, nie sme samo makedonci i nisto drugo. Koga ke ti dojdat gosit stranci prijateli sakaat da im zgotvis makedonsko jadenje, da im pustis makedonska muzika, tv kanal da go slusnele jazikot..ili da im objasnuvas zosto ne sme vo EU.Ovde Vase sekoj den ja predstavuvas MK. Koga ke pojdes Vase nadvor, ke vides deka uste poveke se nerviras zosto kaj nas nesto ne moze da se sredi, a ne e se do pari, nego e do red, kultura, zakon ili do svesta na graganite...cesto si velis zarem tolku ne mozeme.
Од: do koga
Датум: 17.12.2008 14:12:08
do"Makedon"Ako vie tamu si ja sakate ovaa potrosuvacka vlada zemete si ja neka gi trosi vasite pari,a ne nasite.
Од: kole
Датум: 17.12.2008 15:03:37
Ubavo mu se obrativte na toj t.n. Makedon... ama podobro bi mu stoelo Zabegan??! Abre covece, si se trgnal od ovaa Katanga, sedi tamu i kjuti, cisti klozeti i traj si. Ti ne mozes da ja svatis tragedijata sto go snajde ovoj narod... ama sami si gi baravme, Makedonija ke si go pamti za navek 1.06.2008, denot koga si ja zakopa svojata idnina, neka ni e nazdravje... od reklami, crkvi, arheologija, stokatnici i rejting... ne se zivee...
Од: Саве -Милано
Датум: 17.12.2008 15:30:00
А бре Македонец од Германија велиш со своите професии сте се докажале надвор од земјата па што не се докажавте во својата земја ама сакате европски плати и европски манири а гостите странци кога ке ти дојдат пушти им реклами и кажи им дека има 350000 невработени и просечна плата 250 евра а казна за плукање на улица 50 евра. Не туку изигравај загрижен Македонец туку седиси таму кај што си а ако сакаш да помогнеш не оди да гласаш ами поканиги странците на твој трошок да пробаат македонски јадења во Македонија .
Од: Penicikin
Датум: 17.12.2008 17:27:35
Ke gi potsetam site neverni tomi dali se sekavaat na eden za mene promasen politicar i negovite volsebni zborovi ....... na petnaeseti septemvri....... spored nevernite tomi sto treba da pravime da si molcime da ne napagaat i negiraat da bideme amorfna masa i da ja vitkame kicmata kako tie ke sakaat i koga ke sakaat.Ovaa vlada barem ima edno golemi .... M _ _ _ .. da ne bidam vulgaren.Da gi prasam nevernite tomovci dali e podobro da ja kazeme vistinata na svetot koi sme i sto sme ili pak tie uste ziveat vo jugoslavija. Od vistinata ne se bega , ova ke im go kazam na site nevernici.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Собранието по старо – нема кворум
ЕЛЕМ пак ќе купува струја за не дај боже