Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Венгер бесен на судијата Веб, Адебајор на Арбелоа

Незадоволен од престрогото исклучување на Емануел Адебајор, тренерот на Арсенал со сета жестокост се нафрли на судијата Хауард Веб, по мечот со Ливерпул кој заврши 1:1. „Тоа беше смешно. Само тој виде дека Адебајор треба да добие втор жолт картон. Неговата одлука го реши натпреварот“, бесно коментираше Венгер.

Адебајор во 38 минута го доби првиот жолт картон, а потоа во 62 минута заработи и црвен. „Уверен сум дека ќе го победевме Ливерпул со 11 играчи“, тврди Венгер. Самиот Адебајор му е лут на дефанзивецот на Ливерпул, Алваро Арбелоа: „Тоа што го направи тој не е фер. Му успеа глумата. Падна на тревата како да сум забил нож“, коментира Адебајор.

Венгер дополнително го разочара и повредата на Саск Фабрегас на самиот крај на првиот дел. Последната информација вели дека Фабрегас ќе отсуствува од теренот два месеца. „Имаме големи проблеми со повредени фудбалери, а капак на се' е повредата на Фабрегас“, додаде Венгер.

Како и да е, Арсенал не успеа да му се реваншира на Ливерпул за минатогодишниот пораз во Лигата на шампионите. На крајот и двата тима можат да бидат незадоволни од резултатот, бидејќи и на двете страни имаше доста шанси. „Топчиите“ поведоа со голот на Ван Перси во 24 минута, а израмни Роби Кин во 42 минута со атрактивен волеј. До исклучувањето на Адебајор Арсенал ја контролираше играта, но потоа работите се сменија. Ливерпул беше поопасниот. Рафаел Бенитез не беше присутен на теренот, поради операцијата на камен во бубрег, која му беше извршена ден пред дербито, но преку телефон постојано беше во контакт со своите помошници. По негова наредба во последните 20 минути играше и Рајан Бабел, а Дирк Кајт прејде во класичен напаѓач. Ливерпул делуваше моќно, но сепак, Арсенал успеа да се одбрани.

Резултати од неделните натпревари: Арсенал - Ливерпул 1:1, Њукасл - Тотенхем 2:1, ВБА - Сити 2:1. Табела: Ливерп��л 39, Челзи 37 (-1), Астон Вила 34, Манчестер јунајтед 32 (-2), Арсенал 31........

Блажевиќ не сака да се зафркава, заминува од БиХ



Ќиро Блажевиќ не сака повеќе да ја води репрезентацијата на Босна и Херцеговина, бидејќи како што кажува му работеле зад грб, а со него не сакале да соработуваат. Според него, нема единство во Федерацијата на БиХ и нема никаква можност за договор со челните луѓе. Тој просто полудел при изборот на новиот генерален секретар. Разговарал со тројца членови на претседателството околу тоа кој ќе биде генералниот секретар и тогаш му кажале дека се единствени по тоа прашање. Но, подоцна се воспоставило дека не е така. Ќиро го обвини потпретседателот Сулејман Чолаковиќ, кој планира да ја преземе функцијата генерален секретар, дека го излажал кога му кажал дека нема да се меша во тоа. „Во Федерацијата е тотална катастрофа. Како воопшто такви луѓе може да водат таква институција. Едно ми кажуваат, а потоа прават нешто сосема трето. Ме обвинуваат дека се мешам во работи кои не треба да ме загрижуваат, но добро им беше кога создадов ваква денешна репрезентација. Нема никаква смисла да се зафркаваме. Ќе се најдам со нив и ќе се разделиме цивилизирано“, порача Ќиро.

Реал М. ќе гради нова империја со Арсен Венгер



Англиските и шпанските весници пишуваат дека Хуанде Рамос е само привремено решение за Реал Мадрид. Дека за некои поголеми успеси се бара голем стручњак, а прв избор е Арсен Венгер.

„Владеењето на Барселона мора да заврши!“, во таа реченица може да се собере моментната филозофија на челните луѓе на Реал Мадрид. Тие на Рамос му поставиле ултиматум: Ако не освои титула во Примера или во ЛШ мора да си оди. Од сегашна перспектива и едното и другото е исклучително тешко да се направи. Па приказната за преселба на Венгер на „Бернабе“ станува реалност, ако се знае дека и Адебајор и Фабрегас се блиску до „кралскиот дрес“.

Инаку, Реал М. вчера потврди дека потпишал договор со Ласан Диара од Портсмут, за кого се шпекулира дека платил 20 милиони евра. Претходно мадриѓаните го договорија и трансферот на Хунтелар од Ајакс.

Барса со 10 бода предност



Барселона продолжува да меле се' пред себе. Последната жртва е Вилјареал. Домаќинот иако поведе со голот на Кани во 48 минута, Кеита и Анри со головите во 55 и 66 минута ја доведоа Барса до до нови три бода. Вилјареал имаше неколку стопроцентни шанси до крајот, но за жал на неговите навивачи напаѓачите беа слаби во реализацијата. Така Каталонците одат на зимска пауза со 10 бода предност во однос на Севилја која е втора. Исто толку бода има Валенсија, а потоа следат Реал М. и Вилјареал со по 29 бода.

Мурињо: Кристијано Роналдо е преценет



Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, во свој стил уште еднаш и удри контра на фудбалската јавност кажувајќи и дека официјално најдобриот играч на планетата Кристијано Роналдо е преценет. Менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон го спореди Роналдо со легендарните Пеле и Марадона, но Мурињо бргу му одговори.

„Роналдо често губи во клучните натпревари против големи екипи. Не е спорно дека е добар фудбалер, но не е најдобар во светот. Ја заслужи „Златната топка“ бидејќи Јунајтед стана европски шампион, а тој придонесе со многу голови. Сепак, него не треба да го ставате во иста класа со Меси, Кака и Златан Ибрахимовиќ. На нив тројца помислувам кога размислувам каков треба да биде најдобриот фудбалер. Меси, да речеме, е феномен, но Ибрахимовиќ е најдобар“, смета Мурињо.


Статијата е прочитана 511 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Победа на Грегор Шлирензауер во Енгелберг
По пет години Костелиќ повторно најдобар во слалом
Милан го понижи Удинезе, Јувентус остана зад петиците на Интер
Бостон го израмни клупскиот рекорд од 1981/82
ЕХФ- ЕП во Македонија „возбудливо и единствено“
Великаните нема да бидат заборавени
Животна хаварија на Бил Џонсон