Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Штипската опозиција ги откри адутите за градоначалници

ШТИП - Здравко Коцев, лидер на општинската организација на СДСМ во Штип, и Јордан Насев, директор на ЈП „Плачковица“ во Карбинци, ги поминаа сите статутарни процедури, со што станаа кандидати на СДСМ за градоначалници на овие две соседни општини.

ВМРО-ДПМНЕ се' уште тактизира и не ги открива своите адути, поради што локалните медиуми главно се водат од шпекулативни извори и спомнуваат повеќе имиња. Зоран Алексов, лидер на штипските вмровци, во континуитет е недостапен за медиумите, додека Васил Богдански, претседател на Општинскиот комитет во Карбинци, изјави дека кај нив ништо не е решено и дека им требало уште време.

Здравко Коцев ја доби довербата на сите 23 месни организации во општинската организација на СДСМ. Негови противкандидати беа актуелниот градоначалник Панде Сарев, директорот на ЈП „Исар“, Симо Донев, извршниот директор во „Баргала“, Благој Донев, Иле Николов, директор на „Актива“, и Коце Ефремов, дипломиран правник, поранешен директор на Управата за извршување санкции. Но, сите тие ги повлекоа своите кандидатури во корист на Коцев.

За можен кандидат за градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се спомнуваат пет лица. Васил Коцев, дипломиран економист и раководител на експозитурите на „Македонија пат“, Трајче Димов, актуелен директор на затворот во Штип, Љупчо Здравков, директор на подрачната единица на Фондот за ПИОМ, Васко Наумов, адвокат, и актуелниот лидер Зоран Алексов. Во Карбинци се вртат имињата на Тања Тасева, директорка на Ученичкиот дом во Штип, и лидерот Васил Богдански. (И.Б.)


Статијата е прочитана 891 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ДИК и Венециската комисија во акција за фер избори
НСДП оспори одредба од Деловникот
ДПА предлага нов Закон за јазиците
Двојна награда од ЕУ за Алсат М
ЕУ да се заложи повеќе за медиумите
Додовски најсериозен кандидат за лидер на ВМРО-Народна
Бура околу наградите „Јасмин“
ВМРО-ДПМНЕ во Куманово игра на поделбите на СДСМ