Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Во Кинотека филмот „Ангели на отпад“

Денеска во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе се прикаже македонскиот игран филм „Ангели на отпад“ од 1995 година на режисерот Димитрие Османли. Овој филм исто како „Мирно лето“ на Османли и „Јад“ на Кирил Ценевски се прикажува во рамките на циклусот на Кинотеката „Пред актерот - простум“, циклус кој пред македонската публика уште еднаш носи извонредни филмски дела и потсетува на големите улоги на нашите актери. Она што е најубаво во овој циклус е можноста публиката по проекциите да се сретне со македонските актери.

„Ангели на отпад“ е филм кој се осврнува на актуелниот проблем во 1990-тите години на пропаѓањето на општествено-политичките системи, што само по себе ја носи потрагата на човекот по загубените вредности, потрагата по минатото и по смислата на животот. Овој филм, чие сценарио го потпишува Томислав Османли, приказната ја раскажува низ еден „паноптикум на маргиналци, на затечени и загубени судбини“. Главните улоги во филмот ги играат: Мери Бошкова, Катина Иванова, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Јосиф Јосифовски, Ванчо Петрушевски и други. Влезот за сите проекции од овој циклус е слободен. (С.У.)


Статијата е прочитана 64 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Денови на македонскиот етнолошки филм
„Карамазови“ на Петар Зеленка вечерва на „Синедејс“
Цревоугодноста е контрапродуктивна за креативниот чин
Македонската филхармонија ќе свири премиерни дела
Платените убијци се неодолив магнет за публиката
Премиера на куклената претстава „Девојчето со кибритчиња“
„Тито без маска“ продадена во илјада примероци
Промоција во Институтот за македонски јазик