Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Од „Макстил“ тврдат дека не ја скриле несреќата со работникот

Инспекторатот ги подготвува пријавите за железарницата

Горан Адамовски

Трудовиот инспекторат се' уште ги подготвува кривичните пријави против „Макстил”, како и против двајцата вработени во скопската железарница, кои заедно со Јован Андонов (33), кој подоцна загина, работеа на замена на цилиндер од четврти одбојник на електропечка. „Макстил” ќе одговара за ненавремено известување за настаната повреда на работа со смртна последица, додека кај работниците ќе се бара одговорност, затоа што без да ги утврдат опасностите, го пуштиле во погон системот од што настрадал Андонов. Вчера, на десеттиот ден од несреќата, се огласија и надлежните од железарницата, кои преку соопштение ги негираат тврдењата на Инспекторатот дека за случајот известиле со три дена задоцнување.

„Кратко време по укажаната прва помош и згрижување на повредениот, телефонски контактиравме со Државниот инспекторат, за што постои и телефонски испис“, велат од „Макстил”, доставувајќи листинг со направени телефонски разговори во изминатите денови.

Од железарницата тврдат дека веднаш потоа испратиле и писмен допис до Инспекторатот, во кој го известиле за несреќата, но, поради неработните викенд-денови, како и празничниот понеделник, писмото во Инспекторатот било примено дури во вторникот, односно три дена по несреќата.

„Со цел да не се влијае на утврдувањето на фактичката состојба, ‘Макстил‘ се воздржа од какво било соопштение досега”, тврдат од железарницата.

Од Инспекторатот вчера ни потврдија дека работат на изготвување на кривичните пријави.

„‘Макстил‘ ќе го пријавиме поради ненавремено пријавување, а судот и Обвинителството можат да ги земат предвид укажувањата од железарницата и да ја отфрлат пријавата. Одговорност ќе побараме и од работниците, бидејќи несреќата се случила поради неквалитетната комуникација со Андонов“, ни изјави Мирослав Велковски од Трудовиот инспекторат во Гази Баба.

Полицијата, која исто така не беше информирана за случајот, поднесе посебен извештај до Обвинителството, во кое укажува дека поради непријавување од страна на „Макстил”, не била во можност да си ја изврши задачата и да работи на откривање на причините за несреќата.

Јован Андонов се здоби со тешки повреди на 6 декември, по што два дена се бореше за живот на Клиничкиот центар, од каде што, пак, спротивно на практиката, не ја известија полицијата дека примиле работник повреден на работното место. Трудовиот инспекторат утврди дека Андонов останал пригмечен од погонот, бидејќи не бил известен дека еден од неговите колеги ќе го пушти системот за да види како функционира.


Статијата е прочитана 168 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Син го убил татка си со секира
Маневски се заинтересира за „Ореше“
В петок пресуда за Кирил Тодоровски
Богданчанец ранет со ловџиска пушка
Малолетник прободен со нож во Чаир
МВР на суд треба да ја повлече тужбата за Шекеринска
Исчезнат прилепчанец пронајден мртов