Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Македонската филхармонија ќе свири премиерни дела

Македонската филхармонија, вечерва во Домот на АРМ во 20,30 часот, во соработка со Полската амбасада, ќе одржи концерт на божиќни песни. Влезот за концертот е слободен, а на програмата ќе бидат изведени традиционални песни наменети за божиќните празници од Полска, Италија, Шпанија, Хрватска, Франција, Украина и Бразил.

Утре пак, во Домот на АРМ во 20 часот, Филхармонијата ќе го одржи својот редовен симфониски концерт, овој пат со диригентот Борјан Цанев и реномираниот виолинист од Русија, Иља Гринголц. Програмата за утрешниот концерт е составена од врвни дела од светската музичка литература: увертирата „Мајстори и пејачи“ од Рихард Вагнер, романтичниот Концерт за виолина и оркестар од Семјуел Барбер кој ќе ја доживее првата изведба во Македонија, како и познатата „Патетична“ симфонија бр. 6 во ха-мол од Петар Илич Чајковски.

Инаку, солистот кој утревечер за првпат ќе се претстави пред македонската публика, Иља Гринголц, се смета за еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Тој е чест гостин на светските оркестри и соработува со најдобрите диригенти. Виолина и композиција учел во специјалната музичка школа во Санкт Петербург, како и на „Џулијард“ школата со Исак Перлман и покојната Дороти Дилеј. Гринголц е еден од 12-те уметници избрани за проектот на Би-би-си под наслов „Уметници од новата генерација“. (Т.И.)


Статијата е прочитана 77 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Денови на македонскиот етнолошки филм
„Карамазови“ на Петар Зеленка вечерва на „Синедејс“
Цревоугодноста е контрапродуктивна за креативниот чин
Платените убијци се неодолив магнет за публиката
Премиера на куклената претстава „Девојчето со кибритчиња“
Во Кинотека филмот „Ангели на отпад“
„Тито без маска“ продадена во илјада примероци
Промоција во Институтот за македонски јазик