Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Асад бара редефинирање на границите на Голанската Висорамнина

ДАМАСК - Сирија подготви документ со кој се дефинираат границите на окупираната Голанска Висорамнина и чека одговор од Израел преку турските посредници, јавија извори запознати со разговорите. Сирискиот претседател Башар ал Асад неодамна им порача на западните претставници дека Дамаск сака Израел да заземе јасен став за територијалниот проблем меѓу двете земји, пред да се согласи да продолжат замрените мировни преговори.

Во сирискиот документ се наведени границите во однос на шест географски точки, јавија изворите за Ројтерс. „Претседателот јасно истакна дека Сирија сака да го знае израелското мислење што ја конституира окупираната сириска територија пред да може да биде постигнат напредок“, јави еден од изворите. „Според размислувањата на Сирија, израелски договор за шесте географски точки би можел да помогне да се постигне мировен договор идната година. Меѓутоа, Израел можеби нема да даде одговор во скоро време бидејќи се наоѓа во политички метеж“, рече друг извор. Индиректните разговори меѓу Сирија и Израел, кои беа одложени пред околу три месеци откако израелскиот премиер Ехуд Олмерт реши да поднесе оставка поради корупциски скандал, се центрирани на судбината на Голанската Висорамнина.

Израел го зазеде платото во Блискоисточната војна во 1967 година и го анектираше повеќе од една деценија подоцна - чекор што беше едногласно отфрлен од Советот за безбедност на ОН. Двете земји беа во речиси десетгодишни директни преговори под американски надзор, но во 2000 година преговорите пропаднаа околу обемот на предложеното повлекување на Израел од Голанската Висорамнина. Починатиот татко на Башар, претседателот Хафез ал Асад одбиваше да потпише договор што не го опфаќаше североисточното крајбрежје на Галилејското Море, што е главен резервоар за вода. Асад го сметаше североисточното крајбрежје за интегрален дел на Голанската Висорамнина и тврдеше дека Сирија ја контролирала пред да избувне војната на 4 јуни 1967 година. Израел го зазеде целиот источен брег долж платото во текот на војната. Крајбрежјето се повлекува со децении. Според предлогот на Израел, Сирија би останала само неколку метри помалку од североисточното крајбрежје. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 255 пати.

Испрати коментар

Од: makedon
Датум: 17.12.2008 05:02:53
bravo na pretsedatelot na sirija koj junachki si ja pobaruva svojata porobena teritorija, a nas branche saka da ne ostavi bez ime . i nie makedoncite trba od oon da si gi pobarame nasite porobeni teritorii.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Грчките демонстранти ја зазедоа државната телевизија
Импичмент за гувернерот на Илиноис, Род Благоевиќ
Десет милиони долари за чевелот фрлен кон Буш
Петиција во Турција за извинување за ерменскиот геноцид
Џон Кери на чело на Комитет за односи на Сенатот
Од пет до 20 години затвор за руски скинхедси
Пронајден експлозив сокриен во продавница во Париз