Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ДИК и Венециската комисија во акција за фер избори

За регуларни избори одлучуваат партиите, категорични се експертите

Катица Чангова

„Во македонското изборно законодавство се вградени европските стандарди, но тоа не гарантира фер и демократски избори. Клучни актери за регуларен изборен процес се политичките партии. Не е непознато дека инцидентите на избори ги предизвикуваат партиските членови и симпатизери. Тоа не се случајни минувачи, туку лица со задача. Што се случи со партиите? Ништо. За изборни нарушувања во светот се одземаат мандати, а партиите се казнуваат со забрана за учество на определени избори“.

Ова го потенцира професорката на Правниот факултет и член на Венециската комисија, Гордана Силјановска, на вчерашната работилница во Скопје посветена на подготовките за претстојните избори. Таа најави дека Европската комисија за демократија преку правото подготвува кодекс за добри практики во политичките партии.

Државната изборна комисија во соработка со Советот на Европа интензивно го загрева теренот за фер локални и претседателски избори планирани за март 2009 година.

Голема доза оптимизам дека државата има капацитет да организира праведни избори искажа министерот за правда, Михајло Маневски.

„На Македонија и' се потребни фер и демократски избори, не поради тоа што треба да одиме во Европа, туку заради тоа што граѓаните треба да го изразат своето право на глас“, истакна Маневски.

Тој посочи дека никогаш повеќе не смеат да се повторат неправилностите забележани на предвременото парламентарно соочување. „За изборни нерегуларности се изречени казни на 33 лица во кривична и прекршочна постапка од судовите во Македонија“, додаде Маневски.

Државната изборна комисија ќе биде поажурна во казнените постапки, вети претседателот Александар Новакоски. Тој посебно посочи на последиците од евентуалните прекршувања на членовите во избирачките одбори кои се од редот на државните службеници или од јавната администрација.

Финансиската димензија беше најслабата алка во изборното законодавство, оценија вчера експертите. Институциите мора да ги фатат конците на изборното финансирање и да откријат дали парите кои се трошат за избори се чисти или валкани. Изборниот законик дефинира дека финансирањето на изборната кампања не може да биде од неидентификувани извори, туку од донации за кои мора да се води регистар.

Основна забелешка на претставниците од Венециската комисија е тајмингот за измени во изборното законодавство на Македонија. Според Кодексот на Венециската комисија за добри изборни практики, во последната година од мандатот не би требало да се менуваат клучни закони, а особено не суштинските делови од изборното законодавство, изборен модел и состав на комисии.

„Ризично е шест месеци до една година пред изборите да се менува составот на Државната изборна комисија. Поголемиот дел од членовите останаа и се надеваме дека во ДИК ќе има поголем баланс“, нагласи Андре Квакестад, советник за изборни прашања во Венециската комисија и поранешен пратеник во Норвешка.

Првиот човек на Државната изборна комисија, Новакоски, возврати дека ДИК е професионална. „Фактот дека четворица членови останаа од стариот состав на ДИК се покажа како добра одлука“, додаде тој.


Статијата е прочитана 167 пати.

Испрати коментар

Од: вмк
Датум: 17.12.2008 01:22:34
Венеција потона,така и вашата Венецијанска комисија...е јас само еден што знам чисто е ставен за лажирање.....на таткому е вес.....дебело ке го наплати тоа што ке врши правилен надзор,односно што нема да биде „пристрасен“ а тој главниот пак да не кажуваме....Стево Пендароски ако е со комуњарите по поштен е од тие сите заедно.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
НСДП оспори одредба од Деловникот
ДПА предлага нов Закон за јазиците
Двојна награда од ЕУ за Алсат М
ЕУ да се заложи повеќе за медиумите
Додовски најсериозен кандидат за лидер на ВМРО-Народна
Бура околу наградите „Јасмин“
ВМРО-ДПМНЕ во Куманово игра на поделбите на СДСМ
Штипската опозиција ги откри адутите за градоначалници