Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
22.04.2012, 17:12

Три врби никнаа во Вардар

Деспина Трајковска

Трите живи врби никнаа среде Вардар. Од викендов тие го красат речниот тек, во близина на Камениот мост. Така, сега, старо-новиот центар на Скопје освен палми, фонтани и два нови моста на Вардар, ќе го красат и врбите кои можат да пораснат до триесет метри. Во случај да не се фатат, ќе пропаднат речиси 250.000 евра колку што е вредноста на договорот на Министерството и градежната фирма „Еуро проект“ од Селце, Тетовско, која го доби тендерот за реализација на проектот. Таа имаше обврска да ги набави врбите и да ги засади во специјални жардиниери. Тие се, всушност, изработени во вид на саксии, бетонски, обложени со нерѓосуван челик, широки по два метра. Врбите се од видот „салиџ алба“, кои ќе и' пркосат на скопската клима, според авторката на идејното решение, Искра Димитрова, создадена за виреење на врбите. Иако врби во Скопје има речиси на секој чекор, за овие се потрошија 82.000 евра за една. Веројатно, времето ќе покаже дали тие ќе успеат да го преживеат непредвидливиот Вардар.

Овој проект, кој беше промовиран пред повеќе години од страна на Министерството за култура, како дел од проектот за поставување на 35 скулптури во централното градско подрачје, се изработи по идејно решение на Искра Димитрова, а победи на конкурсот уште во 2008 година.

Таа тогаш за „Утрински весник“ објасни дека токму футуристичката нишка на овој проект, од една страна, и предизвикот во центарот на градот да се даде печат на вегетацијата која се' помалку ја има во централното градско подрачје, биле предизвик за неа при изработката на проектот. Напомена дека ги избрала врбите како синоним на реката, а Вардар како белег на Скопје, кој, всушност, ќе претставува природна средина за дрвјата. Димитрова потенцираше дека со идејното решение за врбите, кое е еден вид споменик, ќе се оддаде почит на вегетацијата на Скопје.

„Сакав да создадам нешто да има свој израз и автентичност за градот, сето тоа на еден посовремен начин. Во проектот, бетонот како суровост на урбаниот материјал го спротивставив на романтичниот аспект на врбите. Притоа водев сметка тие да не го попречуваат погледот на Камениот мост, бидејќи тој е еден од главните симболи на Скопје, а сепак да дадат доза на веселост на урбаниот пејзаж“, раскажа Димитрова за „Утрински“.

СДСМ: Врбите се сведок на недомаќинската власт

Опозицијата вчера реагираше на последниот проект што се реализира во центарот на Скопје. Поставувањето на трите врби во Вардар, за СДСМ е тажен потег на Владата во момент кога таа се задолжува со нови 250 милиони евра, а за врбите платила 250.000 евра.

„Ова е уште еден непродуктивен буџетски трошок во услови кога во претстојниот ребаланс се скратуваат средства онаму каде што се најпотребни. Додека се поставуваат жални врби на Вардар, директорката на Фондот за здравство жално ни соопштува дека кратењето на нејзиниот буџет само ќе ги одложело исплатите, а кратењето на боледувањата граѓаните немало да го почувствуваат. Жално, нема што!“, коментираше вчера Јани Макрадули, член на извршниот одбор во СДСМ. Опозицијата смета дека трите врби, всушност, сведочат за недомаќинско трошење на буџетските пари.

На прозивките експресно реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Истакнаа дека Макрадули ја манипулира јавноста, и оти станувало збор за проект стар три години. „Сето ова СДСМ пропушти да го направи цели 15 години. За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ гради и тоа останува за сите граѓани“, одговорија од владејачката партија набројувајќи владини проекти од неколку области.

 


Статијата е прочитана 7740 пати.

Испрати коментар



Аква-паркот чека зелено светло во Општина Карпош
Почна ширењето на „Климент Охридски“ од црква до Влада



stevo, 22.04.2012 22:58:31
Od Utrinski kako seriozen vesnik, ocekuvam da ne bide samo nem svedok , tuku i aktiven nabljuduvac i da napravi anketa po makedonskite rasadnici kolku cini edna vrba. Moze da se prasa i vo sosedstvoto, a i vo prekuokeanskite zemji. Ova me interesira za da znam za kolku iljadnici Vladata ne pravi site nas ovci koi demek ne se razbirame vo umetnost,a a tie selancinjata prosti znaat sto bilo skulptura. Ama koj glasal za ovie kleptomani, sega neka im se raduva na vrbite
ALEKSANDAR VINICA, 22.04.2012 23:39:41
vrbi na glava da i niknat dodeka narodot strada oni za vrbi trosat pari i toa 250 iljadi evra
george mitev, 23.04.2012 00:07:38
e ba die gi trosshatparite na spomenici na vrbi a oti ne idavate pari na cdcm e na criviot vlaknata im prshse a be tie ne se zdavi samo sakat da bidat na vlas cdcm beshe na blas sho napravi ja donese na koena makedonija stram daimjreoste po nese zastamuvat.
vmrovec, 23.04.2012 00:34:34
Kako simpatizer na vmro dlabogo gi poddrzuvam site proekti na vladata osobeno skopje 2014. megutoa mislam deka nekoj raboti se stvarno premnogu. Pocnaa veke bez oset da se trosat premnogu pari 250000 evra za 3 vrbi toa e premnogu pa cel park ke napravevme so tie pari ili nekoja ulica ova e glupost isto kako i splavovite i plazite. Se nadevam deka ke se stegne malku vmro posto imaat stvarno pregolema komocija vo vlasta poradi nikakvata opozicija , no zapametete i nie vasite simpatizeri ne sme nedovetni ili nepismeni da zamizime na nekoj ocigledni matni raboti koj se slucuvaat pred nas nos za necii licni interesi a pod velot na partijata. Ve molam dosta e, prevzemete nesto dodeka ne e kasno. Pozdrav. Da zivee VMRO
jazz, 23.04.2012 00:43:44
zalna Makedonija,zalna vlada,zalni vrbi
Nenad, 23.04.2012 00:44:38
Vakov predlog,moze da mu tekni,samo na mnogu, kreativni luge. Od toa,sto go vidov od slikata,vrbite,navistina, isgledaat impresivno.Ke go razubavaat,centarot na Skopje.Poteg, za pofalba. Vladata,treba da prodolzi so ovoj intezitet.
Orhideja, 23.04.2012 01:32:44
Super uste samo toa ni trebase, 3 vrbi vo vrednost od samo 240.000 evra. Barem nema da im nedostiga voda i arsko gubrivo. Se cuvstvuvam deka ziveam vo nekoj los film so zombi likovi. Ova se vika izivuvanje so parite od danocnite obvrznice, no izgleda nie sme sado mazo narod. Sami si go baravme.
Mihailo Malme Svedska, 23.04.2012 03:29:01
Dodedka mnozinstvoto od makedonskiot narod gladuva i edvaj sostavuva kraj so kraj, nekoi koi se izbrani od narodot se odnesuvaat krajno neodgovorno i rasipnicki i trosat pari na gluposti. Da se platat 250 000 € za tri sadnici Bela Vrba ili na latinski Salix alba e kriminal za koe nesto nekoj treba da odgovara za pronevera, zatoa sto parite se potroseni na krajno rasipnicki nacin.
jimmy1, 23.04.2012 06:38:40
Navistina ovaa e nedomakinska vlast. Jasno se gleda deka seto ova ne mi lici na 3 vrbi, tuku mi lici na 3 javni peralnici na pari. Kade se culo videlo za 3 vrbi da se potrosat 250.000 evra, pa od zlato da gi praveja pak ke cineste mnogu pomalu. Do Stevo: Stevo vo zapadot da kupis edno drvo cinit 0d 10 do 20 dolari, a dokolku se raboti za nekoe retko i egzoticno drvo najmnogu cinit do 50 dolari. Stom vrbite gi zasaduva firma od Tetovsko siguren sum deka e toa nekoj od DUI pa so ova treba i ednite i drugite da karat. So ona sto dosega imaat potroseno, (neracunaki go ona ukradenoto) za spomenici, kupoli, barokni fasadi, porti i red drugi gluposti nie ke imavme najdobar zivoten standard vo svetov. So ovie raboti se bogatat samo tie vo vlasta, toa vremeto ke go pokaze koga ke se smeni ovaa nedomakinska vlada. Togas ke se visi sto imot poseduva Grujo iako sega vo imotnata lista sve nasve stoi deka poseduva samo negde okolu 28.000 evra, nema nikakov nepodvizen imot a gradi vo Ceska.
stojko, 23.04.2012 06:48:05
ke jademe vrbi so 250 iljadi evra obicni vrbi mozese da se posadi cel vardar na sekade vrbi ima a ovie bile posebni jas mislam albancite se krivi tie nosat vrbi od albanija i pesok
Центар, 23.04.2012 06:49:58
Навистина врбите беа нужно потребни за да ја надополнат лакрдијата во Скопје.
malo crnice, 23.04.2012 07:37:14
Malku e ova za stado ovci kakvo sme nie. Ne 3, uste 33 vrbi da stavite i ic oko da ne vi trepnuva koj so rekol. Nas nie e ubavo i dobro da si hibernirame kako mecki, samo sto meckite toa go pravat zimno vreme a nie cel nas zivot. Zatoa VMRO-vci, punom parom naprjed.
mile, 23.04.2012 07:49:41
Не се криви тие!!? Криви се тие шутраци што ги гласаа..............
dobar den, 23.04.2012 08:06:04
Makedonija - najbogata i najsredena zemja vo cel svet, a možda i vo cel svemir... :-(
Aleksandar Makedonski, 23.04.2012 09:08:38
Trosenje na 250 000 evra od drzavni pari za tri vrbi e nenormalno. Nikoj ziv covek ne bi mozel da stori takvo nesto dokolku bi bil na dolznost a imal samosvest i oset za odgovornost. Ova smrdi na korupcija i pronevera na drzavni pari do Brisel i Vasington. Antikorupciskata komisija mora vednas da gi obelodeni site tie od drzavata koi sto bea vkluceni vo ova rabota. Pa tolku li Makedonskite politicari i drzavni sluzbenici gi potcenuvaat na Makedonskite gragjani? Zamislete sto pisat site oni evropski spiuni-izvestuvaci za Makedonija do svoite nadlezni? Zamislete sto se mislat tie evropejci koga ke procitaat vakvi raboti? Rakata na pravdata e dolga. Edna Makedonija, Obedineta Makedonija
Навали , народе!, 23.04.2012 09:21:32
Жални врби , три за 240.000 евра,ефтини са! За феликс и девичанецот 10% попуст!
od ostrijot, 23.04.2012 09:58:06
toase vladinite investiciji sadenje vrbi po vardar.
Vinci, 23.04.2012 10:17:44
,,Kritikite,, za palmite na Gradskata plaza ocigledno vrodija plod, konecno koritoto na Vardar ke ni go ,,prolepsaat,, so vegetacija od naseto izvorno podnebje, pa neka e po komad i 80.000 EUR ( najmalku e bitno sto narodot mizeruva ), sto e toa za nasite prerodbenici, samo napred udarnicki!!!!!!!!
Mudrec, 23.04.2012 10:19:11
Mislam deka e dezinformacija deka trite vrbi chinat 250 iljadi EUR. Verojatno tolku chinat zaedno so celata instalacija za da mozat da stojat vo Vardar.
РНД, 23.04.2012 10:31:41
На врх брда врба мрда... а кај нас и во Вардар...
zoran, 23.04.2012 10:43:13
E ako i za ova ne odgovara nikoj,navistina site makedonci se zalni vrbi.
jovan, 23.04.2012 10:48:51
KRIMINAL neviden, sramota
jass, 23.04.2012 10:59:24
Ubedlivo Makedonija e najbogata zemja vo vreme na kriza i recesija zemjata trosi milioni, horor kade go ima ova vo Afrika???????????????
Елена, 23.04.2012 11:06:16
Димитрова потенцираше дека со идејното решение за врбите, кое е еден вид споменик, ќе се оддаде почит на вегетацијата на Скопје. Нормално е да и се оддаде почит кога ја погребаа, вегетацијата. Да ја надополнам авторката Димитрова.. да и е вечна слава!
evropeec, 23.04.2012 11:28:03
Ne vrbi, treba treva da poseat pokraj Vardar, da ima sto da pasat vmr-OVCITE. Ne izbori, narodot treba da ja srusi ovaa vlada. Malku im bese kradenje od spomenicite, sega ivrbi, ute ke sadat i ministri. Trba da go posadat i Koce kako najdobar gradonacalnik.
stema, 23.04.2012 11:32:21
Чисто информативно - еден садник е 125 фунти во Британија... http://www.barcham.co.uk/trees-for-sale/buy-white-willow-salix-alba, http://www.buythetreeyousee.com/buy-the-tree-you-see/buy-salix-alba-chermesina-salix-alba-chermesina Изгледа тоа саксиите бетонско-челични ја креваат цената... Или некој многу, многу лошо се мајтапи со нас... Луѓе, пакувајте и да не’ нема од бананава... Мамата ни ја расплакаа...
мајка, 23.04.2012 11:53:10
СРАМОТА!!! Завчера зборат дека нема пари за подобри вакцини, а денес за врби и глупости пари се даваат без проблем.
ФЕЛИКС, 23.04.2012 12:18:34
Има едно правило повеќе пати докажано,ако власта не се контролира сериозно тогаш таа аздисува.Па во тој контекст се и трите жалосни и прежалосни врби кај Вардар или у Вардар сеедно,ефектот е ист.Ако постојано се садат прежалосни врби во Бихаќка од типот на НАДЕЖ или ,,ќе дадеме се за пуста власт,,(се мисли на непристојно-срамната понуда кон ДУИ)и се нема време да се испорачаат сериозни и реални идеи и решенија,тогаш садењето прежалосни врби и други спомен керефеки ќе расте сразмерно со аздисаноста.
patriot, 23.04.2012 12:32:27
dobro be majkamu stara ,sakate li da bidime ushte so magarinja po ulici, ili da se fklopime so evropa .edno prashanje do tie shto se protiv ,zashto go obnovuvate nameshtajot vo vashite domovi ,i zashto barate brend garderoba .
babaratka, 23.04.2012 12:42:41
Do Georgi Mitev narecen nepismen. SDSM barem ne zasadija skapi vrbi,spomenici, baroci i sl.gluposti isplatlivi za kradenje. SDSM mozebi nekade i zgresija no barem napravija DRZAVA koja ovie predavnici ja unistuvaat!
rima, 23.04.2012 13:10:14
Navistina ova e veke premnogu pa i od DPMNE da e.Pa luge ,za ovie pari nekoi opstini molat so godini kako bi izgradile nekoj vodovod ili pat sto vrzuva dve naseleni mesta.So ovie pari se gradi vodovod za cetiri sela so po 1000 ziteli ili lokalen pat od 7 kilometri so sirina od 5 metri.Navistina zabegana rabota .Konecno.
читетел, 23.04.2012 13:30:58
срамно е ова што се прави со скулптурите.Народот нема леб да јаде , напрасви ребаланс , касата е празна должни сме -бетер од Грција и се уште продолжува власта со спомениците , што воопшто не се приоритет во овој момент.Навистина срамно и безобразно од страна на власта
Капетан Немо, 23.04.2012 14:13:32
После ова Коце на клоци за нов мандат за градоначалник на овој циркус наречен Скопје
Коментатор, 23.04.2012 15:36:06
Нема да одам во детаљи колку семејства ќе се нахранат од градежните работи, ниту колку е мултипликациониот ефект од градежништвото врз другите индустрии, ниту дека владите во светот се борат против кризата со јавни градежни работи како и во МК. Само едно сакав да кажам, мислам сите го забележувате карактерот на СДСМовецот.Дали знаете што потајно посакуваат најповеќе од се?Ама искрено.И во текстот а и во коментарите.Да дај господ да овенат врбите!!!:-)Ако не е така јас пес во гората да лајам.На комшијата да му умре козата.И мене нека ми умре, ама нему две:-)Со злоба, деструктивност, безидејност,гола желба да бидат калиф наместо калифот, никогаш нема да ја добиете подршката на гласачите.Мислете и предлагајте позитива, можеби ќе видите разлика на изборите;-)
Skopjanec, 23.04.2012 15:40:36
Predlagam da ne zastane vladata tuka! Potrebno e sekoe domakinstvo da ima najmalku po edna vrba,ako nema dvor togash vo saksii neka gi sadat i da bidat po nabavna cena od 25.000 EU! Im se moze na lugjeto, pa zoshto da ne! I vo Avganistan da beshe, za ova nekoj ke odeshe vo zatvor..arno ama, tamu vo koalicija ima samo talibanci a ovde grujo e ponapreden, toj si ima albanci
Ljube, 23.04.2012 16:21:12
Za tri Vrbi =250 iljadi evra??? pa toa ne e mozno!!! pa kakvi se tie Vrbi ve molime za pojasnuvanje Utrinski!?
Трпе, 23.04.2012 17:43:34
Улица темница, каал до коленица, погодете за штоо се работи !
Луда Мара, 23.04.2012 17:45:32
Па,добро бЕее луѓе,како не ви е срам?!Што се буните!Знаете ли вие колку чини една врба!?Цената на врбите во светот достигнува и преку половина милион за гранка!Како и да е,јас сум воодушевена што,ете,со помош на нашата најпатриотска власт,сепак се најдени најевтините врби во светот!Се очекува ново кратење на буџетот од оваа штедлива влада!Влада,каква што народ може само да посака!Такви,како нив,мајка веќе не пораѓа!Нашите генијални владини трупци во секое време ќе можат да им парираат на врбите,затоа и ги купуваат!Како чиста античка Македонка,МноооОгууу Сум ГоОо0рда на врбите!Ќе ми ја вратат изгубената го0ордост!Предлагам до година да засадат и тикви,по можност празни,да нè потсетуваат на умот! :0))
Најобичен граѓанин на оваа држава, 23.04.2012 18:42:17
Ве молам, немојте повеќе да градите за мене. Не мачете се, ќе преживеам без врби и без споменици. Не можам да ги платам сметките, на своето дете, кое реди десетки на еден од најтешките факултети, немам веќе што да му дадам да јаде а да не зборувам за плаќање за друго. Полека, не брзајте. Не барам помош. Само сакам соодветно да ме наградите за мојата работа. Вие сте мои работодавци, вие се правдате дека нема пари во буџетот. Секој ден имате нови барања и задачи, нормално проследени со закани. А што нудите? Да јадеме колачи ако немаме леб? Колку за потсетување, Марија Антоанета завршила неславно.
wd40, 23.04.2012 18:45:30
Pa dobro 250 000 drzavni pari frleni za vrbi se sepak pomalku od 300.000 frleni od BC za slovenecki PR za da pluka po Makedonija i da se vrati na vlast......Ova bar ke ostane kako malo parkce vo Vardar iako e preskapo.....
denim, 23.04.2012 19:09:58
sega vrbite ke bidat uste potazni zatoa sto ke ziveat vo gom*a pa ke se javi nekoja partija na zelenite i ke gi spasi so preparacija vo mrtva priroda
deniskopje, 23.04.2012 20:27:44
Врбите си имаат своја функција за нашата подобра иднина: Кога врбата ќе роди грозје,...... во Македонија ќе и биде подобро
mile, 23.04.2012 21:39:47
STO MOZE DA SE OCEKUVA OD NEKOJ NA KOJ NA LOPATATA MU VRZUVAT CRVENI MASNI A TOJ POSTAVUVA TEMEL NA IZGRADENA ZGRADA

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |