Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Огромен буџет за „лов“ на странски инвеститори

Мизо тврди дека, и покрај кризата, досега не се повлекла ниту една од компаниите со кои имаме меморандуми

Александар Пешев

Агенцијата за привлекување странски инвестиции активно ќе продолжи да „лови“ странски инвеститори, и покрај светската финансиска криза. Ова вчера го најави директорот на Агенцијата, Виктор Мизо, пред средбата што ја имаше со промоторите во странство.

Инаку, за работата на Агенцијата за странски инвестиции со буџетот за 2009 година се наменети дури 267,8 милиони денари или 4,4 милиони евра. Имајќи предвид дека буџетот предвидува 30 милиони денари или околу 490 илјади евра за поддршка на развојот на мали и на средни претпријатија, Агенцијата е во можност да добие речиси десет пати повеќе капитал од оној предвиден за малите и за средните бизниси во земјава.

Дали е оправдана оваа огромна сума на средства што идната година ќе ја добие Агенцијата за странски инвестиции, особено што во услови на криза се очекува дека ќе се откажат од намерата за инвестирање дури и сигурните вложувачи?

Првиот човек на Агенцијата, Мизо, тврди дека ниту една од компаниите со кои се потпишани меморандуми за разгледување на можностите за инвестирање, досега не се повлекла од земјава.

Според него, странските компании во овие услови сакаат стратегиски да се позиционираат на локации кои ги гледаат како атрактивни за инвестирање. „Постојат компании кои се финансиски посилни и кои се лидери во своите сектори. Тие гледаат во актуелниве моменти да се позиционираат на таков начин што би пронашле нови локации, кои по завршување на кризата ќе им дадат можности да бидат многу поконкурентни и финансиски посилни“, изјави Мизо.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции вели дека досега претставници од повеќе од 100 компании се заинтересирале за земјава, со цел разгледување на можностите за инвестирање. Компаниите биле од Италија, Германија, САД, Израел, Кина, Австрија, Холандија, претежно претставници на автомобилската индустрија, информатичката технологија, земјоделството, фармацијата, недвижниот имот, туризмот. Според анализите на Агенцијата, имало компании кои инвестициите ги сметале за несигурни насекаде, но има и компании кои тука гледале перспектива.

Мизо посочи дека македонските економски промотори имаат посетено повеќе од 5.000 компании. Директорот најави испраќање на пет нови промотори во Шпанија, Канада, Турција, Катар и во САД, кои ќе се приклучат на тимот од 18 промотори кои моментно работат на привлекување инвестиции и промовирање на Македонија во 17 земји.

Сепак, според Директорот на британскиот проект за поддршка на Агенцијата за странски инвестиции, Дејвид Бенкс, кризата ќе има ефект врз обемот на странските инвестиции во Македонија. Тој порача намалениот обем на странски инвестиции да не ги демотивира економските промотори. „Компаниите се повлекуваат, бидејки имаат проблеми со ликвидноста, што влијае на обемот на инвестициите“ рече Бенкс. „Сепак, сметам дека Македонија има добра приказна за раскажување, но за резултати треба повеќе време“, додаде тој.


Статијата е прочитана 313 пати.

Испрати коментар

Од: ital
Датум: 17.12.2008 00:13:43
Imam tislerska rabotilnica vo Italija, kade da se obratam za da potpisam memorandum???
Од: od EU
Датум: 17.12.2008 01:30:29
pak ova povtorno istata prikazna. Paradoksot e: na investitorite im e biten izvestajot na EU i dali ke pocneme pregovori ili ne. Koga ke pocneme, nema potreba nikoj da trca kaj niv, sami ke si dojdat. A od druga strana Gruevski celo vreme ja provocira Grcija i skoro nisto ne sraboti za da dobieme pozitiven izvestaj. A od treta: :eve rabotime, barame investitori. Pa dobro ne sme site tolku budali...Eve pogledajte samo na internet kolku imale zemjite od istocniot blok sto se vo EU, do 2000godina investicii, a kolku denes...
Од: do ital
Датум: 17.12.2008 08:01:21
Imam pogon za cackalici, javi mi se mene ke potpiseme 2-3 memoranduma.
Од: toni ku
Датум: 17.12.2008 09:05:18
neka gi loviv stranci a nasi ke bidev robovi treba isti uslovi i za stranci i zanasi ima mito korupcija i sve na dalje neplatena nokna rabota ne plateni praznici stran investitori toj ga traziv
Од: Фикс идеи
Датум: 17.12.2008 09:13:25
Младото момче трла лен за да му помине ден, но, и солидно да си ги наполни џеповите! А, сметката ќе ја подмират наивните граѓани. На здравје!
Од: biljana
Датум: 17.12.2008 09:58:16
Ironija! Navodno vladata se grizi za privlekuvanje investicii, a de fakto gi brka onie sto bea na prag i sakaa da vlozat ogromni sumi. Eden svez primer: Pred 2 nedeli e ponisten tenderot (koj se vleckase edna godina) za hidrocentralite Cebren i Galiste. Za potsetuvanje: Germanskata RWE sakase da vlozi 700 milioni evra vo ovoj proekt. Da ne spomnuvam uste mnogu tenderi koi propadnaa poradi losa organiziranost ili poradi toa sto odgovornite vo ministerstvata mislat deka e toa igracka i si igraat so ekonomskata, a so toa i so politickata sudbina na ovaa zemja.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Следната 2009 ќе биде тешка година
Реконструкцијата на мостовите продолжува во мај
Телекомуникациите засега отпорни на кризата
„Лукоил“ ги намалува инвестициите
Хрватска со 650 млн. евра за патишта
Се предлага одложување на бруто-платите
Нови банкомати на ТТК банка
Составот на МБИ 10 останува ист
Производителите на делови пред банкрот
Обама избра нобеловец по физика
Хрватскиот Собор го усвои буџетот за 2009
Ирската влада ќе им помага на шест банки