Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Работнички Ф. без илузии во реваншот со Галатасарај

Попладнево во Истанбул одбојкарите на Работнички Фершпед ќе му гостуваат на Галатасарај во реванш мечот од третото коло во Челинџ купот.

Турскиот претставник е апсолутен фаворит, но не само поради победата во Скопје со 3:1, туку и според моментната форма и натпреварувачкиот ритам во кој се наоѓа. Додека „шпедитерите“ ја користат зимската пауза во домашното првенство и одвреме-навреме ќе одиграат по некој меч, Галатасарај работи во полна пареа. Веќе три средби во низа не знае за пораз во турскиот шампионат, а потврда за топ-формата пристигна и викендот во кој славеа над големиот ривал Фенербахче со 3:2.

Работнички Ф. ќе се обиде да пружи што е можно посериозен отпор на противникот и чесно да се прости од Европа. За пласман во следната фаза и не се размислува. За тоа е потребна максимална победа што ќе претставува вистинска сензација, а да се очекува такво нешто во моментот, имајќи ги во предвид двата тима, е само илузија. (С.Д.)


Статијата е прочитана 68 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Хеј со пресечената глава на Кличко во своите раце
Субару се повлече од СП во рели
Повторно му се заканува агонија на Вардар
По ЕП, погледите се вртат кон СП
Нема кој да го сопре Бостон
Фудбалски вести