Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Каде беше премиерот Груевски

Тамара Грнчароска

По онаа скандалозна епизода на поранешниот грчки министер за надворешни работи, Теодорос Пангалос, кој пред десетина години ги нарече членовите на партијата Виножито на македонското малцинство во Грција мала група хомосексуалци, Скопје виде уште еден срам кога бугарскиот премиер Сергеј Станишев се подбиваше со членовите на ОМО „Илинден“ -ПИРИН, партијата на македонското малцинство во Бугарија, нарекувајќи ги луѓе кои само сакаат да бидат во центарот на вниманието. Изјавите во стилот на познатите реторики и политики на двете земји спрема македонското прашање немаше толку да фрапираат доколку не беа искажани тука, во Скопје.

Но, моментот што најмногу иритира во сето тоа е што македонските домаќини и тогаш (шефот на дипломатијата Александар Димитров) и сега (премиерот Никола Груевски), беа само неми статисти на изјавите на понижување и подбивање со деловите од нашиот народ и нивните права во двете авторитарни (во поглед на малцинските прашања) држави - Грција и Бугарија.

На Станишев, кој во понеделникот барањето за политичко дејствување на Македонците во Бугарија го сведе на обичен егзибиционизам и психолошки проблем за желба за медиумско внимание на лидерите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кои, како што рече, и да се регистрираат на изборите би освоиле многу малку гласови, му се дозволи да не добие одговор на тоа со контрааргументи.

Му се дозволи во државата чија нација и јазик Бугарија не ги признава, чии култура и историско наследство ги присвојува, да не му се каже, со најдипломатски речник, дека така не се градат добри меѓудржавни односи. Да не се потсети на меѓународните декларации за правата на малцинствата и за човековите права.

Да не му се „укаже“ на дипломатското правило за почитување на државата и нацијата во чија посета беше дојден. И сето тоа во духот на доброседските односи и нивен реципроцитет, што Станишев го побара од Македонија.

Но, македонскиот премиер остана нем. Груевски кој, особено измината година, својата надворешна политика ја гради токму врз патриотизмот и зачувувањето на македонската нација, јазик, култура, правото на еден народ за самоопределување и самоодржување, пред бугарскиот премиер како да го заборави сето тоа. Или можеби таа политика е само за домашна употреба, во функција на популизмот и рејтингот на власта? Едноставно кажано, патриотизам на хартија.

Зошто лидерот на партијата и на Владата сега не испрати писмо до генералниот секретар на ОН, до ЕУ, до другите меѓународни организации, за да им раскаже какви права уживаат Македонците во Бугарија, како што раскажуваше за правата на Македонците во Грција. Зарем Македонците во Бугарија се помалку Македонци од оние во Грција?

Од сето ова произлегува дека интересот на македонските власти за правата на своето малцинство, во една или во друга држава, е различен, во зависност од целта која треба да ја постигне со тоа. Македонците во Грција му послужија на Груевски во спорот околу името. Со Бугарија не се спориме околу името и таа засега не не' блокираше во НАТО и во ЕУ. Значи, Македонците во Бугарија не му требаат на Груевски.

Пред десетина година владата на Љупчо Георгиевски, чиј министер беше Груевски, написмено се откажа од своето малцинство во Бугарија во име на добрососедските односи. Целта на Георгиевски подоцна се покажа повеќе од јасна кога тој доби бугарско државјанство.

Сега Груевски, како актуелен премиер, би морало да ја каже целта на своето молчење во понеделникот, со кое Македонија по вторпат се откажа од Македонците во Бугарија. Било тоа да се државни или лични.


Статијата е прочитана 1478 пати.

Испрати коментар

Од: sandra
Датум: 17.12.2008 00:08:10
od koj baras odgovori be tamarke sto te gledam cudna. za mnogu pokrucijalni praanja nema odgovori pa za ova. nego ne znam dali zaslepenite uste li se narekuvaat patriotchinja a sdsmovcite se neli predavnicite. frcea pisma togas za egejcite ne deka go zabole uvo za niv nego da odvlekuva vnimanie, da sobira poeni i dopolnitelno da go minira procesot za pregovori. kaj se sega egejcite? i pari uste nie danocnite obvrznici davame da im se plakaat advokati a oni si ziveat po strantsvo ja ke im plakam. jzk na tie sto gi glasaa , kaj nesposobni se pokaza i patrioti ne se. zatvoraat eks premier a dzemaili ne moze da go najdat, ja tuzat rada pa ne se pojavuvaat. menuvaat i tuzat novinari, a be se sprdaat so site ovie nepismeni
Од: Makedonec vo EU
Датум: 17.12.2008 00:30:44
Gruevski e premier na drzava sto nadvor od nejzinite granici se vika FYROM, i toj nema nikakva namera da ja podobri ovaa situacija. Zarem moze bilo sto da se komentira za negovoto dostoinstvo?
Од: Itar Pejo
Датум: 17.12.2008 00:32:33
Ah, Nikola, Nikola! Ah, VMRO, VMRO ! Makedonskiot identitet mivka li e za vas ? Strizete gi vmr-ovcite sto glasaa za vas.
Од: mk
Датум: 17.12.2008 01:19:37
Jasno e kako den za zal del od Makedonski narod e zaveden i zbunet vmrOVCITE se chisto bugarofilskastrateshka politika samo koravite i gluvite nemaat chustvo.
Од: Зоки арамијата струмички
Датум: 17.12.2008 02:23:43
За Сандра,итар пејо ,македонецот од Струмица и сите sdsovci Уште ли имате образ да го критикувате па тој е доктор на сите ваши 200 доктори на науки ви ги затна сите дупки(фати сите арамии) сега кој знае и на избори дали ке испаднете . Вие сте или многу прости или не гледате кој што прави или сте за во еден кош со Кавадаречкиот зет нека му е мек креветот во Идризово.И мојот имењак од Струмица ако и да е ке си го каже бакарот пак што рекле старите волкот влакното го мења чудта не или може се крстите на мистер виски од пролет нека ви е со срека .
Од: pred faktite i Bogovite molcat, a FAKT E deka Gruevski e PREDAVNIK
Датум: 17.12.2008 03:19:44
Kade e "patriptot" Gruevski???? Kade e VMRO-DPMNE????? Zaren ova ne dokazuva deka tie se PREDAVNICI DUSMANI na Makedobija koj odrabotuvaat za interesite na drzavite koj ne mrazat. Zosto Gruevski ostana nem pred covekot koj udri po Makedoncite??? Odgovorot e jasen. Ova e samo eden mal dokaz deka Gruevski ja vodi Makedonija i raboti na planot kon unistuvanje i zgasnuvanje na Makedonskata nacija. Samo slepec ne moze da vidi deka Gruevski vo ime na patriotizmot OSTVARUVA crni scenarija protiv Makedonija.
Од: ljupco,bitola
Датум: 17.12.2008 05:48:36
Гледам дека освен тој дел за ОМО Илинден, остатокат од обраќењето на премиерите Станишев и Груевски воопшто на допира до вас. Упорно ќе верглате една те иста работа,зошто не изреагирал Груевски како што треба?А ако го стореше тоа,уште повеќе ќе беше напаѓан од истиот овој медиум.Сетете се само што пишувавте и говоревте кога истиот тој Груевски го отвори за првпат прашањето на нашето малцинство во грција-па безмалку беше прогласен за предавник.Зарем освен грците, и бугарите да си ги натовариме на врат?Па и тие се дел од ЕУ.
Од: Kiril
Датум: 17.12.2008 07:22:44
Што барааат тука кај нас да слават 100 год. независна БГ мод мотото дека „слават 15 год.„?
Од: Hunza
Датум: 17.12.2008 08:40:05
Zosto Gruevski molci koga Stanisev zboruva za OMO Ilinden? Molci zatoa sto e svesen deka priznal da ne smee da se mesa vo Pirinska Makedonija. Site odnosi (dogovori i slicno) pomegju Republika Makedonija i Bugarija se zaosnovani na Zaednickata deklaracija od 22 fevruari 1999 godina, so koja Bugarija go priznava makedonskiot jazik (za vo RM), a so koja „Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на Република Македониjа.” Vidi http://mk.wikisource.org/wiki/Заедничка_декларациjа_од_22_февруари_1999 Ovaa Deklaracija od 1999 godina e potvrdena s Zaednickiot memorandum podpisan od dvete zemji vo Sofija na 22 januari 2008 godina. Podpisan od vladata na Gruevski taka sto, toa e toa!
Од: miki
Датум: 17.12.2008 08:41:57
KKako taka braka se bunevte koga Gruevski pobara prava za makedoncite vo grcija rekovte deka e protiv nato ievropa deka se masa vo vnatresnite raboti na grcijaa i se i sesto. a sega istiot e on predavnik.Vas ne moze nikoj da vi udolvoli.Ne se dementirajte samite sebes sramota e. pokazete barem mala doza na principielnost
Од: komita
Датум: 17.12.2008 08:46:32
Mnogu ste providni, celta Vi e da se omalovazi i napadne Gruevski , bez razlika dali ima pricina ili ne.Pocituvani na vakov nacin so neargumentirani i od kontekst izvadeni ,,komentari" gubitnici ste Vie i Vasiot cenet vesnik.
Од: Vase
Датум: 17.12.2008 09:33:28
Ah bre Ljupco od Bitola.Ocekuvav da ne se javis ovojpat bidejki stvarno neznaev sto bi mozel da napises.No na gluposta i nema zatvorena vrata.Povtorno ocekuvani ponizuvacki komentari od tebe.Prestani da mu go lizis na Gruevski.Velis:koga go otvoril prasanjeto на нашето малцинство во грција-bil predavnik?!Pa najdobro e toj nisto da ne otvara bidejki sekogas koga ke otvori usta se gubi.Ne znae kutriot nas premier da vrze dve recenici onaka nenapisani od nekogo.A i koga se napisani nekako tesko gi cita.Sram neviden e covekov.A ti si uste pogolema budala bidejki sekoj den uporno go branis.Te zalam coveku!!!!!!!!!!!
Од: ginger
Датум: 17.12.2008 09:53:16
Makedonecu vo EU, ostanav nedokazana na tvojata analogija so drvoto deka ima koren i covekot deka ima poteklo, taa e literarno soodvetna i ubava, no realno covekot ima svest ili pak nema dostoinstvo pa se odrekuva od potekloto ,ete kako pr. ke go navedam vo soglasno so textot bug. premier stanisev. ili pak so toa sto dostoinstvoto nekoj kako tebe, go vrednuva spored materijalnoto bogatstvo sto go imate vie vo EU ,a nie siromasnite i goltarite od FYROM go nemame. neka ti bide ova edna mala zadaca ako se uste ne ti e jasno sto e dostoinstvo a sakas da doznaes kako nie goltarite, sto vo EU ne narekuvate FYROM gledame na nego. otvori recnik i procitaj go znacenjeto na zborot moze togas ke se razbudi tvoeto izgubeno vistinsko i humano dostoinstvo!
Од: Pejo Glupaviot
Датум: 17.12.2008 09:55:50
Gruevski vednas da go nakodosi bugarinot kaj Baroso. I da bara nekolku milijardi evra odsteta za bugarskata okupacija. I da si pobara bugarski pasos.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал