Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

„ОПЕРАЦИЈА ТРИУМФ“

Александар спасен со СМС, но со критики од жирито

Пред истекот на последниот месец од годината, музичкото реално шоу „Операција триумф“ го делат уште три недели до крајот, со што конечно ќе се дознае кој од преостанатите кандидати ќе се стекне со титулата нова балканска ѕвезда.

Од номинираните студенти Никола Сариќ и Вукашин Брајовиќ, помалку гласови доби Никола, со што за него заврши натпреварувачкиот дел од шоуто, но членовите на жирито му предвидоа блескава рок-кариера, форсирајќи ја идејата да го видат како дел од групата што е планирано да се формира понатаму.

Иако според СМС-гласовите фаворит се' уште е Македонецот Александар Белов, тој веројатно ја имаше својата најлоша вечер во реалното шоу.

Најпрво се претстави во дует со босанскиот претставник Аднан Бабаиќ со темата од „Бијело дугме“ - „Има нека тајна веза“, а потоа соло ја изведе песната на легендарниот Тоше Проески „Тајно моја“.

При прогласувањето на резултатите жирито не ги штедеше зборовите на критика за сметка на неговата интерпретација, недостигот од мотивација и она што најмногу изненади - слабата интонација.

Двајцата членови на жирито Исмета Крвавац и Тончи Хулиќ беа согласни дека доколку не беше фаворит, Александар ќе ја добиеше својата прва номинација.

Сакајќи да експериментира, жирито ја повтори уште еднаш номинацијата на трите преостанати девојки во куќата, вклучувајќи го и Вукашин.

На таквата одлука негативно реагираше директорот на Академијата, Саша Драгиќ, кој по трет пат ја спаси Ана Бебиќ од Хрватска, со коментарот дека кога може публиката постојано да гласа за Александар, тогаш Ана оди понатаму.

За промена, студентите од куќата ја спасија Нина Петковиќ, иако се очекуваше таа привилегија да ја добие Соња Бакиќ, која остана номинирана за идната недела, заедно со Вукашин.

Од специјалните гости, присутни беа Каролина Гочева, која настапи во дует со Нина пеејќи ја песната „Мојот свет“, а потоа беше дел од женското трио што ја изведе песната од саундтракот за филмот „Мулен руж“, и Петар Грашо кој заедно со Даниел Павловиќ ја изведе песната „Уторак“, додека со Аднан Бабаиќ - „Веру од сувог злата“. (И.С.)


#
Статијата е прочитана 2248 пати.

Испрати коментар

Од: sotirce od bt
Датум: 17.12.2008 10:05:50
prvo bravo za aleksandar, no ke mu bide tesko ne mi se veruvadeka srbite i hrvatite ke go ostavat da pobedi no sepak toj za nas e sampin i samo napred zato mkedonci glasajte za nego
Од: nepristrasen
Датум: 17.12.2008 11:21:45
Aleksandar imase najlosa vecer, odnosno izbor na pesni - osobeno so Tajno moja. Huljic, a mozebu i Ismeta, imaat svoi favoriti: kvazitenorot so metalen glas-Cukrov i Adnan. Tuka e i nedefiniraniot Danijel. Vo sekoj slucaj ima pad vo kvalitetot na peenjeto na Aleksandar i toa treba direktno da mu se kaze, ako sakame nasiot favorit da odi ponatamu i da se izbori vo ova ex-Yu odmeruvanje na silite (koe prerasnuva i vo animozitet).
Од: muzičar
Датум: 17.12.2008 13:10:33
Aleksandar falširaše i tuka nema što da im se zameri na žirito. Samo edna rabota me čudi, čovek koj znae da pee kako Aleksandar ne e možno da falšira tolku mnogu, pa se prašuvam dali e vo prašanje podvala so "tonot što go dobivaše preku mušicata, odnosno monitorot".
Од: Andrijana
Датум: 17.12.2008 15:21:39
fakt e deka Aleksandar e najuspesen-se snajde vo sekoj zanr.A fakt e i deka zirito ne go saka,si imaat nekoi svoi favoriti.Vo red e da dadat kritika,no ne do tolku da go blamiraat Aleksandar.Navistina bese neprijatno ona stomu go priredija.Iako trebese da e imun na zirito,toj bese izlozen na najmnogu komentari.Nemam zborovi,navistina.
Од: k
Датум: 17.12.2008 15:32:25
Значи и друг приметил дека Александар имаше проблем со неусогласеноста со музичарите,бидејки неколку пати се заврти кон нив да им даде барем некаков знак.
Од: citatel
Датум: 17.12.2008 17:23:39
Bedno sme iskompleksirani i samo gledame dali nekoj ke ne kritikuva i mislime deka e zatoa sto sme makedonci. Koga Tose site go sakaat toa ni se dopaga znaci kvalitetot se pokazuva. Zatoa i sega treba da ne sme pristrasni i da kazeme ako nesto ne bilo dobro. Sekoj ima pravo da ima svoj favorit i tuka nema ljutenje. Nie i na izborot na mis sekogas mislime deka imame majubava devojka no ete ne mrazat drugite. Gluposti i kompleksi

Најди! во Утрински
Забава
Прв солистички концерт и хуманитарни намери
Спор вреден 750 илјади долари