Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Не предавам на Медицинскиот во Тетово

Проф. д-р Дончо Донев, Катедра за социјална медицина

По повод написот со наслов „Скопски професори нагрнаа на тетовскиот Медицински факултет“ од Јасмина Јовановска („Утрински весник“ од 28. 11. 2008 г.), сакам да известам, што се однесува до мене, дека не сум учествувал ниту сум бил вклучен во реализацијата на наставата на Медицинскиот факултет во Тетово.

Според тоа, изјавата од ректорот на Универзитетот во Тетово, Сади Беџети, во врска со лекари - пензионери вклучени во наставата на Медицинскиот факултет во Тетово не се однесува за мене. Изјавата: „Но, има и професори кои предаваат на два факултета, како што е Дончо Донев, а тие доаѓаат за да го пополнат фондот на часови што им недостига“, вели Беџети, не е точна.

Исто така, не сум известен за евентуално доставено барање од Медицинскиот факултет-Тетово до Медицинскиот факултет-Скопје или Ректоратот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое би се однесувало и на мене, а врз основа на „веќе потпишан договор за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како што нагласува ректорот Беџети во наведениот напис.


Статијата е прочитана 272 пати.

Испрати коментар

Од: gimce tetovo
Датум: 17.12.2008 08:21:25
Apsolutno ne e vazno koj kade predava ( izgleda deka e svateno kako predavstvo). Me iznenaduva reakcijata na doticniot profesor ,se pravda kako demek ne e vlezen vo kontaminirana sredina i ne moze negativno da vlijae na svojata "domorodocka sredina." So vakvi percepcii na realnosta tesko mozeme da odime i nadvor od Skopje a kamoli vo Evropa, uste pozalosnoe e deka i natamu mislime deka drugite ni se krivi .
Од: Разочаран граѓанин на РМ
Датум: 17.12.2008 09:11:56
Мислам дека не е фер ова што му го прават на Проф.Дончо Донев. Како е можно тој да не предава на Тетовскиот Универзитет, кога уште само таму остана каде што нема тезга, знаејќи дека веќе предава на Медицински Факултет - Скопје, Високата медицинска школа - Штип, и на Европскиот Универзитет - Скопје. Навистина не е фер и го молам Ректорот Беџети уште денес да го повика и да го вклучи во наставниот процес на веќе почитуваниот Тетовски Универзитет.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Пешаците жртва на сообраќајниот хаос