Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ЛИЧНОСТ

Џорџ Буш

Поентираше токму во последните денови од својот втор мандат како најмоќна личност на планетата. Поподвижен отколку што тоа му го дозволуваат годините (62) кога со пар чевли го гаѓаше ирачки новинар, и со саркастичниот коментар „се' што можам да кажам е дека беа број 10“, Џорџ Буш има шанси да стане повеќе од личност на денот и многу веројатно „личност на 2008“. Намерата на ирачкиот новинар да го навреди се покажа како контрапродуктивна, а јавното мислење во САД, но и во светот се сврте за 180 степени во корист на претседателот, неомилен поради неговата политика, исмејуван поради гафовите исто колку и поради полусмешните или неумесни шеги.

Џорџ Буш овој пат ги пронајде вистинските зборови... Во еден поширок контекст, мирното продолжување на прес-конференцијата со ирачкиот премиер Нури Ал Малики можеби е најдобар доказ за конзистентната политика на американскиот претседател, кој ја иницираше интервенцијата за соборување на Садам Хусеин и кој упорно верува во идејата за демократизација на Ирак. Иако таму се војува пет години откако Џорџ Буш прогласи победа и иако таа војна како и претходната во Авганистан, која стартуваше по нападот на кулите „Близначки“, во голема мера ги „истопија“ симпатиите на Американците спрема Буш јуниор. (Д.Ч.)


Статијата е прочитана 493 пати.

Испрати коментар

Од: Dr Stojadin B.Naumovski-Coci / MANU-Detroit
Датум: 17.12.2008 00:44:04
Konecno eden vesnik od Makedonija so tekst sto na soodveten nacin go opisa nastanot od Irak vo koj sto novinarot gi frli voite cevli kon Pretsedatelot Bush. Kako i Papata Jovan Pavle III, i Bush najde doblest so prostuvacki ton da ja smiri rabotata.
Од: makedonec
Датум: 17.12.2008 01:36:29
Novinarot koj frli cevli vrz predsedatelot na Amerika ako ostane ziv nikogas vo zivotot nema da obue cevli ....sega e vo racete na Irackite vlasti i crno mu se pisuva......a toa deka mnogumina go okarakteriziraa toj cin kako ''hrabrost''...jas poveke bi rekol ''rani kuce da te lae''.....da ne bese Bush novinarot ke jadese 100 stapa po tabani od Husein .....no toa ti e neblagodaren narod na niv nikoj ne im e dobar nitu Husein nitu Bush ..site gi mrazat site se losi samo tie se dobrite...me potsekaat na eden drug narod samo neznam na koj...........ne mi teknuva!
Од: Osman beg
Датум: 17.12.2008 09:49:35
Makedonce pak ti so frustruacii, kucinja se tokmu amerikanci koj go okupiraa celiot islamski svet.Neka donesat demokratija vo USA' grcka francija. Sega ke ve prasam nesto ako iracanite poveketo se terorirsti sto bile togas Goce Delcev, Pitu GULi i itn (teroristi ili revolucioneri) ili pak i iracanite se revolucioneri i toa hrabri. Molam za pameten odgovor.
Од: Бастион
Датум: 17.12.2008 09:49:53
Голема благодарност до Џорџ Буш за се што стори за Република Македонија.Да се надеваме дека и новата администрација на САД,на чело со Барак Обама,ќе ја продолжи политиката на Бушовата администрација,во однос кој Македонија.Но да бидиме реални.Буш кон крајот на неговиот мандат,беше се помалце и помалце почитуван,од светската јавност.Не беше омразена личност,само во Ирак,Иран,Северна Кореја,итн,Буш го мразеа и презираа и граѓаните на САД.Од најсилна економија на светот,создаде апатична држава,која трошејки безброј непотребни милијарди долари,стана земја во рецесија,и земја со огромен број на економско-финансиски проблеми.Ирак од мирна и социјално стабилна држава,направи легло на тероризмот,ужасот и хоророт.Демек имало оружје за масовно уништување.На крајот се докажа дека војската на САД,е оружје за масовно уништување на Ирачкиот народ.Потегот на новинарот,и неговиот чевел,за брзо ке станат синоним за револуционерната и непокорлива борба на Ирачкиот народ,против окупаторот САД.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
ОМО „Илинден“-ПИРИН го прозва Станишев
Зелени рецепти
Verbatim
Чешка го враќа Западен Балкан на агендата