Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Карамазови“ на Петар Зеленка вечерва на „Синедејс“


Кадар од филмот „Карамазови“

Вечерва, во рамките на фестивалот „Синедејс“, во 17 часот, во киното „Фросина“ во рамките на програмата „Балкан линк“ ќе биде прикажан хрватскиот филм „Позади стаклото“. Во 18 часот, во киното „Милениум“ следи гала премиерата на филмот во италијанско-француска копродукција „Божествени“ на Паоло Сорентино посветен на „вечниот“ италијански премиер Џулио Андреоти, кој беше еден од номинираните филмови за најдобар европски филм оваа година. Во 19 часот, во киното „Фросина“, како дел од главната програма ќе биде прикажан турскиот филм „Летна книга“, драма фокусирана врз семејните проблеми настанати по болеста на амбициозниот земјоделски трговец. Во 20.30 часот, во киното „Милениум“, во рамките на ревијата на холандски филмови најнапред ќе биде прикажан краткометражниот филм „Губење трага“, по што следи проекцијата на филмот „Душка“. Во 21.30 часот , во киното „Фросина“, во делот на главната програма ќе биде прикажан чешкиот филм „Карамазови“ во режија на Петар Зеленка. Станува збор за филм во кој на еден несекојдневен начин се испреплетува класичното драмско дејствие на „Карамазови“ од Достоевски додека група актери држат проба на претставата во еден руиниран погон за челик и преживувањето на трагедија на загинувањето на еден од работниците кои за целото време работат во истиот тој погон. (Л.М.)


Статијата е прочитана 69 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Денови на македонскиот етнолошки филм
Цревоугодноста е контрапродуктивна за креативниот чин
Македонската филхармонија ќе свири премиерни дела
Платените убијци се неодолив магнет за публиката
Премиера на куклената претстава „Девојчето со кибритчиња“
Во Кинотека филмот „Ангели на отпад“
„Тито без маска“ продадена во илјада примероци
Промоција во Институтот за македонски јазик