Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Чешка го враќа Западен Балкан на агендата

Чесите сакаат да им ги укинат визите на сите граѓани на Западен Балкан

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Чешка тргна по стапките на Словенија во промоцијата на интересите на Западен Балкан, најавувајќи дека ќе работи на укинување на визниот режим и на враќање на проширувањето на агендата на ЕУ, место фиктивните чекори напред. Чешката амбасадорка во Брисел вчера ја презентираше програмата на оваа земја откако ќе застане на чело на Европската унија од идниот месец, во која се најавува евробалкански самит по примерот на тој што се одржа 2000 во Загреб и конференција за проширувањето која се планира за март идната година.

„Западен Балкан е клучен регион за мирот и стабилноста на Европа“, изјави амбасадорката Милена Виценова, според која односите на ЕУ со Западен Балкан ќе бидат една од главните теми и на неформалниот министерски состанок, популарно наречен Гимних, кој исто така ќе се одржи во март во Чешка.

Чесите сакаат на сите граѓани на Западен Балкан да им ги укинат визите и да отворат повеќе можности за младите да студираат низ Европа, односно надвор од своите држави. Мотото на чешкото претседателство е токму со таа инспирација, односно „Европа без граници“, но прашање е колку Прага ќе има политичка тежина да исфорсира одредени одлуки, освен што ќе ја диктира агендата наредните шест месеци.

Првите сопки се видоа уште вчера кога, најавувајќи го прогресот во евроинтеграцијата на Македонија, Виценова порача дека сето тоа ќе зависи од решавањето на спорот околу името на државата со Грција. Истата порака таа ја испрати и на адреса на Хрватска, и покрај очигледните напори на официјален Париз да издејствува заедничка изјава од Загреб и од Љубљана дека преговорите со ЕУ не прејудицираат решение за границата, нешто што двете страни би требало да го решаваат билатерално и надвор од ЕУ- рамката, а како најважно, без можност тоа да се искористи како причина за вето на преговорите на Хрватска. „Постои регион што чека проширување. Тоа е Западен Балкан. Сметаме дека поради блискоста од австроунгарското минато, тоа е регион кој е клучен за стабилноста и мирот на Европа“, изјави Виценова.

Ставањето на Балканот олку високо на агендата беше примено со изненадување во Брисел, кој оди со големи чекори напред во менаџирањето на климата, се соочува со сериозни предизвици од финансиската, економска и енергетска криза и ги поставува на нова основа односите со САД и со Русија. Приоритетите на Брисел ретко се совпаѓаат сосема со тие на претседавачите, а Западен Балкан одамна не е меѓу нив.

Прага е под голем притисок да демонстрира способност да претседава со Унијата, а најголем проблем на чешката влада е претседателот на државата Вацлав Клаус, кој не само што не и' помага туку и води контра политика на интересите на Брисел, па го урива кредибилитетот на земјата околу оваа задача.

Амбасадорката вчера изјави дека претседателствувањето е во рацете на владата, а претседателот има демократско право слободно да го изразува своето мислење. Чешка е и една од неколкуте земји што се' уште не ја завршила ратификацијата на Лисабонскиот договор, иако неодамна Уставниот суд даде зелено светло дека за него нема законски пречки во чешките закони.


Статијата е прочитана 1468 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 17.12.2008 00:27:44
Ceska ne e nikakov politicki, a uste pomalku ekonomski, faktor vo EU. Nejzinoto pretsedavanje nema tezina vo donesuvanjeto odluki, no zemjite sto imaat sposobni vladi, mozat da go iskoristat toj period za lobiranje. Steta sto Makedonija vo momentov ne e edna od tie zemji.
Од: do makedonec vo eu
Датум: 17.12.2008 03:30:14
prav si druze, ama zasto e taka znaes li? tuzba protiv radmila pa pupu ne vazi, tuzba protiv frchko, tuzba protiv trichkovski, tuzba za buchko, za stamboliski, za nvinari, tuzba vo hag - mnogu merak imaat na tuzbi ovie, ne za lobiranje. otkako ja fuknaa tuzbata u hag i go videl milosevski, i sluhnal da odi negde nadvor da lobira nekoj. e pa ne se lobira preku samoil malcevski, protesti i tuzbi i kavgi so cel svet. ni go unistija i ona troshka dostoinstvo sto go imavme. da ti e sram da izlezes nadvor od rm, site te gledaat ko hunza
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 17.12.2008 08:25:56
Чешка не е некоја величина во ЕУ,но со самото нејзино со ставаење на високо место на Балканот во нејзините преоритети за време председателствувањето -таа веќе е величина за нас Балканците-оти и Европа без Балканот,не е Европа во прав смисол-тука се кроела војната и мирот низ вековите.
Од: meto
Датум: 17.12.2008 09:33:41
Во дадената ситуација нам најмалку ни е потребно да расправаме за тоа колкав е креибилитетот на Чешка во ЕУ.Битно е дека и Чешка и Словачка без проблем станаа членки на ЕУ како стари европски држави со државно педигре.Ако оваа „наша мудра„власт е способна треба да ја искористи иницијативата наЧешка зада им обезбеди мал просперитите на граганите на РМ,а претежно на младите.Македонија и Чешка уште од бившото соц,време имаат воспоставено добри односи како дипломатски така и стопански,па оттаму понудата што ја нуди Чешка сега треба да ја дипломатски материјализираме.Надворешната политика и амбасадите мора да си ја вршат работата.Со дефанзивна,фразеолошка и инаетџиска .дипломатија нема успех
Од: zelezara
Датум: 17.12.2008 10:17:12
Samo Makedonija od Zapaden Balkan ne zasluzuva da se ukinat vizite.Zosto?Pa neli evropa ne ne saka,ne ni trebalo EU,ne ni trbalo NATO sme mozele sami da ziveeme .Epa ako e taka onda sto barame da odime kaj tie sto ne ne sakaat i sto se protiv nas?Ke si ziveeme tuka super ni e,izolirani od cel svet.Kako ne vi e jasno deka Makedonija e slepo crevo na evropa
Од: со бугарски пасош
Датум: 17.12.2008 10:26:00
Не се радувајте пред време.Иницијативата не се однесува на Македонија туку пред се за Црна Гора, Србија и Албанија.Ние шансите кои ни ги даде ЕУ успешно ги пропуштивме и постојано упорно работиме на тоа.
Од: eu
Датум: 17.12.2008 12:11:40
tie makedomci od eu sto velat ceska nee nikakov faktor vceradojdeni se tuka ili nese intelektualci vrska nemat od ovie raboti,vo eu site se ramnovravni i onie koi rakovodat 6meseci mozat dr mr da napravat,ceska e nas slovenski narod i zatoa lobira za zap.balkan.Grcija e najdobar primer deka vo eu site se ednakvi zosto se pocituva nivnoto veto?vo eu nema pritisok dekokrartija e na vrvno mesto vprocem i grujo izvonredno sorabotuva so eu se prifaca da napravi promeni sto ne bilo slucaj 18god so prethodnicite.....
Од: Mariovec
Датум: 17.12.2008 13:03:55
Ti so blgarski pasosh shtote glava boli dali inicijativata se odnesuva na Makedonia ili ne koga ti si obezbeden si imash balgarski pasosh pa lesno mozesh svetot da go vrtesh koga sakash no nemoj da zaboravish svetot bara kako gi vikate onija knigite so mnogu boij?Evra batka EVRA ako gi nemash tie blgarskiot pasosh mozesh da sigo stavish znaesh kade.
Од: someone
Датум: 17.12.2008 14:21:25
"mariovec" i slicni...pa nemojte taka luge...zosto secij komentar go zemate licno? Temata sto se komentira ne e koj ima bugarski pasos ili ne, tuku podrskata od Ceska za Zapaden Balkan. sekoj ima pravo da komentira, bilo Makedoniec, albanec, od EU od Afrika, so Bugarski bez Bugarski pasos..sekoj sto saka da kaze nesto vo vrska so temata. Inaku se soglasuvam so "Meto"

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
ОМО „Илинден“-ПИРИН го прозва Станишев
Зелени рецепти
Verbatim
Џорџ Буш