Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ПЕЛАГОНИЈА

Прилепските сарми во битка за Гинис

Градските власти аплицираа во Лондон и тврдат дека ги исполнуваат сите услови

Моника Талеска

ПРИЛЕП - На верскиот празник Свети Никола, в петок, Прилеп ќе се бори да го освои Гинисовиот рекорд, со традиционалниот специјалитет посни сарми. Ова јадење ќе биде сервирано на свечената трпеза за градската слава во центарот на градот.

Сто и дваесет домаќинки за два дена употребија 800 зелки и 60 килограми ориз од кои направија 80.000 традиционални посни сарми.

Светиноколската прилепска сарма има посебен вкус и убавина зашто домаќинките ја приготвуваат според строги правила.

„Најпрвин се сечат листовите од зелка со димензија 10 на 10 мм, потоа се подготвува оризот и во секој лист се ставаат едвај по десетина зрнца ориз. Кога ќе се нареди во тенџериња, подготвена за варење, сармата личи повеќе на мозаик, но тоа е убавината. Сармата крчка неколку часа и не смее да врие за да останат цели сармички. Се ставаат и некои зачини кои се тајна. Посните сарми имаат неверојатен вкус, бидејќи се подготуваат за верскиот празник со многу љубов од домаќинките“, објаснуваат жените од три прилепски здруженија кои, за да го освојат овој Гинисов рекорд, работеа неуморно повеќе од 16 часа.

А сармите се вареа на четири локации: во кујните на старскиот и на ученичкиот дом, во градинка и во фабриката за преработка на зеленчук и печурки.

Традиционалниот специјалитет ќе биде изложен пред будното око на судиите од Гинисовите рекорди. Градските власти навреме аплицираа во Лондон. Тврдат дека ги исполнуваат сите услови.

„Се' е во ред, останува уште судијата да дојде в петок и да се увери дека прилепските домаќинки можат да го соборат последниот Гинисов рекорд, кога во Нови Сад биле приготвени 6.800 парчиња посни сарми. Покрај тоа, почитувајќи ги упатствата избравме и двајца судии од Прилеп. Претседателот на Основниот суд, Љубен Биноски, и продеканот за настава на Универзитетот ’Свети Климент Охридски‘ од Битола, Сашо Атанасоски, ќе ја следат целата постапка и заедно со судијата од Гинисовите рекорди ќе одлучуваат“, најави Ане Лашкоска, шеф на кабинетот на градоначалникот Марјан Ристески. Тој, пак, цврсто е убеден дека рекордот ќе биде постигнат. „За кусо време преку медиумите светот ќе чуе и за Прилеп и за Македонија“ .

На неколку места во градот, во огромни казани ќе се варат и над 200 килограми светиниколски густ грав.

На свечената трпеза, чиј домаќин годинава ќе биде министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ќе бидат сервирани и педесетина килограми риба. Прославата ќе се залие со вино к��е ќе се точи од многу буриња. Сите кои ќе го сервираат светиниколскиот ручек ќе бидат свечено облечени, готвачите во соодветна убава облека, а девојките во народна носија. Неколку културно-уметнички друштва ќе ја надополнат свечената атмосфера.

Граѓаните веќе се нетрпеливи за да уживаат во ова несекојдневно чествување на празникот, кој на илјадници семејства им е домашна слава.

За гурманите е организиран натпревар во јадење посна сарма. Локалната самоуправа за најдобрите подготви награди.

Инаку, ова е трета година откако Прилеп го чествува верскиот празник Свети Никола. Во центарот на градот е изграден мал параклис во чест на светецот каде што се одржува свечената литургија. Секоја година чествувањето е се' побогато. Прилепската пиварница веќе го резервира кумството за следното чествување в година.

 


Статијата е прочитана 389 пати.

Испрати коментар

Од: selo gori baba se cheshla
Датум: 17.12.2008 00:18:38
ovoj gradonacalnikot na pp mnogu saka da se istakne , da bide sakan i popularen kako zaev. ama dodeka zaev gradi trgoski, fontani, patista, vodovod i dava nedelen otcet pred graganite svoi pravejki go strumica evropski grad, prilepchanecov sarmi vitka. pa za toa te biva. golema e razlikata megu vmro i sdsm, otsekogas bila i ke bide. kaj sdsm nema nieden prostak od tipot na nikolovski bicikliski pljukaci na saat. so sarmi vo evropa aj teraj i tuka nekoja parichka se poarcila
Од: prilepcanka
Датум: 17.12.2008 01:11:37
replika na prethodniot citac prilepskiot gradonacalnik dosega se pokaza kako najaren za gradot gi asfaltira site ulici napravi rek. na vodovodot i go uredi centarot na pp.i dava golem pridones za razvoj na kulturata vo gradot za razlika od prethodniot od sdsm koj koga zaginaa rezervistite na karpalak so prst nemrdna i ne se vrati od grcija kade bese na odmor da im dade poslednaa pocit
Од: Pero propelero
Датум: 17.12.2008 01:13:13
Bas selo gori baba se cesla! Malce mi e strav da ne se vklucat vo bitkata i drugi nacii, koi nikogas ne ni sonuvale sto se toa posni sarmicki. Moze nekoj i kje ni ja zeme tutulata za posni sarmicki, ama titulata za izmisluvanje gluposti vo stilot "trla-baba-lan-da-joj-progje-dan", nikoj ne moze da ni ja zeme. Osven mozebi srbite....
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 17.12.2008 06:00:13
Прилепчани како:„нема оџа работа си ја витка чалмата„! ? крсте поп/стефанија
Од: Violeta
Датум: 17.12.2008 08:17:18
Abe aj se razbiram ama sto sarma ke e toa ako e listot 10mm so 10mm (ustvari santim na santim) aj nekoj neka objasni kako ke se napravi taa sarma. Da ne e slucajno 10cm na 10cm toa veke ima nekoja logika
Од: Мислител
Датум: 17.12.2008 08:46:53
Леле како се дезорјентирани СДСМ во Прилеп. Не знаат што да направат, а Маријан ги тепа на секое поле. Тие се уште не можат да ја сватат силата на маркетингот и неговите можности, како овие во Прилеп така и целото раководство на СДСМ. Тоа е затоа што во нивните редови немаат маркетинг менаџери, и само кукаат по телевизиите дека имало многу реклами од кои губеле, а не преземаат конкретна маркетинг кампања, и не креираат стратегија за ублажување на ударите од силните маркетинг активности на власта. Тоа е зошто во СДСМ на видни позици се машинисти, енергетичари, доктори, правници .... Маркетинг менаџерите ги нема никаде, е затоа ќе губат ....
Од: Бастион
Датум: 17.12.2008 09:35:18
Една од ретките работи која што ке остани запаметена како позитивна во 4 годишното владеење на прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.Ова е голем ден за сите нас,Св. Никола е заштитник на морепловците,на град Прилеп и на илијадници прилепски семејства(семејна слава). Нека ни е за многу години.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Син го убил татка си со секира
Зимата од Европа ќе дојде и кај нас наредните денови
Зденко
Претходен број
Каде беше премиерот Груевски
Следната 2009 ќе биде тешка година
Зелени рецепти
Десет милиони долари за чевелот фрлен кон Буш
Вербатим
Владата подготвува нови реклами
ЕЛЕМ пак ќе купува струја за не дај боже
Политиката и затворите
ОМО „Илинден“-ПИРИН го прозва Станишев
Чешка го враќа Западен Балкан на агендата
Карикатура