Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Пешаците жртва на сообраќајниот хаос

Александар Тасевски, Скопје

Сообраќајниот хаос во Скопје е реалност со која се согласуваат најголемиот број граѓани, како за ниедна друга вистина.

И покрај вака единствениот став на граѓаните, загрижувачка е маргинализацијата на овој проблем и индиферентноста на надлежните служби на сите нивоа, кои ништо не преземаат да се ублажи овој хаос, во подносливи граници. Верувам дека Скопје не е град со најмалку улици и тротоари и со најмногу возила по жител за да се создаде ваков хаос, што значи проблемот не е само во недостаток во инфраструктурата, туку и во одржување ред и дисциплина во сообраќајот и почитување на урбанистичките прописи за градба за обезбедување минимум паркинг-места.

За изградба на нови улици, паркинзи, тротоари, велосипедски патеки, не би коментирал зашто надлежните имаат дежурен одговор - нема пари. А имаат пари за доградба на стадион, кој и без тоа е сенишно празен, едно чудо музеи, рекламирање, кампањска изградба на споменици, „Влајко“, пешачкиот мост кај Лепенец и многу што друго.

Веројатно сите ќе се согласат дека во тесен простор во кој владее неред, движењето и работењето во него ќе биде отежнато или оневозможено, за разлика кога истиот тој простор би бил среден според потребите за кои е наменет. Поради тоа, апелирам до сите служби што се задолжени за користење на јавниот простор и за регулирање на сообраќајот да излезат во градот, да создадат ред и да го олеснат и да го обезбедат движењето на сите учесници во сообраќајот. Поради ваквата состојба, сега се случуваат бројни несреќи, често со жртви и големи материјални штети, стресни ситуации, кавги меѓу граѓаните кои завршуваат со навреди, тепачки, па и убиства. Во сите вакви случаи вината е исклучиво на учесниците, а никогаш на оние што се задолжени да воспостават ред и да ги заштитат граѓаните од прекршителите на редот и прописите. Како проблем број еден, кој итно треба да се реши, е одвојување на пешаците и велосипедистите од моторниот сообраќај. Сега сите тротоари се претворени во паркинзи, а пошироките и како сервисни улици. Возилата се оставаат буквално насекаде, без каков било ред – хаотично, заземајќи многу повеќе од потребниот простор, така што пешаците мора да ги заобиколуваат во колона по еден, одејќи по коловози. На сите тротоари мора без исклучок прво да се обезбеди минимум простор за пешаци, а остатокот за возилата.

Да се обележат со хоризонтална и со вертикална сигнализација местото и начинот на дозволеното паркирање, со строга контрола за нивно почитување.

Сите, или речиси сите, локални улици во центарот, па и пошироко да се пренаменат во еднонасочни, со што би се создале услови за паркирање на коловоз и ослободиле тротоарите за вистинската намена. Еднонасочниот сообраќај мора да биде строго почитуван.

Истото тоа се случува и со узурпацијата на тротоарите и пешачките зони со кафеани, излагање на различни производи од дуќанџиите, рекламни паноа, со амин или без знаење и контрола на општините и на Градот. Има случаи на узурпирање на 100 отсто од вкупната ширина на тротоарите.


Статијата е прочитана 139 пати.

Испрати коментар

Од: Пешак
Датум: 17.12.2008 08:01:03
Во потполност се сложувам со изнесените забелешки во текстов. Ова е очајночи врисок за подобрување на елементарното движење на велосипедистите и пешаците во градот, нај обесправената група на учесници во сообеаќајот. Дали овој врисок ќе допре до вистинското место е прашање на сензибилноста на слушните органи на одговорните лица. За жал, тие се глуви, или се наглуви, или така им чини, или премногу гледаат реклами платени од владата, па од што им е убаво, не забележуваат дека е очајно! .
Од: Стојан
Датум: 17.12.2008 08:22:04
Тоа ќе биде така се додека Скопските (и другите) полицајци ништо не работат. Седат во удобните “Крајслери“ проваѓаат насекаде а никаде не реагираат. Срамота невидена, дури, доведена до апсурд и глупост. Да работиш нешто а истото да не го гледаш? Секаде хаос. Паркирани коли по тревници, на улица, паркирани контејнери за ѓубре на коловозите ленти и слично. Каде се да се сетат дека треба истите да се стават во направени “џепови“ . Зар за ова треба мозок, физибилити студија, елаборат, теренско снимање? Казнуваат ако некој старец плукне. Плукната работа. На тие луге треба да им се намали платата и избркаат.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Не предавам на Медицинскиот во Тетово